Моја препорака- не ризикувај! Не можеш да знаеш каков тестатор ќе ти се падне, а и времето што ќе го потрошиш за спремање на таков материјал потроши го да го повориш наученото. А не дека не може, многумина се снајдоа, па им праќаа есеј по телефон или додека одеа во ВЦ (нели имаш право 5мин да излезеш) се потсетуваа од ливчиња, па и книги некаде скриени...ама оние кои беа фатени откако го предадоа тестот, тестаторот се потпишуваше во знак дека бил направен прекршок.
Клитики се. Да, се полнозначни зборови ама се по ист акцент и прават акцентска целост. За клитики обавезно има во тестовите, и во прирачников од кој што јас учам нема за тоа, ама професорката ни објасни. Обрнете внимание ги има во сите тестови минативе години.
ДПМК се одлучи за оваа испитна година темата да ја извлече од периодот - Книжевните правци во 20 век и современата литература (во испитните програми се наведени авторите кои припаѓаат на овој период). Учениците задолжително ќе треба да изберат дела и автори од светската книжевност кои го отсликуваат овој период , но во пишаниот одговор на темата ќе може да дадат примери и од националната литература. ----Значи, нема други, тие се.
А, како ги фатиле дека направиле прекршок откако го предале тестот? Нели кога ќе излезеш за во ВЦ со тебе доаѓа и помошник тестаторот.
Велам дека откако го предадоа тестот им се потпишаа. А оние кои ги фатија беа со ливчиња под тест, телефони и слично. За во ВЦ кај нас не праќаа никој ама беше строго забрането повеќе од 5 мин (што секако за во ВЦ е доволно, а за друго не знам)
И јас мислам да не ризикувате. Кај нас фатија со телефон едно дете. Искрено не се исплати да ве фатат. Кај мене додека се полагаше имаше можност да се кажува, така ние со другарка ми си кажавме неколку прашања, јас на неа, она мене ама јас смотанка више ги обоив погрешно Така да, ако имате таква можност океј, и да ве види ќе ве опомене и готово, а со ливче или телефон искрено е малце ризично. Е сега има можност на пример на ливче да пишете тоа што не сте баш сигурни и во прслук ливчето. Ако нешто не знаете а сте сигурни дека го имате на ливчето трк до вц и проверете на брзнинка, со вас таму никој не влегува а во прслук не проверуваат Ама тоа е за екстремни случаеви и плус ако тоа што не го знаете го имате напишано на ливчето. А вака баш да извадите телефон или ливче на полагање не ви препорачувам.
Јас планирам англиски да ги препишам есејот и писмото преку бубица. Јас нема да зборам туку кога ќе излезам во вц преку порака ќе ги пуштам темите и само ќе ми диктираат. Не претресуваат пред да влеземе? Секако ќе ми биде скриен мобилниот и жицата нема да се познава. Мислите дека ќе успеам? Како е на почетокот има гужва и галама за да ги кажам насловите или не?
снаодлива сум за препис ама не ризикувам што биде нека биде веројатно неможат 1 да ми стават.еве се спремам малку по малку уште да ги повторам деката ми остана по македонски а за англиски никој ништо не спомнал а еве го понеделник кај е.освен тоа англиски не знам ништо ни шо треба да учам ама баш ништо! ај нека биде некоја толку добра и нека помага да каже што знае за англискиов шо има шо нема...
Зошто на страната за матура кога ќе ги отворам тестовите од државната матура од претходните години излегуваат тестовите меѓутоа во нив има само извадоци, текстови и прашања во врска со тие текстови и извадоци? Сакам да кажам го има само делот од литература , а што е со граматичкиот дел, како да го најдам?
Нас не не претресуваа, само ни рекоа да ги оставиме телефоните на маса и ги броеа колку ученици толку телефони да има, ако одиш на атаа варијанта можеш да оставиш некој што не го користиш, ама јас пак мислам дека тоа е прееголем ризик кој не се исплати, ги знаете темите подобро некој нека ти напише состав и научиго одколку вака. Може да ти се познава телефонот плус ( кај нас така фатија).
Оу да.. Незнам ти си знаеш, ама мој совет ти е да не ризикуваш.. Ако си храбра само напред може ќе се исплати.
сега видов на страната за матура за англискиов дека она граматика нема ко што е во македонскиот испит и испитот содржи само 16 страници за разлика од македонски кој е 32страници.и тоа е некакво олеснување
Јас само прочитав дека си пишала дека темите се знаат, па затоа пишав. Прашањето не го поставив јас, не планирам да препишувам.
Луѓе ај помош со есејот. Не знам како да го поврзам воведот со главниот дел. во случај во есејот да треба да ги обработиме ,,Странецот" и ,,Чекајќи го Годо" ?
Матура( англиски јазик) Дали некој ги знае темите за полагање на државна матура по англиски јазик позз
Не, и нема да се дознаат. Не сакам да ве разочарувам само ви кажувам како стојат работите. Дури и некаде по форуми да видите напишани теми бидете сигурни дека не се тие. Шпекулации имало и ќе има. Слободните теми се општи и англиски и македонски и тоа најмалку треба да ве плаши уште од сега. Посветете внимание на останатото. Искрен совет.
сакам да ве прашам ако има да напишиме соопштение или барање или нешто слично дали и насливот и потписот долу се бројат во зборови? оти нели и за тоа е ограничено од колку до колку зборови