Леле кога ќе ми текне како ми беше мене вечерта пред матура косата ми се ежи! Ве сфаќам сите дека сте возбудени и уплашени, но нема потреба , знаете како изгледа тестот, + некои работи и на логика ќе ги погодете... Со среќа утре на сите и да ги добиете посакуваните резултати, да ви се исплати трудот
Ќе Можете ли и на мене да му го пратите тестот или клучот од 2007 бидејќи од таа страна не ми отвара ... ве молааамм
абе планирав утре на полагање фустанче да идам...па се помислив да не прават нешо проблеми? значи фустанчето не е нешто кратко ,баш над коленици е немс деколте затворено е и на крстки ракави е, а што се објаснувам еве линк од фустснчето http://www.facebook.com/photo.php?fbid= ... =3&theater a eve kako stoi http://www.facebook.com/photo.php?fbid= ... =3&theater со што се оптеретувсм ама ајде...
Утешете ме, излажете ме.. Сигурно, ама сигурно нема да има од тоа чудата ко соопштение, молби, жалби.. Само реченици, па да откриеме на што припаѓа од погоре наведеново? Не ми замерувајте, пишувам тема, па и мене ме фаќа апсурдот на постоењето, почнувајќи со мисли за матурава и со фрлање клетви на оној што дал предлог за полагање матура.
Дечкиииии Ај прво смирете се. Знам како ви е... И јас минатата година поминав низ истото. И ние тогаш се потресувавме, некои дури и апчиња пиеа. На крај се помина добро. Така ќе биде и со вас. Полека само. Имате 4 саати за решавање. Ехе, ќе ви се смачи дури. Знам дека цела година ви го тупеа само за тоа, го прават ко најстрашната работа на светов... А уствари исто ќе ви биде ко на тест. Па ако ви се погоди и добар професор што ќе ве чува... Леле, леле Ви стискаме палци, ви ја пуштаме целата среќа на овој свет... Иако нема до толку да ви треба Ајде, можете вие. Утре ќе си се смеете сами на себе кога ќе ви текне за што сте се треселе волку многу.
Со среќа, девојки! Кршете раце, нозе, се’ по ред таму. И, сите петки да си фатите. После само 2 саати спиење, не знам овде две реченици да сврзам, а камоли пак есеј.
Девојки и од мене со среќа. Кршете раце, нозе што и да е само да напишете како што треба . Јас сама ќе си пуштам вода кога ќе тргнам . После ќе споделуваме импресии.