Полагање матура и уписи за на факултет

Дискусија во 'Образование' започната од anastasija19, 20 јануари 2010.

  1. Sw3et.Ang3l

    Sw3et.Ang3l Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    2.096
    Пол:
    Женски
    Еве повелете. Незнам колку се гледа, со телефон сликав :$
     

    Прикачени фајлови:

  2. leonagirl

    leonagirl Активен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2013
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    2
    женски, а на оние прашања каде што треба ние да напишеме одговор, пр. за песни кое чувство преовладува итн. поубаво е да набројуваме по повеќе?
     
  3. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Фала ти Ејнџел, барем мене табелава ќе ми биде од голема корист! Гушкам!

    А иначе во врска со прашањево на џенцкава над мене, мислам дека е подобро доколку опфаќаме повеќе од важните работи во анализите на делата, така да... :wasntme:

    Едит: А нас иначе професорката ни викаше највеќе да се осврнеме на материјалот од четврта година, дека од него ќе бидат поголем дел од прашањата во тестот. Патем, овие за коментари и изјави глупости, по се изгледа нема да ги има? :)

    И пак едит: |( Ние овој Радован Павловски не го обработувавме, женава рече дека не бил во програмата... и го скокнавме. Само кај нас ли така, или?
     
    На Sw3et.Ang3l му/ѝ се допаѓа ова.
  4. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
    Разлика помеѓу еп, епопеја и поема?
     
  5. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Епската песна и епот (епопејата) се стихувани творби.

    Епска песна е кусо епско дело во стихови во кое се раскажува за една случка од животот на некоја историска личност или измислен лик.

    По своите карактеристики епот и епопејата не се разликуваат од епската песна. Се разликуваат само по тоа што се подолги и раскажуваат за повеќе случки и ликови.

    Поема е лирско-епско дело во стих каде поетот во епското раскажување вметнува лирски расположенија, чувства и размислувања.
     
    На francais му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Sw3et.Ang3l

    Sw3et.Ang3l Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    2.096
    Пол:
    Женски
    И ние го немаме работено Радованче. Инаку ќе може ли повторно некој да ми објасни за проклитика и енклитика , неможам да ги најдам претходните мислења, а во прирачникот ми го нема тоа.
     
  7. leonagirl

    leonagirl Активен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2013
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    2
    да да, ама мислев пример какви чувства пробува да искаже лирскиот субјект во првиот стих? или слично.. и повеќе да напишеме..?

    и ние не го обработувавме, ниту оној Бладо Урошевиќ.. нз, досега ги немало, се надевам нема ни нас да ни ги дадат пошто многу малку има за нив напишано... :?:
     
  8. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Абе, ти гледај напиши си доволно, опфати го најглавното.
    Пр. Чувствата околу песната „Црква“ на Конески: дека таму пораснал и дека му била од големо значење, имал огромен порив на чувства кога дознал дека ќе се руши и напишал песна.

    Проклитика : ми донесе
    Енклитика: татко ми
     
    На Sw3et.Ang3l му/ѝ се допаѓа ова.
  9. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Девојки како беше тоа претворањето од зависно сложена реченица во независно сложена, и обратно?
    Ете сега се збунив и мислам дека мозокот ми е каша..

    Веќе не ја отварам темата, како што кажа една феминка предходно само уште толку паничиме.
    Арно си бев смирена бре :D

    :D
    http://www.navalica.com/ispiti/
     
  10. Monroe

    Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    431
    Допаѓања:
    416
    Најдобро се разбира со примери
    Енклитика- Дај ми го, ете ја, камо ја, дај ми
    Проклитика -Би кажал, ја зеде, на раце, пред вас
     
  11. monika.mk

    monika.mk Активен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2012
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    12
    Лани кај Матевски имаше..."...оставете ме крај езерото да умрам." -од песната Езеро.
    Прашање: Што претставува езерото за Матевски!?
    -Одговор во клучот: Извор на живот.
    Па сега видете си... :D
     
  12. leonagirl

    leonagirl Активен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2013
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    2
    ^ леле да, го видов тоа, многу зафркнато е, од кај да знам јас што мислеl и што чувствувал поетот или како го доживувал дотичното нешто? :fubar:
     
  13. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Утре сите амблеми на блузите да ни пишува: Се спремавме на фемина. :rofl:
     
    На Cacy, leonagirl, iHeartVintage и 4 други им се допаѓа ова.
  14. RainDrop

    RainDrop Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2012
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    20
    Има многу прашања: каков вид е делото?
    И треба да пишеш епска песна, поема, балада , елегија.
    Многу ме бунат тие...А во прирачникот се згрешени, за Ленка пишува дека е поема а треба елегија или балада, ни сама не знам. :(
    Ако знае некој да ми ги објасни како да ги разликувам, не според прирачникот затоа што многу се слични објаснувањата него онака ваше сфакање .... :) паники!

    на пример ако има прашање - каков вид дело е Ѕвона од Матеја Матевски треба да пишеме рефлексивна песна или рефлексивна поезија?
     
  15. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Па ако е рефлексивна песна, значи припаѓа во рефлексивната поезија.
     
  16. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Џинџер женче од каде сега ја извади Црква од Блаже Конески...де кажете уште некоја работа што прв пат ја слушам до сега и се откажувам од матурата :rofl:
     
  17. RainDrop

    RainDrop Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2012
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    20
    знам, ама што ке признаат како точно?
     
  18. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Јас знам одговарав за Конескога, и ме праша за таа песМа, ја имаше на крајот од учебникот, и ме прашуваше што го поттикнало да ја напише песната..
    Еве сега гледам имам и прашања за песнава у тетратка шо ни ги дала како матурски женичкава..
    А јас се стресов си викам дали ја помешав песнава, ух мори за малце ќе фрлев книгите и ќе паднев во депресија од тебе. :rofl: :rofl:

    @raindrop - ќе признаат точно одговор што се однесува на прашањето. ( Каква песна е? - Рефлексивна).
     
    На RainDrop му/ѝ се допаѓа ова.
  19. fear

    fear Активен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2013
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    19
    ќе може некој да ми го прати ова, да го слика и да ја стави сликата??? ај Ве молам..го немам тој прирачник јас :(
    Apsurdnata izgubenost na covekot vo svetot na besmislenosta e prikazana na ramni[teto na govorot...CITAJTE JA KRITIKATA MATURANTI...str,208
     
  20. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Немој да паѓаш во депресија, те молам :rofl:
    Јас да си прашам, оти за некои работи прв пат слушам :^) а јас до прирачникот се држам :D
    Сега може Блажо ми се налути, не знаев за Црквата :rofl: