+Инфо: Темата за есејот по македонски годинава од Книжевните правци во 20 век и современата литература ќе биди
Пробај отвори го фајлот од официалната страна за матурата .. Оди овде => Препораки за мајчин јазик за државната матура во 2013 година и симни си го фаилот
Полека, но сигурно. Очекувам да се зголеми во наредниот период активноста на оваа тема и сите фемнки-матурантки-страшливки (како мене) да си помагаме колку што можеме. Поздрав до сите
Феминки вака... Јас имам проектна задача по Македонски јазик и темата ми е руски класицизам поточно за Толстој и како тој го определувал општеството според неговиот најнизок слој. Ве молам ако некој од вас има некоја книга да ми препорача за темава би била многу благодарна. Исто така, мојата другарка има за Достоевски (Злосторство и казна) ако имате некоја книга и за ова да ми препорачате, фала ви многу
^ Ако мислиш на книга да вметнеш во темата би ти ја препорачала од Толстој - Ана Каренина. Мене многу ми се допадна кога ја читав.
Можеби ќе бидам офф, но стварно многу ми треба одговор на прашањево. Дали во полагањето има и дополнителни прашања во врска со класиците, покрај есејот. Дали тие би биле само од правците во 20 век, туку ќе има и други? Да, изгубена сум знам. Прашања во врска со литературата ќе поставувам многу, од причина што професорката по Македонски има "огромен" авторитет па сите си легнавме на уво, дека на писмена ќе поминеме со теми од интернет. Ќе си тупам глава сега. Идиотски звучи, да.
Да ќе има и други прашања од сите други правци, тоа за современата литература и 20 век важи само за есејот. Разгледај ги тестовите од претходните години и ќе ти стане малку појасно какви се прашањата.
И јас го имам тој проблем со професорката, мака си мачам сега. Фино ми беше последниве 2 години што си ја ладевме буквално, што те тркалам сите си седиме си уживаме.. Ама сега ми гори под нозе. Се одново препрочитувам, криво ми е што лани на време не си работев, туку од интернет кратка верзија, раскажи и ајде 5ка. Писмените - Исто! Ќе каже 3-4 теми ден унапред, изнапиши дома, на час препиши и ете 4-5 гарантирана. Ама само лошо си правев.. Земај книгата за матура и од нејзе фати со ред, читај го делот за литература.
Девојки од која книга за матура учите по македонски? Јас сакав да земам, ама имаше повеќе изданија од различни автори и не знаев која да ја земам.
Кај нас учиме од ,, За матуранти “ од Билјана Богданоска. А математика не знам, не спомнала професорката ништо до сега.
Има и друга верзија? Јас го имам тој лилавиот (За матуранти) од Билјана Богдано(в)ска, уште од брат ми, тие беа прва генерација што полагаа, има ли некои измени до сега за кои не знам? Леле паника ме фаќа уште од сега, дури сега ми е криво зошто не ми се падна некој построг професор
И јас ја имам истата книга и планирам од неа да читам. Моето прашање е дали имате некои информации за тоа кој период ќе биде за есејот или се уште не се знае, зашто кога ја прашав проф. ми рече дека немала никакви информации.
http://www.matura.gov.mk/documents.aspx ... dtQQpiV3o= Иди на: Препораки за мајчин јазик за државна матура во 2013
Јас сакам да прашам за македонски јазик покрај прирачникот "За матуранти" ( Овој: http://makedonskijazikiliteratura.blogspot.com/ ) какви други има и кој е најдобар? И тие кои се гимназија од кој учебник учите во IV година? Во моето училиште за гимназиските паралелки се користи тој црвениот од Венко Андоновски, Маријан Марковиќ, Глигор Стојковски. Мене не ми се допаѓа стилот на којшто е напишан и затоа да прашам ако има некој друг каде можам да го најдам? Есејот оваа година ќе биде од книжевните правци во ХХ век ( што се учи во IV година, а во учебникот нема доволно податоци) .