Значи вака : Како прво, пола од прашањата на матура ги немаше во прирачникот. КАТАСТРОФА! Како второ, имаше толку многу двосмислени прашања. И како трето, фала богу заврши... Сега само преостанува да се надеваме и не ме инересира ништо , ама баш ништо веќе во врска со македонски до 20 јули... Дај сега кажете нешто околу математика да не се знаееее??? )))
Од кај таа информација, па широк поим е тоа знаеме дека или офишл или не. Работата е темата да се дознае, вака слабо.
Фала богу завршив со еден стрес помалце. Ухуууу!! Среќна сум до небо и назад! Лесен беше тестот(според мене). Учев цела вечер и очекувам за многу малку учење да добијам 4ка или 5ка. Дури си викам и дека џабе учев кога повеќе од половина од ученото мое не се падна на тестот. Сега ако знае некој што ќе полага германски екстерно што ќе има нека кажи???? Уште тоа нека помине, да не се грижам.
Полнозначни збора е дека колку пари едната акценска целост и ти требаат другата акценска целост. Задоводлна сум со матурата, ептен лесно, прашањата ги знаев, исто браво за темите што ги откривте и да ви кажам дека очекувам да објавите теми за англски
А што пишавте на второто прашање кај Чичко Горио, за тоа кога сфатил за љубовта од ќерките (нз како беше точно илузии нешто имаше). Јас напишав со самата смрт. А за акцентската целост со проклитика пишав, и нз колку е точно.
поминааа фала богууу супер поминав јас,малку и среќа и очекувам барем една добра 4ка... и да сеа идам да се надокнадам за спиењето онака релаксирано
И јас така слично напишав на тоа прашање... А за тоа текстот кај Црноризец Храбар (О писменех) имаше едно прашање, кое стилско изразно средство е искорестено, одговорите беа реторско прашање, антитеза и симбол, мислам дека беше третото...е сега тука одговорив антитеза...што напишавте вие?
Матурата беше онака. Јас се разочарав од себеси очекував повеќе. Ама како и секаде и тука немаше правдина. Не знам како беше кај вас ама кај мене многу луѓе го имаа тестот . Ајде снаодливи се снашле ама криво ми е што учам, а тоа што згрешив на тестот мој проблем, ама или нека биде за сите исто или не. Или сите да го имаат или не. Ама ај да сме живи и здрави и да прифатиме дека отсекогаш било така и секогаш ке биде...
вкупно 80 бодови беа, 67 од прашањата и 13 од есејот. Изгубени имам околу 5 сигурно се надевам дека 4ка ќе имам.
Јас реторско одговорив, дека имаше прашање со спротивен став. И мислам дека е така а не е антитеза :/
^Реторско прашање е тоа барем така ми кажаа сите што ги прашав и јас така пишав.А и антитеза е пр.Ситиот на гладниот не му верува такво нешто по пр во прирачникот.А овде тој си поставува прашање ама не бара одг тука сама наглаусва а тоа е реторика.
Вака значи 5ка почнува од 98, а 4не знам мислам дека е поголема границатао д 70 и нешто бодиви се до 98!