За тоа дека ќе има слободна тема ќе има..но не се знае која..а вака за модернизмот и егзистенцијализмот се знае нешто, за правење на споредба на самите дела или ликовите. А исто така треба да се обрне внимание и на песните од македонските автори..
Мислиш за есејот да се обрне внимание на македонските автори ( од XX век) или општо за целото полагање на матура ? Мислам дека ако не сакаме, не мораме од македонската литература да пишуваме.
Во интерес за успешна подготовка и реализација на матурскиот испит по македонски, албански и турски јазик и литература ве известуваме дека преку содржината на тестот по овие наставни предмети ќе ги испитуваат постигањата на учениците во трите способности Книжевна анализа, Читање со разбирање, Пишување (со прашања од подрачјето Јазик), како и секоја испитна сесија досега. Учениците ќе треба да пишуваат еден текст, при што ќе имаат можност да изберат, на самиот ден на испитот, дали ќе пишуваат на слободна тема или на тема извлечена од материјалот кој се реализира според наставните програми, а се дел од испитната програма. ДПМК се одлучи за оваа испитна година темата да ја извлече од периодот - Книжевните правци во 20 век и современата литература (во испитните програми се наведени авторите кои припаѓаат на овој период). Учениците задолжително ќе треба да изберат дела и автори од светската книжевност кои го отсликуваат овој период , но во пишаниот одговор на темата ќе може да дадат примери и од националната литература. Препорака за учениците – идни матуранти Идните матуранти: - не треба да препишуваат и не треба да дозволат друг да препишува од нив; - не треба да користат туѓи текстови или реченици; - не треба да преземаат готови информации од различни извори, дури и ако се работи за познати мисли од некоја книга, од некоја личност - тоа се смета за литературна кражба-плагијат. За секој преземен текст ќе треба да се наведе изворот. - Во процесот на прегледување на тестовите оценувачите се тие кои ќе го воочат тоа, па во таква ситуација целиот тест ќе се вреднува со 0 поени. Во интерес на успешна реализација на испитот и на остварување на подобри резултати ве информираме дека со прашања и сугестии ќе можете да се обраќате на координаторите за матура од ДИЦ, задолжени за овие наставни предмети.
Инаку, мојата професорка е оценувач на државната матура и ни кажа дека доколку не сме талентирани за пишување, за поставување на аргументи и сл. да не ја пишуваме слободната тема затоа што секогаш повеќе бода кратат на неа. И, да не го гледаме клучот пред да пристигнат резултати зошто понекогаш се прифаќаат и одговори кои ги нема во него. Не верувам дека ќе има молби, жалби, писма... Јас не ги учам.
Значи за есеј ке биде модернизам и егзистенцијализам така? Тоа не беа Странецот и Годо?! Инаку незнам како треба да биде есејот,треба да се споредуваат делата или..? Како би било тоа?!
Добро, некој спомна дека во правците на 20 век се и расказите од Чехов, е сеа, нели расказиве спаѓаат во реализамот, 19 век? Според мене би требало да се Годо, Странецот, Цвеќиња на злото, Гарванот... А Судбината на човекот од Шолохов? Пошто и е напишана при крајот на реализмот во 20 век...
Цвеќињата на злото и Гарванот се од 19 век, а сега видов дека и Чехов творел во 19 век. Не знам зошто се направи толкава фама за Чехов, сите викаа дека и тој е претставник на модернизмот. Годо и Странецот се од 20 век и тие 2 ке бидат сигурно за есејот.
Знае некој за тие жалби,молби , извештаи дали ќе биде дадено што треба да се пишува на пример во молбата, или сам да си ја напишиш што сакаш??
пхахаха шо убаво се изнасмеав,јавна тајна е дека на полагањето се препишува само што не се знае каков професор ќе ти се падне и дали тој ќе те остави да препишуваш.
Тука има како се пишува молба, жалба... со примери http://www.matura.gov.mk/data_files/sta ... kticno.pdf
]Дечки...јас слушнав дека тестојте ги дознаја во Скопје во училиштето Корчагин и во Битола ама незнам точно во кое училиште па да не ги знае некој од вас ?? позз
Мислев на песните од македонскиве поети..најмногу од Рацин, Конески, Шопов, Миладиновци..и сл..затоа што секогаш има прашање каков е мотивот, какви се стиховите, строфите..
а всушност..во деловно писмо спаѓаат молбата, жалбата/приговорот, соопштение и записник..Јас мислам дека тоа би требало да се падни ако ни биде за задача да пишуваме деловно писмо. Треба да се внимава на зборовите кои ги употребуваме, односно да биде напишано тоа нештото на административен стил..Јас ја прашав проф. по македонски јазик да ми објасни нешто околу деловното писмо и таа ми предложи на нет да си разгледам за молбиве, жалбиве и сл ..
Јас мислам дека ќе има.. и таму на тестот ќе ти биде дадена тема да речеме..до која институција треба да се обраќаш..на пример може до некое училиште, министерство и сл..значи не можиш сама да си ја бираш темата..
Ама дечки нели само есеј се пишува, нели веќе не треба такви молби, жалби, и такви работи, во последните години веќе само есеј се пишува...