е уште complaint letter фалеше уште за есејот и формално/неформално се думам што да правам, кога да извежбам убаво, па ова шлагот. абе кој ги прави само тестовиве? најпцуени и најколнети луѓе се п.с. на шала, на смеа, утре (па веќе 7ми е) полагаме уште не ми се верува дека и јас дојдов да полагам. се уште се мислам прва година дека сум
Само уште да беше Чичко Горио .. аман доста со лажни информации што како ќе било , наместо да седнете да прочитате..
Си мислам се друго ми е јасно ОСВЕН тоа кој писател и кое дело на кој правец припаѓа!! зошто никако неможам да ги распоредам кој кај е .. уф! Замолувам некој да ми ги напише доколку сака и може. Ќе му бидам мнооогу благодарна.
Хуманизам и ренесанса - Данте Алигиери - „Божествена комедија“ - Мигел де Сервантес - „Дон Кихот“ 1.Класицизам - Жан Б.П. Молиер - „Тартиф“ 2.Романтизам - Џорџ Гордон Бајрон - Странствуваањата на Чајлд Харолд“ - Александар Сергеевич Пушкин - „Евгениј Онегин“ - Виктор Иго - „Клетници“ ( Оваа нема да ја има, али си ја имам запишано зашто е претставник на францускиот романтизам) - Едгар Алан По - „Гарванот“ (покрај тоа што делово спаѓа во романтизам, е и предвесник на модернизмот, па затоа го има и подоле) 3. Реализам - Оноре де Балзак - „Чичко Горио“ - Лав Николаевич Толстој - „Смртта на Иван Илич“ (и оваа нема да ја има) - Антон П. Чехов - „Раскази“ - Фјодор М. Достоевски - „Злосторство и казна“ 4. Модернизам - Шарл Бодлер - „Цвеќиња на злото“ - Едгар Алан По - „Гарванот“ - Албер Ками - „Странецот“ - Семјуел Бекет - „Чекајќи го Годо“ И да, залудно е шо ти ги пишав.. Само ако седнеш дело по дело, полека и темелно да ги обработиш, само тогаш ќе ти влезат во глава. Сепак, се надевам дека ќе помогнам со листава. Со среќа !!
Е ај сега вака. Имам раскрстено со тоа дека Едгар Алан По е симболист и тн. Но, ако се падне извадок од Гарванот и се бара да се каже на кој правец припаѓа, романтизам или модернизам? Трик or what?
Во прирачникот од Ленка пишува вака: Едгар Алан По е претставник на романтизмот и предвесник на симболизмот, струење на модернизмот. Обработен е во делот кај што се обработуваат дела на модернизмот, а спомнат е онаму каде што се набројуваат претставници на романтизмот.
Уште едно дело Francis што го има заборавено, Ренесанска во Англија: ,,Хамлет''-Вилијам Шекспир Инаку девојки ги учевте морфолишките особености на дијалектите и така слично, јас не.
леле и јас тоа, ги учев за на училиште кога одговаравме и многу ми се глупи, не сакав да ги повторувам сега, а ако се паднат ќе се зафркнам
Едгар Алан По -Гарванот тоа е во 19ти век затоа не треба да се падне. Исто и Шарл Бодлер иако спаѓа во модернизмот тоа е во 1860та година таму некаде и се вбројува во 19ти век затоа и тоа не спаѓа во 20ти век литература. Единствени што остануваат се Странецот од Албер Ками и Чекајќи го Годо од Семјуел Бекет... а што е тоа за Чичко Горио ????
Добро тоа за есејот имам раскрстено дека ќе биде 20 век. Очекувам да се падне Гарванот како извадок со подпрашања, како лани со Албатрос-от... you know... тоа може да е трик прашање... затоа прашував.
Ниту јас не ги учев тие фразеолошките особености на дијалектите. Мислам дека нема да се падне тоа. А ги учевте тие ритмички стапки, јамб, трохеј тие? Исто така дали ги научивте сите стилски фигури? Триесетина се и многу се мешаат.
Мислам дека не треба за ритмички стапки Ај, нека поминe побргу само, па да уживаме во летото на мира. Јас колку толку, се осеќам спремна. Барем прашањата од минатите години ми се лесни.
Jас не учев ништо, само еднаш го прочитав учебникот и тоа не целосно Oбратив повеќе внимание на хомоними,синоними итн, на деминутативи,аугментативи,пејоративи, после ќе читнам за едначење по звучност и сл. и ке научам во кој правец спагаат делата. и без нервози девојки, колку повеќе се нервирате и напнувате, толку повеќе ке се избуните се надевам дека утре ќе имаме среќа да ни се паднат не толку двосмислени прашања и дека ке можиме да си подкажиме нешто со соучениците. со среќа нека ни е на сите утре !
Јас за есејот само за Чекајќи го Годо и Странецот ќе научам, зашто нас ни рекоа тие дека сигурно ќе се паднат.
И јас сум матуранка но ги замолувам останатите да бидат смирени бидејќи кога пишувате дека сте напнати,исплашени и мене ме плашите.Инаку и јас сум паничарка и сл.но мораме да се смириме,мислејќи позитивно,дека ќе напишиме се,нема да има двосмислени прашања.Што се однесува до темите колку и да споделуваме сите од минатите генерации велат сосема трето ќе падни.Матуранти бидете си тие што сте,нашето знаење никој неможи да ни го земи!Утре пенкалцата и водичката под раче,че си појдиме на училиште,се ќе напишиме,ќе си се вратиме и ке правиме парти на фемина! Ви посакувам среќа и сите да бидеме задоволни!
Е така! Јас не сум матурантка ама и мене ме исплашивте. Како што секогаш пред тест ве фаќа паника дека ништо не знаете така и сега...Ама без гајле, кога ќе седнете и ќе се сконцентрирате ќе видит дека не било толку страшно. Среќно и од мене!!!
Треба пред се да имате прочитано барем 80 % од лектирите што ви биле во текот на учењето,зошто најголем дел од прашањата се за тоа (плус песните).Што се однесува до граматичкиот дел,јас барем кога полагав беа прелесни прашањата.Незнам дали сеуште ги има,но проверете си на страната на министерство за образование дали се во архивата тестовите од претходните генерации за матурата.