Знае некој колку задачи ќе бидат математика?40-50 ?Зошто јас мисламм дека 15 се со заокружување,15 со дополнување и 10 за решавање.
Незнам зошто но некако мојот инстинкт вели дека една од овие ќе се падне, незнам зошто, но останува да видиме сабота . Денес посебно ми тргна денот. Го има ставено списокот кај нас, кога ми кажаа со кои сум во група = добитна комбинација. Патем од колку часот полагаме?
Aко се падне второто дело готова сум... Само не ми е јасно дали постои поглупо дело од "Чекајќи го Годо"? Да зборам за апсуд на Владимир и Естрагон кои и самите дебили незнаат што прават , што чекаат и кого...и самиот автор вика дека чекаањето се повторува низ целото дело...е по дебилно нешто немам прочитано у живот...
aj ke ve molam ako sakate da mi ja kazite temata za matura za esej po makedonski ako znaj nekoj kako e fala onapred [mod-kirilica:1jmx8ewm][/mod-kirilica:1jmx8ewm]
Наврати се на горните коментари и ке прочиташ.. Албер Ками "Странецот" Бекет "Чекајќи го Годо " XX Век, модернизам...Во главно...
Не, не, не. Никако не би се согласила со ова. Не го гледајте делото така површно - двајца будали чекаат некого, а уствари и тие не знаат кого чекаат и толку. Не. Пробајте да навлезете во суштината на делото, резонирајте од друг аспект, од оној низ секојдневниот живот. Сите чекаме некого, се надеваме дека нешто (виша сила, карма, среќа, Господ, рандом личност) ќе ни се „појави“ во некој дел од животот и ќе предизвика промени, помагајќи или одмагајќи ни - исклучок не се ниту овие двајца, си чекаат, можеби и ќе си дочекаат. Понекогаш се поклопуваат коцките - случајно или не - и се' ни оди во надолна или нагорна линија. Колку и да се чукаме во гради дека самите сме си содзале или одзеле, секогаш е тука тој некој фактор од кој сме зависни (смотан пример - аплицираш за работа да речеме во област која и не ја владееш баш најдобро, убеден си дека немаш големи шанси, но тука е таа искра која потајно ти вели дека можеби ќе успееш, можеби ќе го добиеш работното место кое го сакаш ... пак наидуваме на тоа чекањето нешто/некого). На крај еден ќе им суди на сите - Годо, Господ, како милувате така. Тоа е суштината на делото, ние многу внимание му посветивме на Годо, имаше солидни текстови за тогашната писмена работа кои профеосорот рече дека би билo супер доколку приложиме нешто вакво таму на матура, ама „не ни беше судено“, се дружевме со романтизмот. Пробајте секогаш да тргнете од наједноставното, само така ќе ја сфатите суштината на сите дела.
Добро сега пак се збунив...зошто го спомнувате за есејот Чајлд Харолд коа тој е во романтизмот, а нашата тема е модернизам?
Доколку се падне за егзистенцијализам треба да се пишува за "Странецот" од Албер Ками и за "Чекајќи го Годо" од Семјуел Бекет. А доколку се падне за модернизам за кои дела и писатели ќе треба да пишуваме?
Не, не за есејот. Прокоментирав дека можеби ќе се падне во оние дела на почетокот од тестот. Пример со некој извадок и да одговориме на прашањата. Не за есејот. Јасно е дека есејот е само Годо и Странецот .
^ Ахам Kaролин, сега разбрав...мислев уште муабет за есејот се правеше Е, можно е за така да го дадат. Ај ќе видиме дали била точна твојата интуиција. Да си го повторам јас поубаво
Женски, од која година ви се прирачниците што учите? Сите што ги прашав од 2007 им се. Мојот е 2011. :/ Леле не знаете каква паника ме фаќа, уууууууууууф Црева ми се превртуваат