Полагање матура и уписи за на факултет

Дискусија во 'Образование' започната од anastasija19, 20 јануари 2010.

  1. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Ај јас да ви кажам од искуство со македонскиов книга да не фатите ќе положите зошто од позади има 3 глупи текста во кој се сеќавам еден убаво пишуваше Кафето се служи со чаша вода, и после имаше прашање Со што се служи кафето : Вода, парче торта , коцка шеќер и ај ова да не го одговориш а и другите не се нешто мн тешки исто и со текстовите од авторите напишан текст ти според него да одговориш на прашања повторете само граматика и есејот ако знаете за што ќе ви биде и не се замарајте.
     
  2. iHeartVintage

    iHeartVintage Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2012
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    149
    Milano
    http://www.matura.gov.mk/documents.aspx ... dtQQpiV3o=
    Испитна програма> општообразовни> македонски jазик.
    Во пдф документот има табела. Внесени се сите автори и делата.
     
    На MilanoRedHead му/ѝ се допаѓа ова.
  3. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    Факултет за безбедност

    Ве молам кажете ми само кои предмети ги бараат за матура за Факултет за безбедност и на кој смер да се запишам пошто сум трета гимназија и незнам дали да идам на јазично или општествено :wasntme:
     
  4. Angelceto

    Angelceto Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    236
    Девојки, со колкав фонт ја пишувавте почетната страна во проектната задача?
    И таа треба со 12 или не мора?

    Јас од порано што имам гледано проектни, почетните страни се се пишувани со поголем фонт од 12. :)
     
  5. Sw3et.Ang3l

    Sw3et.Ang3l Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    2.096
    Пол:
    Женски
    Јас почетната и насловите, побитните делови ги пишував со 14, другото со 12 :)
     
    На Angelceto му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.950
    Допаѓања:
    18.271
    Со 18 и 14 имам пишувано на насловната. Понатаму побитните работи со 14.

    Вчера не известија дека до 22ри требало да се предадени темите. Во април ќе се бранеле.
     
  7. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.831
    Допаѓања:
    5.146
    Пол:
    Женски
    ^Нас ни рекоа до 15 март дека мора да се предадат. :^)
    Инаку, јас на првата страна имам и со 28 фонт.
     
  8. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    И нас ни кажаа дека до 15 март треба да бидат предадени, а веќе после 20 март почнува со бранењето.
    Некако се набрзина направија. Ајде-ајде и немаш време за ништо. Мене скоро еден месец ми беше проектната во професорката на конслутација.
    Ич не ми е организирано ова, ама ајде.
     
  9. FlameFairy

    FlameFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    197
    Како ги ставате сликите на проектната? Во последна страна како прилог или помеѓу текстот? Буквално еден месец ја бркам професорката со проектната и имало време и рано било.... :@ Е, нема време!
     
  10. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    На професорката кога и ја пратив проектната беше без слики а таа ми ја врати со слики :) И тоа и беа ставани меѓу текстот. Не на крајот откако се ќе изнапишеш :)
     
    На FlameFairy му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Angelceto

    Angelceto Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    236
    Нас ни рекоа не смее слики измеѓу текстот, освен ако не се објаснуваат во текстот. Не смеело слика и на почетната од оваа година. А, доколку не ја објаснуваш сликата треба да биде како прилог. :)

    И сега да ве прашам нешто. Колку страни треба да има проектната?
    Нас една професорка ни рече дека 12 страни да бидат главен текст, а вовед, заклучок, содржина, користена литература, и почетната не се броеле, а некои други викаат со се да бидат 15 страни.
    Оваа професоркава што ми е ментор ми вика принтај, а јас имам 18 страни севкупно. И сега не знам што да правам, сите кажуваат различно. :fubar:
     
  12. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    За колку страни да има најдобро прочитај на интернет, побарај ја страната за државна матура затоа што сите професори различно кажуваат. Јас мислам дека 18 страни ти се премногу. Од 9-13 мислам дека треба да биди, но сепак прочирај си на интернет :)

    А тоа за сликите...па ако професорката така ми ја среди така ќе им ја презентирам. Што да правам кога сите различно кажуваат :/
     
    На Angelceto му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Sw3et.Ang3l

    Sw3et.Ang3l Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    2.096
    Пол:
    Женски
    Јас имам 27 страни :o и сликите ми се измеѓу текстот, дури имам слика и на почетната, ја предадов и професорката ми рече дека е добра, без никакви корекции.
     
  14. zarah

    zarah Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    1.557
    Пол:
    Женски
    @Sw3et.Ang3l Тоа е многу за проектна, ти за семинарска да не се спремаш? :P Нас прво ни рекоа околу 10, ама за некои теми кај што има повеќе материјал дозволени се и 15-16 (најмногу). Прашај го и професорот што ви е одговорен за матурата, зошто ако менторот нема забелешка може тие од комисијата да ти скратат на бодови.
     
    На Sw3et.Ang3l му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.950
    Допаѓања:
    18.271
    Sw3et.Ang3l премногу се 27 страни. Јас имам 15, зашто опширна темата ми е.
    Слики немам, планирав да ставам ама нема да ставам.
    Е сега менторот ми рече да ги тргнам поднасловите, да стоело само вовед, главен дел и заклучок.
    Јас во главниот дел имам ставено поднаслови, ми рече да ги тргнам :^) Мене некако ми нема смисла, зашто нели ако ја дадам како приказна глупо би било нема да знаат за што пишувам.

    Се мислам да прашам друг професор што е во комисијата, да видам што ќе ми рече.. Некако чудно ми е без поднаслови.
     
    На Sw3et.Ang3l му/ѝ се допаѓа ова.
  16. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Sw3et.Ang3l и јас мислам дека тоа ти се премногу страни за проектна за матура. Максимум и 20 да се ајде некако...ама па 27 :О Повторно консултирај се со твојот ментор...
     
    На Sw3et.Ang3l му/ѝ се допаѓа ова.
  17. zarah

    zarah Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    1.557
    Пол:
    Женски
    @Antolinaa како и да е ти ги имаш тие три дела, прво еден пократок од една страна кај што воведуваш во темата, па главниот дел и на крај заклучок исто од една страна. Многу поубаво е и за читање и снаоѓање ако ти е убаво организирано, конкретно со глави, точки и подточки убаво одделени со посебни пасуси.
     
  18. Sw3et.Ang3l

    Sw3et.Ang3l Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    2.096
    Пол:
    Женски
    Фала ви , појма неам што да правам, чим она ништо не вика, кај нас нешто спомнаа дека 15 најмалку, за највеќе незнам, ама финтава е што имам и големи слики па не се сите страни текст, стварно незнам. Има ли нешто на страната за матура околу тоа? Да ми дадете линк..
     
  19. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    http://www.matura.gov.mk/documents.aspx ... XAtNgCBjg=

    Еве, види тука, во делот Испитна програма поточно мислам.
    Инаку, и јас мислам дека 27 страни ти се премногу.Па тоа и ќе треба да го научиш, да го презентираш, а не дај Боже да заборавиш да спомнеш некој дел, може поени да ти намалат. :worried:
     
  20. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    577
    Да ви кажам од искуство не се припотресувајте многу за проектната. Јас а и сите што полагаа со мене поминавме многу добро. Само гледајте стартот да ви биде добар, да не застанувате, после они нема да ви бараат да ја раскажувате цела. Сега неможам да тврдам сто посто дека ќе биде така и кај вас, кажувам мое искуство кое мислам дека е најверојатно да го имате и вие. После ме прекинаа, ме прашаа две прашања во врска со проектот, тоа веќе е научено нели и толку, за 5-6 минути завршив. Знам како ви е, мене од трема гласот ми се смени :D
    Инаку во врска со бројот на страниците, нас лимит ни беа 15 страни со наслов со содржина, значи вкупно 15 :)
    Ајде среќно на сите нека ви е :*