ајде ајде почнавме матурантите да напаѓаме туку друго ми беше прашањето. Дали има некоја што планира да оди на Филолошки-Англиски јазик па да ми каже што предмети избрала за полагање?
Изборни предмети Ме интересира за матура покрај македонски и англиски кои се задолжителни уште колку предмети се полагаат?? И дали тие предмети сами ги бираме или?
Изборни предмети Уште 2 се полагаат, сами ги бирате. Ако си во стручно, се одбира еден стручен, еден општообразовен.
^^ македонски е задолжително, после можиш да бираш меѓу англиски/германски/француски (зависи кој го учиш)/математика и имаше уште некои за уметничките средни. тоа ти е екстерно после избираме уште 2 интерни предмети, тие мора да си ги учела 2 години, или 1 година по 3 часа неделно под услов да не се изборни предмети.. (пример филозофија можеш да полагаш- во гимназија се учи во 4та година, 3 часа неделно) а ако на пример сакаш да се запишеш на факултет негде во странство, има некој факултети кои бараат повеќе од 2 интерни предмети, тогаш за тоа треба да се договориш со училиштето. и покрај ова треба да браниш и проектна задача по било кој предмет.
да можи, можи да биди од било кој предмет, за проектната нема врска колку време си го учел предметот.. можи и изборен да биди.
Е дечки, за факултет ми треба филозофија да полагам матура, арно ама до сеа кец имам таква смотана професорка ми се падна катастрофа значи Има врска нешо полагањето со кецов? Најверојатно и на полугодие кец ќе ми остане.. Се мислам дали да го пишам во пријавата за полагање матура...
^Задолжителен филозофија ти се бара? Мислам дека нема врска што оцена имаш, само гледај на крај да не ти квари просек..
Па да.. или филозофија или социологија. А социологија неможам да полагам бидејќи само една година имам учено.. Абе добро, јас следно полугодие ќе си поправам тоа сигурно.. Ама викам да не има врска нешо оцената со полагањето
Има ли некој овде што полагал екстерно математика (основно ниво) и ако има го замолувам да ми каже се во врска со полагањето. Благодарам
Тоа зависи од гимназија до гимназија, на пример јас мислам дека имав 60 или 80 на филозофија и повеќе од 80 мислам дека не би смеело да има според времетраењето на полагање.
Мислам битно е да знаеш дека не смееш да употребуваш калкулатор и нормално се се пишува со пенкало освен графиците и цртежите. Првиот дел ти се задачи со заокружување со по еден поен, а останатите во зависност од тежината до 4 Можеш да си ги разгледаш тестовите од претходните години тука
Не знам дали е прашањето за тука , ама ај... Близначка сум и сакам да паднам на екстерните во иста просторија со брат ми . Каква желба еј Нели во училница има по 15- тина души , па затоа ме интересира некое ваше искуство. Познавате близнаци кои ги разделиле на матура ? Мислам на тоа да паднат во различна просторија. Споделете некое искуство. И уште едно нешто. Има некаде на страницава за матура да се напише поплака или предлог ? На пример мене ептен без врска ми е полагањево без дигитрон. Не дека некој не знае да множи или да дели, туку се троши време за џабе. Знаеш се, да поставиш задача, да дојдеш до крај и сега уште да помножиш не знаеш, а ? Без врска некако.
Девоjки, не можам точно да се сетам дали лани некоj спомна дека има прирачник за матура како пдф ? Мислам дека некои феминки бараа од друга да им го испрати, но не бев член и не обрнав внимание.. Jа пребарав темата, но не можев да наjдам ништо слично, може и да имам нешто помешано.
Да, знам дека не смеам да користам калкулатор и исто така разгледував на страницава, па мислам дека со доволно вежбање не би било голем проблем за да положам.