Ме интересира како би го осмислиле воведот на есејот, односно како би зборувале за сите книжевни правци на 20ти век, давајќи им една карактеристика која ќе ги приближи суштински сите правци ? Секој правец си има свои особини а во воведот сигурно не би пишувале за секој правец посебно ........ Ај помогнете ми околу ова
Конкретно за карактеристиките на егзистенцијализмот ќе пишувам во воведот, а како заклучок нели, треба свои гледишта поврзани со темата.
И уште нешто : Дали `Чекајќи го Годо` е дело на егзистенцијализмот ??? Бидејќи никаде не е спомнато тоа, туку само дека е театар на апсурдот (антидрама).
Antolinaa убаво кажала. Свое гледиште поврзано со темата. Нас професорката по македонски ни кажа дека може да се извлече некоја мисла, како поука
Вест - Како што сум пишувала и до сеа, па и на есејов ќе пишам гледиштата мои за темата. 3-4 реченици отприлика Шпагетке, нели пишува и во прирачникот во содржината назад, дека спаѓа во егзистенцијализам.
Не, не сме по азбучен ред. Во мојата група дури има од сите 7 класови по некој ученик. А за англиски кај нас уште нема списоци кој со кого е.
Дали во воведниот дел за есејот ќе пишувате за егзистенцијализам, модернизам или пак ке направите некаков спој?
со извинење али не сфаќам каква поврзаност има да се падне странецот,чекајќи го годо или гавранот. Гавранот спаѓа у модернизмот.
Драги мои матуранти Ками и Бекет воопшто не ви се криви ама баш за ништо. Ако не ви се допаѓаат нивните дела не морате да пишувате за нив, имате слободна тема пишувајте си на неа. А , за останатото не се преоптеретувајте и воопшто не плашете се. Си велите сега лесно и е да зборува, кога нејзиното поминало. Но, не е така... Најискрен совет ви давам, наместо да седите по форуми, ако мислите дека има потреба повторете си го уште еднаш материјалот, ако не оставете го "да си легне", одморете се, наспијте се...друго нема што да правите. Прашањата ќе бидат лесни секако оние кои имаат точен одговор, а за оние кои немаат (каквишто имаше лани) едноставно може да си нагаѓате, но не и да се нервирате како што се нервирав и долго по објавувањето на клучот. Искрено посакувам годинава да нема такви, а за останатото не грижете се, кога ќе помине ќе сфатите дека сум била во право. Ви посакувам среќа, а доколку некако можам да ви помогнам, слободно прашајте. Поздрав.
Гарванот не беше спомнат за есејот туку за првите прашања, и не е некоја информација туку претчувство на членката. Ептен се замешаа работите
^Ахам. Фала многу Инаку да прашам уште нешто, не ми е јасно во врска со есејот по македонски. Значи најверојатно ке се паднат екајки го Годо и Странецот, е сега за егзистенцијализмот треба да се пишува како вовед и потоа како треба за делата да се пишува, читав дека требале да се споредуваат малце не ми е јасно, ве молам просветлете ме
Не верувајте на ниедна претпоставка во врска со слободните теми, лани имаше и такви кои 100% ги знае насловите па ништо од тоа. За темата од материјалот можете да се подготвите, а за слободната, тоа ќе биде најопшта тема , само малку инспирација и сетете се на правилата за есеи кои ви ги кажале професорите по македонски. Nothing to be done!- што би рекол Естрагон
Секоја година во насловот пишува И/ИЛИ што значи дека твој е изборот дали ќе правиш споредба или ќе си пишуваш паралелно или пак само за едното дело. Без паника.