Колку најмалку страни треба да ми биде проектната за матура? Мислам дека ни рекоа минимум 12 страни, ама не сум сигурна.
^ Веројатно да, само кога ќе наведуваш користена литература целосниот линк да го ставиш од кај си земала текст. На школска, менторот и рече требало со нејзини зборови да биде цела Пр. Вашиот живот = Животот да стоело.. Нешто во таа смисла и рече..
Договорете се со класот и одредете дата кога сите ќе ги предадете. Кај нас рекоа до 15-ти март па скоро никој немаше дадено, рекоа за денес на ниво на клас да ги собереме ама пак двајца без тројца бевме што донесоа проектни. Ако не, прашај ги во архива или кај секретарот.
На matura.gov.mk пишува да се соберат проектните до крајот на март. Она што ме збунува е строгиот датум за предавање кај нас, дали па можеби е за менторите добро да ги прегледаат проектите..
Има некое правило за маргините? Не можам да најдам колку треба да бидат, читам во текстот ама никако да најдам. Зашто со нормална маргина од лева страна ми иде малку место, од десна многу, а сакам да го укоричам па, кога би го укоричила 3-4 букви се губат од зборот и се нервирам. Кај нас строго до петок треба да се предадат, па сега јас со последниот воз ќе стигнам изгледа.
^Мислам дека нема. Јас ќе полагам англиски интерно ама професорката ништо ми нема спомнато за прирачник. Само одиме на дополнителни часови, ни дава вежби да учиме зборови и упатства како треба да се пишува есејот.
Побарајте си од професорката. Кај нас по математика ние бараме професорката да ни држи дополнителни. Се договараме тие што вежбаме , закажуваме термин и и кажуваме што имаме нејасно.
Кај нас уште на почеток на годината таа сама предложи да одеме на курс и да си плаќаме и одат определена група. Па сега се сомневам дека ќе сака вака... Кој знае... А како што прочитав на matura.gov.mk тестот содржи дел пишување, дел читање и препознавање нешто зборови мислам... Нема граматика вежби... :/
Англиски има и есеј и уште еден текст беше (молба на пример да напишеш за нешто). Има и вежби, дадени ти се зборови под А, B, C, D и ти треба да избереш еден од тие четири и да ги вметнеш во текст.
Доколу сте релативно добри во англискиот, на страната за матура изрешете ги сите тестови и доволно ви е. Плус - формално, неформално писмо, и останати такви текстови, шемите за текстовите штом се знаат, се е лесно. Во тестовите скоро и нема граматика. Цело знаење граматика се проценува според она што го имаме во текстовите.
Точно, англиски и лани ништо немаше од граматика, тоа треба да се знае само при пишувањето на есеите зошто кратат поени на секоја граматичка грешка, а македонски имаше 20 прашања граматика.