исто и мене, од тој Болен Дојчин се утепав, ништо незнаев за него, тие прашања си ги препишав, напишав се, ама за некои прашања не сум сигурна, па се надевам дека ќе биде 4, препишување имаше премногу, се надевам дека истиот професор ќе ни биде и утре, пошто не планирам да учам многу англиски
Во (мислам) втората строфа од Болен Дојчин преовладува чувството тага/меланхолија (поради тоа што веќе ја изгубил силата..) Инспирацијата е од истоимената народна песна „Болен Дојчин“ Болеста била најподмолниот противник на Дојчин... итн одговорите...
па добро и разочарал се оти ја нема силата,ама тука некаде е а иначе знам сеа од кај е инспирацијата има и у книгата ама тугај не знаеше
Инаку првата строфа е, а можно е и да е чувство на сила оти вика ПРЕОВЛАДУВА а само последнте два стиха меланхолични првите 5 се некако возвишено чувство..не знам
Еј немојте вака одговорите се нервирам, сеа кој шо напишал тоа е, џабе тапиме мозок.... на некој се различни одговорите на некој се исти, на пример и ја пишав сила, зашо делот не ми изгледаше ко да тагува туку како да ја објаснува неговата моќ....
јас пишав тага пошо во последните два стиха пиши како сега веќе не етој шо бил .. ќе си ги видиме резултатите џабе сеа се малтретираме и нервираме
И јас одговорив жал добро исто е со тага.А за втората строфа што пишавте кој енепријателот.Јас конкретно за втората болеста
леле пеин немој, не спомнувај, за англиски се многу нервирам, многу ме е страв ако знае некој нешто дали ќе биде лесно и што ќе има нека кажува веднаш
Aбе лесно е англиски ептен.Има неколку текстови и одоздоле имаш прашања со заокружување,да го најдеш значењето на некој збор од текстот,што е лесно,и да не го знаеш од контекстот ке видеш што може да е,или па ке препишеш од некој. И има формално или неформално писмо и еден есеј.Многу е полесно од македонски и нема што да се уче освен да ги разгледаш како се пишуват писмата и нешто од есеи да прочиташ.Ајде со срека утре
За англиски испитов е или знаеш или не знаеш, или разбираш или не разбираш. Сите велат дека не учат (ете освен шо ги решиле предходните тестови) бидејќи навистина нема од каде, нема конкретно што. За писмата се надевам дека немат да паднит формално бидејќи немам идеја шо ќе пишам внатре (оние поинаквите зборови дрн дрн дрн). Со среќа на сите
Леле и јас така напишав чувство на сила, ако може да е точно . Биографијата ја напишав како што беше дадено на страната за матура. Значи прво како CV а потоа сврзано во текст. Мислам дека е така пошто имаше на страната на матура, под наслов биографија, а не професионална биографија, па да се надеваме...
Лелелееееееееееееее јас не ги напишав како под точки.... само како текст??????????????? нема воопшто бодови да мидадат?
Не знам Лижалка, кај мене во школо повеќето ја напишале во текст, а што читам на други форуми, голема фрка се направило околу тоа, како е точно. Некои велат дека требало како текст, и јас би мислела така доколку го немав прочитано примерот на страната за матура, како треба. Па сега не знам, се тешам дека штом од таму зедов пример, најверојатно е точно. Можеби на крај ќе ги признаат двата вида, кој знае