http://makedonskijazikiliteratura.blogs ... _1174.html Во прирачникот на Билјана е пишано како АКЦЕНТСКИ ЦЕЛОСТИ Иначе исто е тоа со енклитика и проклитика Не се секирајте и лесно е ептен
Aj да поставам едно кратко и јасно прашање Во воведот ќе пишувате за модернизам или за егзистенцијализам?
Не мора да значи дека ќе ги нема , сигурно забележа дела исти дела се повторуваат неколку години. Но, прашањата поврзани со делата се најлесни , имаш извадок и не е можно да не го пронајдеш одговорот во извадокот, а за тема, идеја тоа веќе си имате во прирачниците...
По малце и за двете. Озбилно. Нам професорката ни кажа да ги наброиме подправците на модернизмот, па после некој збор за егзистенцијализмот да кажеме. И мене најдобро ми се чини така.
Нас пак ни рече да не ги пишуваме подправците (симболизам, импресионизам, фурутизам....) Немало потреба. Само да ги поврзиме модернизмот и екзистенцијализмот и да кажеме дека се појавиле на почетокот на 20век.
заклучокот од сето ова е дека сите професори/ки различно кажуваат. барем на двајца да им се вклопеше размислувањето затоа девојки не слушајте многу многу по форуми што пишуваат, туку гледајте тоа што го знаете да не ви измеша. имајте самодоверба малку и што ќе направиме ќе направиме. мене паника ме фаќа за есејот, а за другото некако како да не ми е страв толку. денеска бев и кај професорката на консултација, сега попладнево пак ќе читнам и малку утре. англиски учев дур учев, сега деновиве не ни се замарам со англсики. прво мак. да помине. најважно е да не паничиме, е сеа колку ќе успееме во тоа...ќе видиме сабота сабајле.....
Има ли време за да се реши се од тестот, притоа и да мислиш убаво, па и таму да смислуваш реченици за есејот? Мене тоа ми е најголем страв и до сега во школо од брзање многу пати сум утнувала, а сум го знаела точниот одговор. Тие што веќе го поминале ова, како бевте? Излеговте порано, се брзавте...?
Има време не се секирај И јас така во школо од брзање грешев ама нема потреба од тоа. Имаш време и да размислиш и да си провериш и се Само смирено. Со среќа
Времето е најмал проблем, имате доволно време, барем од мојата група никој не седеше 4 часа. Не брзајте, убаво размислете, сконцентрирано. ВАЖНО! - Најмногу внимавајте при внесувањето на одговорите на "црвениот" лист, многу грешки таму се правеа...и после на никој не му е гајле како ти е на тестот ако случајно по грешка обоиш погрешно кругче (што се случуваше). Со лесно!
па да, во право си, има и такви случаи.. се надевам само нема да бидат тешки прашањата, ниту па двосмислени..
Имаше по некое дво/тро смислено , не ти го кажувам ова за да те исплашам, туку за да очекуваш...имаше и грешка поставени прашања, сигурно во ланските тестови го сретнавте она со Раскољников, ама тоа не зависи од вас, така што нема потреба да се плашите. Воглавно не е тешко.
да, да знам.. сретнав и јас 2-3 такви грешки.. пример во тој од јуни 2008 има прашање каков тип на рима има во везилка. Везилке, кажи како да се роди проста и строга македонска песна од ова срце што со себе води разговор ноќен во тревога бесна? и сега одговорот е вкрстена, а во клучот вели дека е прегрната.. барем си мислам дека е грешка нивна :roll:
Нивна е , и не е еднствена, ама јас искрено се надевам дека од година во година се управуваат па годинава ќе нема такви... Во сабота чекам импресии* за тоа како сте поминале...
Знае некој малку да ми појасни околу независносложени и зависносложени реченици,како да го разликувам? ОСвен по овие сврзнициве многу се,неможам да ги запамтам...
Сакам да ве прашам ги разлистувам страниве на нашиов форум и гледам дека сите викате ќе има споедба меѓу Алберт Ками - Странецот и Семјуел Бекет - Чекајќи го Годо, припадници на модерната литература - егзистенцијализам. Прашањето е следното постојат ли други две дела можни да ни дадат за споредба.
Кај независните двете реченици можат да стојат и одделно. А кај зависните не може. Барем јас така ги разбирам.
Дали е можно препишување со било каков однапред спремен помошен материјал или прават проверка пред самиот почеток? некои искуства од претходните генерациии...