Во мојата гимназија се учи по двата учебници. Едниот е тој мал формат црвен, а другиот е голем формат, искрено врска немам од кој автори е. Јас како што спомнав горе од овој планирам да учам, а имаа спомнато дека има и од Алби книга, па види распрашај се.. Едит: А знам дека претходните генерации учеа од овој истиот на Билјана што е.
Ние учиме од учебникот од Просветно дело со сини корици е Добар е стилот во овој учебник , барем според мене. Не сфаќам која е поентава со учебници од различни издавачки куќи. Барем сега учебниците се од Владата , па така нека се одлучат одговорните кои се подобри. Патем која е разликата од учебниците за МАТУРА од Алби и Просветно дело? Има нешто различно?
Нека ни каже некој од минатата година од кој прирачник учеле, кој е најкомплетен? Ние ја прашавме професорката македонски, ама она ни рече не била овластена, не било законски да ни кажува.
Незнам каја е разликата ако книгата е друга. Можеби стилот на којшто е напишано е различен, но тоа што го содржи граматиката и литературата е тоа. Неможе да биде трето. Јас ќе учам од прирачникот за матуранти од Билјана Богданоска. Таа книга ја имам, а и мислам дека доволно е опфатено се, па и не е лош начинот на којшто е напишана. Ако дојдам до друга книга евентуално (но не верувам) ќе учам од друго. Засега сум ослонена на таа.
А, почнавте воопшто да учите? Ако не сте почнале кога планирате да почнете? Јас уште абер немам книга да земам, а не пак да почнам.
И јас сум на план филозофија да полагам Којзнае како ќе си поминам.. за разлика од тебе јас имам 5,ама сепак страв ми е.
Ангелче, 4-5 генерации кај нас во гиманзија учат од оваа на Билјана книгата. Јас ја земав демек додека сме на распуст да читам, па стигнав околу 110 стр. едвај. Проектната ја пишував и пак не ја допишав, а крајот на март почеток на април се полага. До каде сте со проектните инаку ?
Исто и јас почнав со проектна, ама не ми е довршена. Зедов и јас македонски нешто да читнам . Не е толку тешко, ама сепак ќе видиме на екстерен
Јас имам проектна по менаџмент. Ја напишав и бев пред некој ден на консултации кај менторот и сега треба да направам некои мали измени. Планирам сега кога ќе почнеме со школо да земам некој прирачник по македонски, да почнам да читам додека не сме почнале со испрашувања и оценки.
Во 2010,2009 и 2008 имале само слободна тема по македонски или и тие бирале помеѓу две теми.Бидејќи на страната http://www.matura.gov.mk/ за тие години дадена е само 1 тема. И ако некој ги знае темите за тие години нека ги напише.
^ Колку што се сеќавам последните 2 генерации кои полагаа пред нас имаа можност да бираат помеѓу две теми. А тие пред нив само 1.
Јас само ќе ви препорачам да си ги симнете тестовите од матура.гов.мк зашто ги тргаат некое време пред полагањата.
A во овие XX век спаѓаат само Албер Ками - Странецот, Семјуел Бекет - Чекајќи го Годо и расказите од Чехов? На училиште ја учевме и Процес од Кафка, Вујко Вања и уште некои, не се сеќавам, но нив ги нема во програмата на matura.gov.mk Знае некој ? И да прашам, лани имаше нешто за пишување од практично-професионална комуникација ? Жалба, молба... ?
Ако знае некој може да ми ја каже разликата помегу Државна и Училишна матура? Spoiler Можи има поназад ама ме мрзи да барам.Извинете.
^ Со државна матура имаш поголеми можности за студирање на факултет. Екстерните се полагаат пред комисија која не е од училиштето. Со училишна матура шансите за упис на факултет, посебно на УКИМ се минимални. Е многу полесна, се полага пред комисија составена од професорите. И што знам обично ја полагаат послаби ученици кои не се во план да идат на факултет.
Со училишна воопшто немаш шанси за државен, барем на УКИМ е така. Нагласено е да имаш положено државна. Со училишна матура можеш само на приватен, што е и многу ок, таму барем сите плаќаат и нема врска кој како дошол, а на пример на државен кај што е тепачка за место, остануваат одбиени некои и со државна а не па со училишна. Е дека е полесна е, ама па.. што корист.
имаа една тема ама имаа плус молби , жалби... да пишуваат а сега се две теми една слободна и една од материјал по сопствен избор.Темата од литература е од модерната
Јас бев матуранка изминатата 2012 година и јас учев од прирачникот за матуранти од Билјана Богдановска (издание 2008 или 2009). Мислам дека нема некој позначителна разлика во прирачниците, материјалот е тој. Немаше ,зборувам за македонски јазик. Последниве неколку години не даваат такви работи, освен ако не измениле нешто иако не верувам. Како и да е, доколку треба ќе ви кажат, не се секирајте.
Значи, темата за есејот оваа година ќе биде писатели во 20 век од светската литература. Ништо,потајно се надевав за хуманизам и ренесанса. Тука спаѓаат Албер Ками-Странецот, Самјуел Бекет-Чекајќи го Годо,професорката не беше сигурна за Раскази-Чехов заради тоа што обработува различни теми, а со Ками И Бекет треба да се сконцентрираме за апсурдот. Епа поглупа тема-амин.