^ на исто прашање сме се двоумеле доози хихих и јас тоа заокружив.. И мене ми беше мака малку тексот...особено тоа од граматика...но ајде мина
Значи само јас сум утнала јас пишав полнозначни А јас се бунев за тоа прашање каде што беше за какво општество се работи во Тартиф?Како одговоривте?Е и за тоа кој збор беше грешеН Анѓел,ѓеврек или Гулија пто заукруживте?
Не си утнала ти, ние сме утнале. Сега во правописот вика дека не секогаш, ама тоа било од два полнозначни збора. А можев да се кладам дека истото го прочитав кај проклитики Па баш и истиот пример го има, Колку пари.
Прв впечаток - не беше многу лесен тестот. Немав трема и не бев цела во паника, се зачудив што е даден "Чичко Горио" и песна од Гане Тодоровски која ја гледам и читам првпат во животот. Есејот го напишав солидно (барем според мене, а оценувачите како ќе проценат тоа е трето), знам дека имам неколку прашања утнато и од делот на Јазик и од литература (веројатно)... ама имам и точни... во секој случај не е лошо. Сепак тоа е првиот впечаток и ни јас самата не се сеќавам на сите прашања и одговори кои ги заокружив. Знам само дека околу 12h почнав да го пишувам есејот (без разлика што ги немав сите прашања одговорено и пренесено на листот за одговори) се со цел да не испаничам на крајот доколку немам време да го допишам. Пишував за темата од Реализам, нешто од дома што имав подготвено и нешто со употреба на фантазијата и креативноста . Не си единствена И јас одговорив полнозначни (просто логиката така ми кажуваше). - Јас заокружив Анѓел.
Јас напишав полнозначни збора хахахха иначе кај онаа песната од Гане строфична ли е или една од другите.. јас тоа на А го заокружив.. интуиција..?
За Тартиф напишав апсолутистичка власт или не знам шо беше, битно апсолутистичка е. А за тоа кој збор беше грешен, исто и јас анѓел заокружив.
И мене тоа ми беше логика да бидам искрена ни не знам што значи проклитика и енклитика А инаку јас заукружив Гулија зошто Анѓел може да е и име а тогаш е со Ѓ не бев сигурна и играв енимениснеи и се падна в и си велам тоа ќе да е А имаше и други прашања што ме мачеа ако сака некој нека пиши лп може да споделиме одговори За Тартиф ми кажаа под б и тоа заукружив и не се сеќавам што е, а за тоа од Панов е редување јас тоа заукружив
Заокружив астрофична и пак по логика оти првпат слушнав за такво нешто или барем не можев да се сетам дека некогаш го имав прочитано... знам имаше строфична (си викам тоа сигурно ќе да е ако е поделена на строфи); хетерострофична (строфи со различен број на стихови); астрофична (без строфи, а знам песната имаше само една строфа).
Матурава не беше лесна уопште! Најглупави дела ни дадоа! Во прирачниците ја немаше таа на Гане Тодоровски и пишав дека е астрофична пошо ме асоцираше тоа што не беше строфирана, а мене ме интересира што напишавте кај тоа делчето Ма-ке-дон-ци што форма или што беше прашањето. Граматиката беше зезната малце, есеј пишував на слободна пошо реализам ми е слаба страна
Doozy, не е утнато акцентски целости со проклитика е точно. Види вака, не може одговорт да биде 2 полнозначни, бидејќи ти е кратка заменска форма од тебе ти. -Колку пари ти требаат? (Колку пари тебе ти требаат, би требало да биде, ако е целосна заменска форма) што значи ти не е полнозначен збор. Ти требаат е акцентската целост, а бидејќи кратката заменска форма е пред требаат значи е акцентска целост со ПРОКЛИТИКА. Пробај да изговориш ти требаат, види сама дека заедно одат и кај паѓа акцентот
И јас да покоментирам , мене матурава ми беше искрено па и не многу лесна. Многу се испонервирав во есејот ги имав надминато зборовите и пречкртав , а сега слушнав некои инвормации или деизнформации дека се одзимале поени ако имаш чкртано.Јас ја прашав професорката рече да пречкртам , а тоа што го пречкртав е многу
Не бе не ја погодив ич темата, јас пишував за реализам сепак Фала и на Литл за другата тема што ја кажа. Не бев себична и споделив со вас, сега чекам некој да биде добар и да ме извести за англиски ако дознае Кога ова ја дознав, мора и другата да ја дознаам Ама овој пат ЛП ќе има само за феминки
Мене тоа воопшто не ми е логично. Според мене акцентската целост е колку пари. Можеби и не е така, не знам. Доколку се смета како акцентска целост тоа ти требаат тогаш секако е со проклитика (како што одговориле и поголемиот дел од учениците). Ете ти, страшен исклучок сум.
Мора да дознаеме за англиски... И ако некоја од вас, феминки, дознае.. нека не биде себична и нека ја сподели Инаку имам едно прашање, дали одговорите пред да ги пренесеме на црвениот лист мораше да се заокружат и на тестот ?!