за версификација (стихотворство) ќе има?? на страна 135 е во книгата за матура. edit:кажуавјте нешто за англискиов дупка сум
Дали средствата за масовна комуникација ги зближуваат или одалечуваат луѓето ? Таа била слободната тема.
Некои прашања што ги има во матурите...и да ги бараш тешко е да ги најдеш, а не па да ти текне таму во моментот. Некое скриено делче, со лупа да го бараш..
За македонски не е страшно, барем делата се знаат, напишете неколку реченици општо за егзистенцијализам и за модернизам (за да можете да комбинирате зависно од темата), еден пасус за Мерсо како лик, еден за овие лудите од Годо ама критички да бидат, не раскажување. И пак некој универзален завршен дел. Колку толку спремни ќе отидете. Ама затоа англиски би било многу, многу добро кога би се знаела темата за есејот, оти вака е малце заебано Дека некој ги има тестовите ги има. Секоја година ги има и ќе ги има. Вие да ги спремате тестовите на внук, на син, на вашиот клас нема да кажете? Корчагин ако ги немаат, кој ќе ги има. Јас Ама треба некој да се најде да каже на простата раја.. Тие што ги имаат не седат по форуми на вакви теми, туку си луфтираат мозок.
Сигурно е дека нема да се паднат "ПИРЕЈ" "ЗЛОСТОРСТВО И КАЗНА " "АЛБАТРОС" "ЕЗЕРО" ОД МАТЕЈА МАТЕВСКИ И КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ
Девојки, деновиве редовно ве читам затоа што и брат ми е матурант. И тој, исто како вас испаничен е 100тка, ама бадијала се мислите толку и грижите. Лесна е матурата, не е дека прашањата се нуклеарна физика. Има ептен очигледни одговори, а има и такви за кои треба малку да се замислите. И јас полагав матура пред 4 години. Ние имавме и есеј (за кој не ја знаевме темата) и плус извештај пишувавме. Кај вас сега е полесно, имате ориентациона точка, ако ништо друго. Со среќа на сите, не се плашете, не паничете, и пробајте да препишете во сабота!
Луѓе што ви е? Какви црни тестови да имаме. Нема шанси такво нешто, исфрлете од глава дека ќе дојдете до некој тест. Тоа се држи во најголема тајност, никој нема да си ризикува работно место, па дури ни за сопствено дете. На крај краева не се толку тешки овие тестови, есејот е само малку покомплициран. Доволно е еднаш да го прочитате прирачникот ако ви се познати делата и толку. А граматика прелесно е, и тоа на заокружување. Чисто за да знаете до каде сте со знаењата тестирајте си се со овие од претходните години. Јас на пример се изненадив што без никакво учење одприлика 70% точно го одговорив тестот. Кога ќе завршам со читање на прирачникот ке се тестирам пак со тест од друга година. Тоа е моето спремање се на се
Е, значи дефинитивно ќе се побркам јас! Во испитната програма го нема Процес со Кафка, а мојава професорка ми кажува дека е можно да се падне на есејот! Стварно не знам кој, што да слушам веќе.
A Kафка го има ли во некој прирачник? Јас тогаш не го прочитав делото, го гледав филмот...и некако низ магла ми е
Да, знам дека не е ....ама зошто и мојава професорка го спомна Или и тие немаат поима, па сите информации си ги вадат од ракав
Кафка е лектира и спаѓа во Егзистенцијализмот. Го спомнуваат, зашто ако биде тоа тема, смееш да нафрлиш делови или да се повикаш на содржината во Процес. Затоа. Ако не си го читала, нема да го спомнуваш
Сите кажуваат различно. Нас професорката ни рече дека биле исфрлени пред 2 години. Не им стигнало никакво известување дека ќе бидат пак воведени. Ама , еве, некој од феминкиве пишуваат дека нив им рекле дека може нешто да се падне. Секој професор различно кажува .
Девојки, колку поени одземаат за несоодветни интерни предмети? Ме интересира за една другарка сака да се запише филолошки со средно медицинско...