Полагање матура и уписи за на факултет

Дискусија во 'Образование' започната од anastasija19, 20 јануари 2010.

  1. FlameFairy

    FlameFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    197
    Судбината на човекот не е во испитната програма, не би требало да се падни на матура. А, македонски дела во 20 век доколку се паднат професорката ни кажа дека ќе бидат Пиреј, Црно семе, Црнила и Диво месо. Дефинитивно светската литература ми е полесна од нашата.
     
  2. Angelceto

    Angelceto Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    236
    Јас мислам дека нема да се паднат македонски дела за есејот, бидејќи на страната на матура пишува писатели во 20 век од светската литература. :)

    А, знаете ли дали ќе има да се пишува молба, приговор, извештај?
     
  3. charliee

    charliee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2012
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Женски
    македнонски ни е на 8 јуни така?? ај кажете ми што би требало да има одприлика ја знам страната ама ме мрзи да читам таму некако ме плаши.... :lol:
     
  4. Sara.Be

    Sara.Be Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    143
    Пол:
    Женски
    Нас ни рекоја дека не се големи шансите на тестот да се падни молба или жалба, тоа повеќе се паѓа на завршен испит..Но, деловно или пиватно писмо секако ќе има.. :) и уште да знаеме која би била слободната тема за есејот..
     
  5. FlameFairy

    FlameFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    197
    Јас мислам дека жалби, молби, писма се веќе исфрлени од употреба.
    Charliee- се има, од светска и македонски литература до граматика ( фонетика, фонологија, морфологија, синтакса, кодификација на мак. јазик). А, посебно внимание треба да им се обрати на писателите од 20 век кои веројатно ќе паднат на есејот.
     
  6. thecountess

    thecountess Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2013
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    2
    Се`, се`, и убаво пишување и бутур, само броење зборови во есеј никогаш не сум практикувала. И еве ќе праам финти како да се ориентирам таму. Некој тип за тоа од вас што имате искуство?
     
  7. iHeartVintage

    iHeartVintage Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2012
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    149
    Еве ви директно од matura.gov.mk

    ...Учениците ќе треба да пишуваат еден текст, при што ќе имаат можност да изберат, на самиот ден на испитот, дали ќе пишуваат на слободна тема или на тема извлечена од материјалот кој се реализира според наставните програми, а се дел од испитната програма. ДПМК се одлучи за оваа испитна година темата да ја извлече од периодот - Книжевните правци во 20 век и современата литература (во испитните програми се наведени авторите кои припаѓаат на овој период). Учениците задолжително ќе треба да изберат дела и автори од светската книжевност кои го отсликуваат овој период , но во пишаниот одговор на темата ќе може да дадат примери и од националната литература.

    Значи, прво, нема писма ни деловни ни приватни.
    Второ, темата ќе паѓа од светската книжевност, а ако има некој желба ќе може да спомне и примери од националната. Јас барем така го разбирам ова :)
     
    На danniela5 и WarriorAngel им се допаѓа ова.
  8. RainDrop

    RainDrop Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2012
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    20
    Ако знае некоја од вас точно кои лектири спаѓаат во Книжевните правци во 20 век и современата литература нека пише. Ззатоа што на пример ПРОЦЕС ОД КАФКА ни беше во програма, а во прирачник ја нема.
     
  9. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.831
    Допаѓања:
    5.146
    Пол:
    Женски
    Годо и Странецот најверојатно ќе бидат.
    Ама ако си ги читала и другите, можеш и за нив да пишуваш.
     
  10. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.278
    Матура полагам - абер немам аџанак баџанак... :|

    Хаах... ]:)

    Ќе биде ова долго и топло лето полно измачување, осечам. :rofl:
    Се на се преостануваат уште 9 дена од матурскиот испит а јас абер немам да фатам да учам саглам. Денес прочитав само една страница од прирачникот. Епа браво за мене, нек се угоде џабе ставената 5-ка на сведителство. :lol:
     
    На WarriorAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Supernice

    Supernice Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    71
    Изброј ги зборовите во еден ред и помножи ги со бројот на редови, ти дава една ориентациона бројка.
     
  12. L0ve

    L0ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    199
    можи некој да ми пушти линк од испитната програма?
     
  13. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.278

    Да, добра идеја love.
    Ако може и мене, чисто да видам што имало на минатогодишните матурски текстови за да знам што не чека... :)
     
  14. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    ^^ http://matura.gov.mk/
    Само одбери си каква матура и за која година тестовите.Ги има од 2008 :)
    А ова за темата за државна е?И за сите важи?
    Значи модернизам ќе е?
     
  15. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    За сите важи :) Книжевните правци во 20 век и современата литература (во испитните програми се наведени авторите кои припаѓаат на овој период). Модернизам,а и егзистенцијализам може да биде. Значи ќе се падне некое од делата од четврта година- странска литература :)
     
    На Cacy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.831
    Допаѓања:
    5.146
    Пол:
    Женски
    Баш денеска ја прашав професорката и рече дека тие жалба, молба, извештај пак се уфрлени. :@
     
  17. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Ќе имаме ? Кај нас рекоа дека нема да има.

    За есејот, треба да се направи споредба меѓу делата, да се наведе што ги поврзува делата, споредба меѓу ликовите во двете дела или да се пишува критика посебно за двете дела ? На пример пишувам за Странствувањата на Чајлд Харолд и пишувам само за ова дело , потоа почнувам за Евгениј Онегин и не правам никаква споредба со Странствувањата на Чајлд Харолд. Како 2 одделни состави би дошло на некој начин :?: . Може некој кој полагаше лани или некој што има информација за ова да ми каже како треба да се пишува ?
     
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.293
    Допаѓања:
    81.868
    Пол:
    Женски
    Јас имав еден универзален вовед, поврзан со романтизмот, па потоа во главниот дел ги разработував двете дела паралелно, по сите романтичарски белези.
    Не се сеќавам како точно одеше „приказната“, ама некако успеав да ги поврзам и изгледаше како да се надополнуваат. На крај заклучокот пак нешто поопшто базирано на претходно наведените факти и тоа беше тоа. :)

    П.С. Ако мислите дека ова со делата ќе ви биде зезнато, пишувајте на слободната тема. Доколку ви се погоди. Мене паника ме фати дека ништо нема да ми текне и затоа се држев до веќе сработеното. :D
     
    На danniela5 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.843
    Пол:
    Женски
    Дали некоја од вас планира да се запише на филолошки факултет во Бугарија( Неофил Рилски)? Ако има некој подетални информации го замолувам да ми пише во инбокс :) :) :) На страната на факултет не е добро објаснето затоа тука решив да ве прашам :)
     
  20. HoneyBun

    HoneyBun Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    И нашата професорка рече дека оваа година пак се воведени молбите, жалбите и приговорите.
    Инаку pupi.girl каква информација ти треба :?: На страната на Неофит ги имаш сите предмети кои ќе ги изучуваш на конкретен факултет.