луѓе,сакам да се запишам на медицински факултет, дали можам да земам проектна задача физика и со некоја тема поврзана со медицина, или подобро би било да земам биологија? И дали имате некаква идеја за тема поврзана со физика и медицина?
Нема никаква врска проектната задача, само оцената влијае, а тоа дали ќе земеш географија, математика или физика, нема никаква врска. Она што ти е најлесно, тоа да си го земеш. А за темата, треба да се консултираш со професорот што ќе го избереш како ментор.
Луѓе да не има некои информации во врска со матура кај вас? Кај нас нешто збрки испонастанаа. Најпрво ни кажаа бирајте овие предмети за проектна, после друго, па сега трето. Ги ставија децата во двоумење. Како што ми се гледа 80% а може и повеќе ќе изберат завршен испит. Никој нема да иде на државна матура.
Здравоо .. сакам да прашам дали се знае отприлика оваа година која ќе биде темата за матура поточно на кој период припаѓа ??? )) поздравв
Сакам само да им порачам на сите матуранти да си останат присебни, затоа што државната матура не е толку страшна како што ја претставуваат. Кога ќе ми текне во кои трансови паѓавме ние пред неколку месеци и за што, сега се газам од смеење. Ќе ви биде баш како на тест. Ви стискам палци.
^Секако, добар совет им даде, потполно се согласувам. Значи не се притресувајте многу, ќе научите ако сакате да не ве гризе совеста дали ќе положите инаку не е ништо страшно или тешко, напротив многу лесно се поминува треба само концентрација и основно знаење. Сигурно темава ќе почне да се пишува поинтензивно крајот на Мај додека не дојде полагањето, ќе има еуфорија во темава баш како што имаше кога ние полагавме.
ох.. кога ја видов книгата "За матуранти" свест ми се сврте, ама добро па таму има се.. стварно незнам како ке биде и знам дека после ке се смеееме ама сега е тешкото.. Па што да учам, па како, па зошто..
Нека не те плаши големината на книгата Голем дел т.е крајните страни има раскажувани дела т.е сите поглавни дела кои можат да ви се паднат, па така да, ако ги имаш читано да се потсетиш и ако ги немаш читано да го научиш поглавното за што се работи.
И тоа нека не те плаши, од граматиката поосновните работи се паѓаат, а тоа што го има во книгата го учиме 4ри години во средно, а има и работи што се учени во основно, има за употреба на голема буква на пример што се учи од основно.
Овде имаш скоро се мислам, а книгата не може да се симне, мора да се купи или исфотокопира од готова. http://makedonskijazikiliteratura.blogspot.com/
40% Од полагањето зависи дали ќе ти се падне добар професор што ќе те чува , мене на пример не учев многу Македонски тоа лектирите и чудата .... ама на моја среќа ми се падна добар професор , и си препишувавме кажувавме све... и си положив со 4 Од друга страна на другар му се паднал Ѓавол и неможел ништо да препише едвај со 2ка положил ... а уписи за факултет зависи , јас бев на државен примен и тоа без некој напор , ама како за кого ....
Дечки, само опуштено. Не е ништо страшно, ќе видите кога ќе полагате. Имате време, фатете ги книгите од порано, да не ве фати паника пред крајот дека немате време, и "на коњ сте".. Нема да имате гајле А за уписи, зависи од заинтересираноста за факултетот годината. Прашање на среќа е
ова за македонски, за книгите и делата ќе ни дадат само еден период и треба да ги знаеме само делата од тој период, така? јас така слушнав колку е точно незнам затоа да си прашам и кога ќе ни го кажат тоа отприлика?
Делата да си ги знајте сите до едно, без разлика на период, а ќе ви кажат период за есејот што ќе го пишувате..
Јас одбрав информатика, па баш денес разговарав со професорот што бараат. Ми каа Ворд, Ексел, Пауер Поинт и Корел ги барале практично, а теорија неколку(20-30) прашања кои би ги одговориле од општа инфоматичка култура.