Еден совет од мене до сите матурантки Немојте да ве фаќа паника, останете мирни и сконцентрирани. Читајте убаво, посебно тие извадоците од делата што се затоа што има двосмислени прашања, буквално скриени ( сигурно сте виделе во тестовите веќе од минатите години) не во сите прашања, имаше и одма што се познаваат, ама имаше и доста скриени, значи читајте ги два пати понудените одговори не се залетувајте одма да заокружите Во шифрарник бојте на крај, јас така се зафркнав обоив и после ми се укажа жанса другарка да ми каже ама касно, веќе имав погрешно обоено, така да видете ги сите можности, не викам да препишувате ако нема услови за тоа, ама ако се укаже шанса да ви каже некој зашто да не, нели Значи да не се каете како мене, најдобро на крај да обоите. И вечерта пред полагање одморете си се убаво, сега незнам на кој каков му е принципот на учење, ама јас лично мислам дека ако не сте научиле до тогаш, вечерта сигурно нема само може да се испобуните. Може само да си повторите најглавно нешто и да си легнете, одморете си се и сабајлето ќе видите многу полесно ќе ви иде се Јас од искуство ви кажувам, сега на факултет кога се тресам не спијам цела вечер вадам помалку бодови него кога ќе си се наспијам поштено. Ајде, со лесно на сите нека ви е
Нема проблем, ќе се обидам да најдам и нешто друго што имам и ќе ви пуштам. Овие се само верзии што ги имам на компјутер, цели две папки матерјали имам по англиски. Само чекам да помине матурата македонски, за да ги повторам. Мене најмногу ме буни подредувањето по ред на пасуси, зошто гледам има доста такви задачи.
Ах исто и јас не можам никако да ги подредам по ред пасусите. Скоро сите ги испогрешив на тестовите Дали некој може да ни помогне, некој совет да ни даде, помош? 5 бода не се малце да ги изгубиме
Нас професорката ни кажуваше дека најпрво треба да ги одредиме првиот и последниот, натаму остануваат уште два,три, сеедно, сепак најлесно било на тој начин. Инаку и мене слабо ми оди тоа, утре секако имаме час па може да ја прашам за совет, веднаш споделувам
Епа, не се знае точно. Најверојатно ќе биде егзистенцијализам ( Странецот-Албер Ками) и театар на апсурдот (Чекајќи го Годо-Семјуел Бекет). Долку бидат и македонските дела дадени, ќе биде тешко зошто се многу. И, едно прашање го учите поетското творештво на Петре М. Андреевски, односно Дениција?
Овој есеј што е поставен е оценет со 5? Сакам да го напишам мојот есеј, па да го гледам ова како пример. http://www.matura.gov.mk/data_files/sta ... donski.PDF
Темата, како што прочитав е Книжевни правци во 20ти век и современата литература, што значи дека книжевни правци у 20ти век се модернизам и егзитенцијализам, така да како шо беше напишано се бараше да се изберат двајца автори од тој период плус две дела од двата правци и да се направи споредба. Шо не е јасно? Најнормално дека оваа тема не е стриктна, може др наслов ке дадат али сепак тоа е за пишување. Неможеш ти да праеш споредба мегу Странецот и Годо коа се у исти правец.. нема логика.Како и да е ако не сте го прочитале постот што беше објавен тука, тогаш идете на страната на матура и прочитајте си и ке сфанете.
Повторив за Дениција во главни црти , за што се работи. Може да се падне како песна и потоа прашања. Макар обично се некои не толку познати и добро изработени песни ( исклучок 2008 им се падна дел од Сердарот , Т’га за југ, Везилка ) , ама за секој случај Да ги прашам оние кои полагале математика матура, на задачите со 1 поен дали ви даваат поен ако имате само еден одговор ? Бидејќи в решение имаат одговор и пишува или па друг одговор. Како и да одговориме е точно и го даваат поенот или мора двете решенија да се напишат ? Таков задачи обично се со НЗС и НЗД.
[/quote] Од Петре М. Андреевски е само Пиреј. Еве, можеш да погледнеш. http://www.matura.gov.mk/data_files/sta ... 9-2010.pdf
Мислам дека темата од прилика ќе биде да се направи разлика помеѓу книжевните правци од 20ти век и современа македонска литература,значи помеѓу ( Странецот или Чекајќи го Годо ) и ( Диво месо или Црнила,или Парадоксот на Диоген ) A знае некој дали есејот на слободната тема носи помалку бодови?
Од страната на матура: ДПМК се одлучи за оваа испитна година темата да ја извлече од периодот - Книжевните правци во 20 век и современата литература (во испитните програми се наведени авторите кои припаѓаат на овој период). Учениците задолжително ќе треба да изберат дела и автори од светската книжевност кои го отсликуваат овој период , но во пишаниот одговор на темата ќе може да дадат примери и од националната литература. Значи, за два автори - дела од ист период се пишува, и преку нив да се видат одликите на правецот. И во тој есејот што е даден како пример е правена споредба меѓу Чичко Горио и Злосторство и казна - и двете од реализам. Ако сакаш ќе си дадеш пример од македонската литература, не е задолжително. @Талита, исто се бодуваат и есејот на слободната тема и другиот.