Ги има тестовите од претходните матури, грматиката не е тешка. Ме интересира само дали некој знае отприлика колку поени смеат да се изгубат за да ти избега петката?
Тоа нема да може никој да ви го каже, затоа што бодовната скала зависи од најслабиот и најдобриот тест на ниво на државата.
Слушнав дека бирале колку петки ќе има во една генерација и според тоа правеле бодовна скала. Како и да е, ние ќе направиме најдобро што можеме, па ќе видиме. Со среќа на сите!
Мислам дека од граматиката највеќе внимание се посветува на оние глаголски, глаголско-именски прирок друго ништо не сретнав од граматика.
Нема врска тоа, кај мене во генерација секој втор имаше петка. Имавме јаки бодови. Да не ве залажуваат вакви глупави коментари, не може оценките да се стават по договор или случаен избор.
Еееете тоа е најзафркнатотоооооо Ајде нека дојде утре, побргу нека помине, вака седам, читам нешто, и ќе ми текне дека за ова не сум повторила или, ај чекај ова уште еднаш, па ова уште еднаш, па ова уште еднаш и се така до бескрај.
Да прашам за есејот.Скоро ми е готов, но се двоумам за нешто...За егзистенцијализмот како да го спомнам а да не биде како дефиниција? Може ли овие дела припаѓаат на егзистенцијализмот, такво нешто За делава нешто општо напишав, не прераскажував ама заклучокот ми е малце Незнам дали некоја мисла нешто такво да ставам... А грешка ли ќе е ако пречкрташ нешто? Или во загради грешките?
Едно прашање:Дали смееш бело ливче да имаш до тебе?На него нешто да пишуваш и после да си го препишиш во тестот?
Не е квиз, но знаат да постават такви некои зафркнати прашања.. значи за расчистување, Едгар Алан По е припадник на романтизмот, и предвесник на модернизмот?? бидејќи модерната се појавува крајот на XIX и почеток на ХХ век, а тој живеел од 1809-1849г.
Оценките се ставаат според перцентилниот ранг т.е. скалата се прави според него, според најдобриот тест, така што не може да се знае. Ливче не смееш да имаш, се` што пишуваш, пишуваш директно.
Дали може некој да ми напише есеј за егзистенцијализмот во делата на Алберт Ками странецоти семујел беклет чекајќи го годо.ми треба итно до утре за матура поздрав и се надевам дека ке ми помогнете
Точно, претставник е на американскиот романтизам и ја најавува појавата на симболизмот дури и се смета за негов создавач.
И пример ако е прашање каде припаѓа , шо да пишиме романтизам или модернизам??? Инаку утре полагаме и мислам дека не треба да се паничиме многу... не сме ни први а нема да бидиме ни последни. Се ќе биди како шо треба, и чуварите ќе се погодат и ќе можиме да си поткажуваме, мора оптимизам малце ... Сепак денес ништо не можиме да смениме, шо имаме научено досега то е то. Со среќа девојки на сите утре, и секој да си добие тоа што сака Мој совет доколку ја одберете дадената тема поточно за книжевните правци во 20 век е да користите и цитати од некои дела , оти преку нив подобро можите да се изјасните во тоа што сакате да го кажете. Поздрав
Може есеј за егзистенцијализмот во делата на Алберт Ками( странецот) и семујел бекет (чекајќи го Годо)
Матуфантки со среќа утре, да си положите со убај оценки не се плашете, се ќе биди окејј Македонски треба да имаш поднаучено, да не викам не.. Англиски јас барем не учев ич, а и стварно нема шо да учиш ти дава текстој со прашања и параграфи и ти да ги подредиш,и да одговориш на прашањата Не е ништо сложено.. За составите вие се плашите,... Писмо треба да напишиш, сигурна сум дека цело средно пишите такви и дека сигурно знајте да напишите, без разлика која тема да ви ја дај.. Не одете со страв и се ќе помини во најдобар ред Многу среќа ви посакувам
романтизам мислам фала, и од мене со среќа на сите, нема да биде тешко, смирени, сконцентрирани и се ќе биде во ред
Да, можеш да спомнеш дека овие дела припаѓаат на егзистенцијализмот, и да спомнеш што опфаќа егзитенцијализмот како правец со литературата..