Искрено имам повеќе страв за полагањето Математика , него ли Македонски. Од време - на време ме фајќа паника немам почнато да учам Македонски, а Математика одам на курс , има за полагањево. Ама сепак си мислам колку толку полесно е Македонски. Изгледа само јас е немам отворено книгана за држаВНата матура
^^ Не си само ти верувај Секој ден си велам од денес почнувам, и секој ден сум во стилот на doing nothing, feel guilty about it and still doing nothing.
’‘ Јас за англиски не се замарам многу,само ќе ги поминам тестовите кои биле дадени на државна матура досега. Ние турбо одиме англиски за матура на училиште по 2-3 дополнителни часови неделно, и се повторуваме и мислам дека би ми било доволно. Инаку, не знам што би учела од учебник освен да ги поминам вежвите. Mене многу страв ми е за македонски јазик, професорката ни рече доколку учиме само од прирачник тоа би било за некоја пролазна оценка. Ги набавив сите учебници од прва до четврта и верувајте не знам од кај да започнам и со што.
На страната од матура пишува дека темата е ХХ век итн.знаете, а авторите кои се од овоj период биле наведени во програмата. Jа отворив програмата по македонски jазик на истиот саjт, и таму не го пишува Шолохов туку Чехов со расказите.
Девојки не паничете јас македонски за матура учев само 20 дена односно после матурата убаво си ја прочитав книгата па си положив со 4ка не се нервирајте толку не е многу тешко македонски .Искрено мене потешко ми беше англиски него ли македонски...
Англиски искрено не пипнав ништо 4ка извадив и тоа англиски треба само да знаеш да пишуваш ете есеј писмо и да знаеш да преведуваш
Значи за матурава сите ја отупеа више. Кај нас македонски секоја втора реченица ја наведува како матурско прашање. :roll: Јас ја разгледував некни онаа книгата за матура македонски, другарка ми земала фотокопија од една книжарница, не изгледаше лошо, така понакратко објаснето за се, планирам да си ја земам деновиве и да учам. Повеќе ме треска за стручниве предмети, англиски и македонски не е толку страшно. Ако почнете навреме да учите и направите нека тактика за полесно да запамтите, не е толку страшно.
И кај нас е вака. И тоа дури уште од прва година вака почнаа, само сега е поинтензивно. Значи преку глава ми е и од матура! Џинџер и мене повеќе ме фаќа паника за интерниве предмети посебно за Биологија. Професорката кажа дека ќе не насочи каде да учиме, а ако ја убедиме може и прашањата ќе ни ги даде, а педијатрија не ми е страв. Ќе ни дадат скрипта и од неа ќе учиме.
А вие да не учите во моето школо абе баш иста ни е и нашата професорка.. Матурско прашање ко ке слушнам, секое влакно од косава ми се крева
Ајде годинава нас ни е редот да ја пуниме темава Некако страв ме фаќа како се ближи матурава. Не за македонски, општо за другиве предмети и за тоа што уште немам одлучено на кој факултет ќе одам. Богами тоа и најголема грижа ми е.
абе не знам кој кај е ама углавно тука сме моми испод никови измачени до срж од проклетава матура ај бе ќе положиме
Девојчики, мене ме интересира дали веќе ви ги кажаа датумите на кои ќе полагате матура? За екстерниве предмети ме интересира.
Се збркав затоа и редактирам. Екстерните се знаат. Македонски е на 8ми Јуни во 10ч. Математика/ Англиски на 11 Јуни во 10 ч.
аман веќе нека помине таа проклета матура Девојки не се нервирајте...па не сме ни први ни последни што ќе полагаме До сега колку скапаници да не речам положиле, па зарем за нас е проблем ?
Точно е дека не треба да кревате паника, ама не го сфаќајте ни лежерно, затоа што од тие неколку смотани листови со прашања, задачи ви зависи бројот на бодови кој ќе биде пресуден за упис на посакуваниот факултет. Потрудете се и погрижете се да се претставите во најдобро свело, скарајте ѝ се на тремата, па и на паниката и учете со разбирање. Сигурно ќе си речете - па, моето знаење не зависи од резултатот на матура - со кое тотално се согласувам, зашто и моето знаење по едниот екстерен не беше во склад со оценката, па затоа на факултет сега си се докажав и си го докажав тоа на самата себе дека јас знам, а малиот кикс од прекумерната паника и трема беше нешто нормално кое може да му се случи секому. Посебно, внимание на матурата нека обрнат оние кои ќе одат на Медицински (таму е тепачка за места во двете квоти секоја година, веќе со години), не само на општа медицина ами на сите факултети кои имаат допирна точка со медицина - фармација, па и биохемиските насоки на ПМФ. Па дури и Градежен и Архитектонски - секогаш ќе ви бидат добредојдени плус поени. Не се преоптеретувајте, ама сепак и не ја занемарувајте матурата и успехот од неа. И мој најискрен совет - ако сте спретни и знаете да се снајдете, препишете, макар половина прашање. Ова ви го кажува лански паталец. Ви посакувам успех, во секој случај.
Едино страв ме дрма само за англиски. Македонски скоро ич. За интерните прашања професорките ни кажаа дека ќе ни ги дадат прашањата, али вие кутете си меѓу нас да остане хахахах 11ти Јуни е судниот ден за мене. Се надевам ќе ми се усреќи, па на 12ти ми е родеееенден