Еве ме и мене со извештај 1. Фала богу, помина. Ништо друго не ме интересира, што било како, важно дека се куртуливме. 2. Изгледа само јас не го видов тоа "формалност" (добро јас и оние од моја група) бидејќи како по обичај сме најголемите малери на свет, таа што не чуваше беше неверојатно принципиелна од типот "Не дозволувам до крај да се препишува, мене ќе ме казнат, имам дома фамилија" бла бла бла , кого и да го прашав сите препишувале, растур правеле , а ние 3. Тестот во глобала лесен беше и мислам дека со есејот и со прашањата после есејот се мине, значи прелесни беа. 4. Имам нешто неточно, и тоа најјлесното го утнав, како? Се чудам на самата себе, ама тоа е, брзање. Инаку го утнав прашањето На која група припаѓа македонскиот јазик со кој памет пишав Источна 5. Многу прашања решив на среќа, и повеќето ми се точни, значи тие што ги пишувам на среќа ги погодувам , а оние што треба... нема објаснување 6. Која по ѓаволите беше таа песна , од кај ја извадија, не ми е јасно Се на се , лесно беше и пак ќе речам КУРТУЛ од македонскиов, сега ќе се одморам како човек, и психички и физички
Јас одговорив дека авторот со делото ги исмејува витешките романи. За девојкава што крена паника со шкртанициве: Знам само дека не е битно кој есеј си одбрала да го пишуваш..и двете теми ти носат исти поени..
Не,не носи помалку поени. Ако носеше помалку поени ќе пишуваше во упатството дека носи помалку поени, оти во таков случај треба да пишува. Дајте изладете малце нели осеќате време е за англиски да кренеме џева, и за математика..
Во понеделник свечено отварање на вториот предмет од државната матура, со лента и сите пропратни церемонии, и задолжително лепење на бар код на првото мислење што ќе ја отвори дискусијата.
Мене прашањето во врска со Христос и Доне ме копка, вие кое го заокруживте? Јас го закружив дека имаат слични судбини и си се надополнуваат (пошто нели таму меѓусебно си даваа поддршка, особено Доне на Христос, а за судбините веќе се знае) А другарките повеќето дека се спротивни заокружија (веројатно затоа што Христос попушти и потпиша откако се разделија, што го прави послаб од него ) .. И да не знае некој дали ќе го објават клучот пред резутатите, или дотогаш ќе нагаѓаме?
И јас мислам дека е она што имаат слични судбини, па нели и двајцата се таму и се справуваат со сите работи, заедно минат низ тоа.
Истото и ја го одговорив дека се надополнуваат во целиот роман е тоа опишано а не спротивните ставови...
И јас за нив така заокружив.. Абе шо, за Црквата барем тука спомнавме, оваа песнава од мртвите ја дигнаа на Ацо Шопов.
Подобро ќе беше Очи да ја дадеа, попозната е Едит: А она прашање за кој раскажува за смртта на Кузман????
Еее Црно семе јас ја немав читано и од извадокот ми личеа дека се слични и немав дилеми. Некогаш е подобро да знаеш помалку, нема да те збунува
Ацо Шопов, е претставник на македонската литература помеѓу двете светски војни или на Повоената литература?
колку бевме синоќа уплашени мислиш на бесење одиме.во принцип не беше тешко само што за тие кока кола и другото текстче имаше прашања каде што одговорот беше двосмислен и можеше да има два точни одговора.тоа за небиднина никој не знаеше па мораше на професорката да и се јавуваат па едната кажала едни одговори друга професорка други и каша попара стана се.битно се испрепишавме е сега за англиски сум тапа и не ни знам што треба да учам па ми е страв.