Вие и без ова, набројаните работи секако до сега сте ги научиле. А дури и да е вистина тоа што го напишало девојчето чија братучетка имала другар, кој имал другар кој полагал предвремено (или така нешто) секако дека не треба на тоа да се потпирате... Ослободете се од стресот и веќе не читајте секакви (дез) информации, само ве збунуваат, навистина. Верувајте во себе и во она што четири години сте го учеле!
Деминутивите се користат кога сакаш да искажеш нешто дека е мало пример раче, а со хипокристиците се искажува и позитивниот однос кон предметот, то ест едноставно зборот те асоцира и на нешто мило, во случајов со раката ќе биди раченце. Др. примери: демин. - запче; хипокр. - запченце; демин. - прсте; хипокр. - прстенце и сл.
Не кревајте паника околу матурата затоа што не е тешко како вие што мислите. И јас пред 4 години мислев како вас но кога го погледнав тестот ми доаѓаше да се смеам. Ќе имате строфи од песна и потоа ќе ви следи прашање да кажете каква била римата во песната ( дали вкрстена инт.), која била темата во песната...? За есејот ќе имате 2 теми па изберете ја онаа слободната ако веќе ја немате читано книгата за која што ќе е другата тема. Па сигурно ќе знаете да напишете едно просто составче. Нема они да ви бараат којзнае каков состав да имате, битно ќе е само да обрнете вимание на зборовите, затоа што ќе ви пишува од колку до колку зборови треба да ви содржи есејот ( пр. од 200 до 250), ако имате еден збор помалку или повеќе од таа бројка нема да ви се признае есејот. И за извештај, барање или што и да е ќе ви има пишано што и како треба да ви содржи текстот. На крајот од тестот имаше еден текст и долу ќе имате прашања се во врска со текстот. Убаво се сеќавам кога полагав јас имаше за кафе во Бразил и потоа следеше прашање каде се пиело тоа кафе? Па секако во Бразил... Прости прашања што и баба би ги знаела. Така да воопшто не се плашете, се ќе помине во најдобар ред.
А која е разликата меѓу аугментатив и пејоратив? Брат ми има прирачник од проф. Ленка Панчева, ама не можам да најдам за овие работи...
Aугментатив ти е за преувеличување на нештата...пр. нос-носиште А перојативот е за исмејување...пр. нос-носло, уво-ушле , забло итн.
Дечки нешто слушнав дека за англиски ќе сме имале да напишеме complaint letter. Незнам колку е точна информацијата, сега секако дека ќе има шпекулации, но да споделам. Повторете си за секој случај
Жалба е тоа. Се пишува во него дека не сте задоволни од одреден производ, услуга од некоја фирма итн.
http://www2.elc.polyu.edu.hk/cill/eiw/c ... ructor.htm Just in case Патем како што се наближува денот, сфаќам дека ништо незнам
Негде прочитав "ОД КАЈ МЕНЕ ЕДЕН ГО ИМАШЕ УЧЕБНИКОТ ВО КАЗАНЧЕТО" Mислам ма ајде до кај дојде работава хаххахахахахахахахахахахахахаххахаха Добра идеја дал типот
Учениците ќе треба да пишуваат еден текст, при што ќе имаат можност да изберат, на самиот ден на испитот, дали ќе пишуваат на слободна тема или на тема извлечена од материјалот кој се реализира според наставните програми, а се дел од испитната програма. ДПМК се одлучи за оваа испитна година темата да ја извлече од периодот - Книжевните правци во 20 век и современата литература (во испитните програми се наведени авторите кои припаѓаат на овој период). Учениците задолжително ќе треба да изберат дела и автори од светската книжевност кои го отсликуваат овој период , но во пишаниот одговор на темата ќе може да дадат примери и од националната литература. Еве нешто што имаше напишано на нет