Мислам дека не се 3 часа неделно, туку по 2 ама не сум сигурна. Само филозофија од тие во една година што се може да се полага, еве јас слушав економија 3 пати неделно па не можев да полагам.
До другиот понеделник треба да кажеме КОНЕЧНО. И веќе почнавме кај некој од професорите со пријавување.... Антолина ќе може да ми го пуштиш конкурсот. На кој конкурс мислиш ? Колку што те разбрав од интерните можам да земам меѓу физика,информатика или странски јазик и ЕДЕН КОЈ САКАМ ЈАС ? Или грешно разбрав ?
Два предмети од природно-математичката област треба, а доколку си избрала математика екстерен, тогаш можеш и странски јазик да го земиш интерен, пошто имаш за избор екстерен меѓу математика и странски јазик. Од уким не можам да му ја најдам листата, но еве на укло види и таму имаат технички (електротехника). И да програмски си е посебен предмет од информатика. Плавуша.17, не се учат по два туку по 3 часа, сите изборни од ПМА се изучуваат со по три часа неделно .. а инаку зошто не ми можело тие, а филозофија можи, дека се изборни или .. ? Кај нас очигледно ништо салам ни немаат пренесено .. Едит: danniela5 еве ти за уким .. и да можи еден кој сакаш
Може да се полагаат предмети што се учат најмалку една година со три часа неделно или барем две години со по два часа неделно. Така да Филозофија може да се полага, затоа што е редовен и се уче една година со по три часа неделно ( во гимназија ). А кај природно математичко А, сите изборни предмети се учат по една година и со три часа неделно, па сакав да прашам дали може да се полага некој од тие предмети, затоа што се изборни.
^Тоа зборам, не може ете пишав пример јас економија слушав 3 пати неделно па не можеше да се полага, тоа само филозофија што е задолжителен и зошто книгата е 400-500 страни
Можат да се полагаат сите предмети без разлика што се изборни ако се слушани и една година, ама под услов 3 часа да се слушани во неделата, инаку не. Тие што се по два часа, а една година не може, а по два часа три години може.
сакав да ве прашам за проектната задача, колку таа влијае на уписот на факултет и на поените? ако пример одберам некој предмет за проектна задача што нема врска со факултетот на кој ќе се запишам, колку тоа ќе влијае? или пак важна е само оцената што ќе ја добиеме, без разлика на предметот? затоа што јас сеуште не сум одлучена за факултет, а сега треба да одбереме проектна...
Ако го имате слушано бар две години, може да го земете за изборен предметот. Од тие во една, само филозофија е зашто е задолжителен за сите, така е. Проектната со 11 и 12 бода е 5ка, а на факултет ти носи 4 поени. Мислам дека нема врска темата, ама пожелно е да се избере тема во врска со факултетот зошто може факултетот ќе си бара после соодветна тема, иако мали се шансите за тоа.
Мислам дека може, зашто многумина знам дека земаат филозофија, а се слуша само во 4та, три часа неделно.
Не може, сите што беа математичко земаа информатика, физика или филозофија за на техничките факултети.
за да полагаш предмет интерно треба да си го слушал најмалку 2 години, или пак 1 година со три часа неделно, но не може да биде изборен предмет. значи можеш да ги полагаш оние предмети кои си ги учел 1 година со 3 часа неделно, но под услов да не се изборни.
Ќе може ли некој да ми каже кои предмети би требало да ги полагам за матура за факултетот за арт и дизајн ? ве молам за помош,неможам да најдам на страната (или можеби не пишува.. )
http://www.fakulteti.mk/Documents/Upisi ... 2-2013.pdf побарај тука, на крајот има за сите факултети кои предмети би требало да се полагаат
Може ли некој да ми каже кои предмети се потребни да се полагаат на матура за факултетот - психологија? А кои за факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер? Неможев да најдам :/
Филозофски факултет отсег Психологија ЕКСТЕРЕН ИЗБОРЕН ПРЕДМЕТ: за кандидатите од гимназија и од средно стручно образование: математика (основно ниво) странски јазик за кандидатите од средно уметничко образование: странски јазик естетика или филозофија ИНТЕРНИ ПРЕДМЕТИ за гимназија се избираат два предмета од: биологија, математика (основно ниво), филозофија, социологија, информатика или од листата на понудените интерни предмети по избор на кандидатите за средно стручно образование: математика (основно ниво), странски јазик, биологија, историја, информатика или бизнис еден стручен предмет според образовниот профил на кандидатот за средно уметничко образование: два стручни предмета според образовниот профил на кандидатот Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер ЕКСТЕРЕН ИЗБОРЕН ПРЕДМЕТ: за кандидатите од гимназија и од средно стручно образование: математика (основно ниво), математика (напредно ниво) или странски јазик за кандидатите од средно уметничко образование: странски јазик, естетика или филозофија ИНТЕРНИ ПРЕДМЕТИ: за гимназија: два предмета од листата со општообразовни предмети по избор на кандидатите за средно стручно образование еден предмет од листата со општообразовни предмети по избор на кандидатите еден стручен предмет според образовниот профил на кандидатот за средно уметничко образование: два стручни предмети според образовниот профил на кандидатот
^^^^ Побарај негде тука, би требало да има http://www.pf.ukim.edu.mk/DesktopDefaul ... &tabid=866 И за сите останати идни студенти, побарајте само на гугл за идниот факлутет и почачкајте малце за кои ви се потребни предмети
Ако си економско-правно училиште земи си право и историја ама битно имај си право а ако си гимназија другарка зема филозофија и социлогија па ја примија