^^ Ти благодарам WarriorAngel.Значи подобро и полесно ми е да пишувам на слободната тема,повеќе ме бива така.А исто зборови од 350-500 е?
Да да истото важи и за едната и за другата тема, 350 до 500 зборови. Само некој да ми дадеше совет како полесно да научам да ги подредам пасусите во тестот по англиски јазик?
Не знам дали убаво сум те разбрала, ама мислам дека отприлика знам на што целеше. Со математика и нема баш многу начини за манипулирање со зборови или бројки. Или е тоа решението или е грешка. Доколку се работи за тие прашања/задачи кои имаат текстуален дел, на пример дефиниција, некоја проста теорема и сл, тогаш играта на зборови е океј и се прифаќаат различни верзии на одговорите, секако, се' додека се држат до точниот одговор. Одговарајте ги кратко и јасно, без многу филозофии. Кај задачите со бројки мислам дека има само едно решение, нема логика да има повеќе точни одговори, но има различни начини на решавање, т.е. до решението се стигнува по пат на неколку различни постапки, а сепак се добива исто решение нели. Можеби на тоа се однесувало тоа или.
Во школо не учеа кога пишуваме есеј македонски треба да содржи три дела- вовед, главен и завршен. Отворив на сајтот матура.гов.мк и во делот Државна матура > текстови за оценување > македонски јазик и литература ( http://www.matura.gov.mk/data_files/sta ... donski.PDF ) има текст во којшто главниот дел е поделен на повеќе пасуси. Ако знае некој нека пише како ќе треба на матура да пишуваме по кој модел на текст нека каже затоа што јас стварно не знам.
@РаинДроп kај есејот ќе напишеш вовед за правецот најпрво, потоа за авторите и делата, и на крајот ќе завршиш со заклучок. Мислам дека нема потреба од големи филозофии, нема потреба да има некој си којзнае каков модел. Да се држиш до ова е сосем доволно. Ете, и кај примерот има вовед, главен дел и завршен. Нема некое правило, кај сите текстови е различно, мораш логички да ги распределиш. Можеш прво да ги одредиш првиот и последниот пасус, па после останатите. Би било полесно. Прашање: колку вежби, прашања се англиски?
Мислам дека се 5 вежби, со текстови и има на пример да вметниш зборови, прашања, да им избереш наслов или да ги подредиш по ред пасусите. И нормално писмо формално или неформално и есеј.
Фала што се потруди да ми објасниш Мишела Мислев на следново : 4-x^2 x-2 2x^2-8x+8 Да се најде НЗС на ова. Во решение пишува -2 (x-2)^2(x+2) или 2(2-x)^2 (x+2 ) Ова се бодува со еден поен. Прашањето ми беше : Дали ако го имаме само едното решение ни го даваат тој поен или треба да ги напишиме двете решенија ?Според мене едното е доволно. Па истото е . Второ прашање : Колку души сте во една училница на полагањето ? Петнаесетина ? Според азбучен редослед од училиштето ве групираат или професорите ве групираат како сакаат ( да има појаки и послаби)?
Е, баш и јас сакав тоа да ве прашам. Кој е одговорен за сместување на учениците во клупите на денот на полагањето?
Сакав да ве прашам за полагањето по англиски. Треба да пишуваме едно. Пример формално/неформално писмо или есејот или и двете?
Нас класната ни кажа дека од министерство испраќале списоци за кој во која училница ќе биде. Сите деца што се презиваат на А во една училница (ако се 100 деца сигурно нема да ги стават во една) итн. Мора и двете.
Talita, Парадоксот неможе да биде....барем не е наведен во испитната програма колку што видов јас Истото важи и за Процес од Кафка. Да не бидеме во заблуда....барем да се држиме до она што е во испитната програма
Па тоа всушност е едно исто решение, само нели кај едното се работи за извлечен минус затоа што ете гледаш дека тоа второто делче 2(х+2) во двата изрази е исто, само содржината напред е сменета и тоа е токму поради извлекување минус напред, за распоредот во заградата да биде х+2 на двете места. Муабетот ми беше, се добива поен за секое точно решение, во овој случај и двете решенија ќе се бодуваат, но не мора да бидат напишани двете. Едно е доволно, ама да биде точно. Во секое школо различно групираат, така да мислам никој не би можел да пресече и да каже - да, по азбучен ред е. Ќе ви истакнат списоци, можеби веќе и ги има, за тоа кој во која училница ќе биде и кој друг ќе има со вас. Ние не бевме по азбучен ред, немаше ни некоја хиерархија во тоа послаби-појаки математичари.
Во ред. Но, во книжевните правци во 20ти век спага модернизнмот и егзистенцијализмот. Зар неможе да се направи споредба пр. мегу Едгард Алан По со Гарванот и Алберт Ками со Странецот...? Па не е стриктно дадено замо за егзистенцијализам да се пишува..тука и за двата правци во 20ти век..
Девојки од кои прирачници за матура учите?? има некој во електронска верзија, да се симне од нет или слично???
Не може затоа што Едгар Алан По е предвесник на модернизмот, и творел во 19 век. А, темата ни е насочена кон 20 век.
и јас за ова слушнав. професорите од корчагин всушност ги подготвувале тестовите за државна и ако е вистина тогаш ај ако има некоја од корчагин нека каже нешто плус. кажете за есејот по македноски, а не е лошо и по англиски да се спомне. меѓусебната помош и поддршка се најважни во овие мометн, матурантки мои
Не е истото решение девојки, не можете да извлечете минус затоа што експонентот ви е на парен степен, значи ако сакате да извлечете -, всушност ќе извлечете (-1)^2(x+2) а тоа е 1 што е исто со 2(х-2)^2(x+2), а не со -2 (х-2)^2(x+2)
Полесно било да ти „светне“ кога ќе го напишеш на хартија. Јас сепак си стојам на тврдењето дека поен добиваат сите точни решенија, односно во игра се сите точни одговори во некои задачи кои го дозволуваат тоа. Така било, така ќе биде и годинава.
Јас пак кога спремав матура и кога полагав не сретнав повеќе точни решенија... Сигурни сте дека има? Или може имаше па сум заборавила...