Да се пофалам си напишав се, лесно помина ...Само мислам дека утнав 2-3 прашања Иначе Oleeenka јас заокружив хипокористици.
За „Небиднина“ и мене се` ќе ми беше на еци-пеци-пец... ама стигнаа одговорите, ги издиктиравме, заокруживме сите групно, напишавме што се пишуваше и така. Разочарана сум, доволно ќе ми беше тоа што си ги прочитав делата за време на годината. Не ми требаше да поминувам никакви прирачници, одговорите стигнаа го сите училни и сите ДРВА напишаа се`.
Тоа со препишувањето зависи кај кого како. Кај мене во Орце Николов не смееше да се писне, се сами си напишавме. Прашањата за "Небиднина" воглавно сите на тепка ги решавале, така да не се секирајте, никој нема да има 100 бода Што е најтрагично за песната ништо не пишува ни во прираникот, ни во учебникот, па и да сакам не можам да си ги проверам одговорите. Друго, памти некој кои зборови беа кај што требаше да се заокружи деимнутиви/хипокористици? Јас хипокористици заокружив, ама не сум сигурна :/
Зборовите биле годинка и снежец, а наставките за деминутиви според прирачников се -е, - че, - уле и -енце, така да најверојатно зборовите се хипокористици.
Јас не се жалам добро поминав. Малку повеќе заглавив на Небиднина, ама баш тие прашања ми се точни. Имам грешки ама сега не се потресувам, што е тука е. Сакам да ве прашам дали истите групи ќе бидат и за англиски и дали ќе бидат истите тестатори? Кај нас не фатија никого да препишува. Се помина во фер и демократска атмосфера. Немаше кажување, ама таа што не чување беше срце. Кај вас како беше? Фатија некој?
Јас заокружив метафора кај Шопов..(рацете ги заменува со огнови како беше таму) Spoiler а алегорија е ако се зборува едно а се мисли на друго, јас не сетив симболика во песната пр. како кај Кочо Рацин што има, а кај зборовиве деминутиви. Колку што се сеќавам деминутиви се за намалување нешто, а хипокористици за искажување чувствен однос(кога нешто ти е мило велиш гулапче, душиче). За снег и за година некој чувства да има посебни... Зошто Сердарот е напишана на грчки?
А да ве прашам нешто, јас кас есејот пречкртав три збора, пошо не ми идеа онака уз реченицата и ги пречкратв и си напишав нова реченица. Го прашав професорот и ми рече дека можело да се пречкрта кај есејот. Така е ? или.. сум ја утнала со пречкртувањето ..
Небиднина, епа не ја бидна. Оваа песна ни чичко гугл не ја наоѓа бре, а камоли ние. Како и да е немам многу т.е. незнам ни дали воопшто имам грешки овде. Според тоа што одговарале сите и мене ми е точно. Пред мене тој што седеше си го стави листот со оние што се бојат малку на повидно, па успеав да препишам за небиднината Не ми беше нешто многу тешко, имам неколку, не многу пропусти од брзање (знаев дека поради ова ќе погрешам) но како и да е. Лани научија како се вари кафе, ние сега научивме дека жените кои јадат во бременоста риба имале поинтелегенти деца, станавме нитриционисти и риболовци, се запознавме со модата итн. На она демунативи заокружив, така ми дојде во моментот. Кај старословенската азбука напишав глаголица. А сакав да прашам. Кај Дон Кихот последните 3 прашања како ги одговоривте? Едното беше за неговата девојка, второто за тоа што искажал авторот и третото во кој век е.. Битно се разочарав кога видов кои дела ни се паднаа. Па имаше многу подобар избор, но ајде.
Еве ме мене трета... Тој тестатерот нозете ќе му ги бакнувам..подобар и не можеше да ни се падни. Замислете си ги земавме ливчината тие што беа со сенчање,си го ставаш до твоето и фино си ги препишуваш одговорите. Се ни дозволуваше. презадоволна сум не беше тешко,освен прашањата од песната што не ми текнува во моментов како се вика -.- Ми текна небиднина кај ја ископаја
Ете сум и јас тука некаде Во глобала се помина добро и тој што не чуваше се погоди освен Шопов небидна а кој јазик напишавте за просветителите?? едни викаат народен едни старословенски..
Првото беше за тоа каков општествен статус имала девојката, напишав принцеза дека била шо и така пишуваше у тексто. Третото прашање го одговорив со 16ти век, а за второто мн не се секавам.