Е како бе така стигнале одговорите и групно сте си заокружувале? Работава сите сме еднакви ама некои се поеднакви од другите. Во една училница си препишувале од мобилни, во друга не смееш да се накашлаш или поместиш. Задоволна сум од напишаниот есеј, ги напишав одговорите што ги знам (и што ги има во прирачникот!), песничката од Шопов не ќе да ми биднала со точни одговори и си излегов благо изреволтирана во 12ипол. Не сум против екстерно оценување на знаењето, ама стварно не ми е јасно како може константно учење од 4 години да го сведат на вакви прашања.. и веројатно никогаш нема да ми биде. Ако целта беше сите да поминеме со тројки, тогаш да не им биде цел живот на комисијава за матура!! @TheKiketoo не пишуваше спротивни туку спротивставени, а тие се од иста страна така да точен ти е одговорот. @Sw3et.Ang3l стариот Гега (Албанец) ја раскажува смртта на Кузман. @Markusa2 мислам дека е благороднички статус, а не принцеза.
1. Не. 2. Прашав за тоа Рекоа да нема по цели редици чкртано едно по едно и да гледаме убаво да изгледа страната. Не се одземаат поени ако е чкрнато некое зборче 3. НЕ . 4. НЕ И нема потреба од што да се плашиш. За другите да не ве цитирам еве јас како напишав. 1.Кихот- на премин од 15 кон 16 век. 2.За девојката на Кихот напишав благородничка, принцеза. 3.За „Црно семе“ - слични се судбините и се надополнуваат. 4.деминутиви -годинка и снежец ( мислам овие зборови беа) 5.Прилошка определба за причина заокружив , а имаше и друг понуден одговор за начин. ...се тресеа од страв ... беше некако дадена реченицата. 6.метафора за тоа делчето од Небиднина ( па и може да ни е точно, гледам во учебникот од четврта во вежбите го имаат дадено и пишува каде има развиена метафора ). И да, таа Небиднина кај се падна, кога ги видов прашањата се вкочанив . Да не ви текнува како ги одговоривте последните две прашања од првата страна каде што беше Небиднина. Нели имаше две. На втората беше за стилската фигура, и уште едно пршање. Прашањата беа што симболизира небиднина и уште едното прашање не ми текнува. Некој да ме потдсетеше ? Знам едно од тие две под а заокружив
^ На кој период од литература припаѓаат делата на Ацо Шопов: a) меѓу двете светски војни б) романтизам в) повоен период Вака некако мислам дека беше.
леле ако е навистина вака..оти некои професори велеа дека ќе се поништат прашањата.. а ова сигурно е?? најмногу ми е за прашањата каде што имам чкртнатоо..
Не са поништуваат прашањата.. битно им е да има даден одговор и да можат да го прочитат.. Инаку кај нaс се препишуваше премногу, некои цел есеј си го препишаа... таа што не чуваше ни кажуваше кога доаѓаат инспекторите и во тој момент сите бевме мирни.. Си одговараа прашања преку телефон, хаос беше сите што беме во училницата, исти одговориме имаме
Е тоа е тоа..ај да не речам ама ќе речам глупото. Некој појма нема и ќе препише, и ќе има резултати колку некој што стварно се трудел и учел. Еден ваков тестатор да дознаам што дозволувал, одма ќе го пријавам без двоумење!
Ви рековме ли да не се плашите толку, дека лесна е матурата! Мило ми е што добро сте поминале, затоа што знам колку ова ви е важно во животот. Брат ми си дојде изнервиран од односот на тестаторите кај нас во гимназијата. Неговиот клас последни завршиле, дури кога ѕвонело ѕвончето. Немало никаква шанса за препис, консултации или вртење на страна. Најстрогата професорка им се паднала, ама таква среќа имале. А во меѓувреме во другата група, на една девојка тетка и од Берово, која исто така е тестатор и ги пратила на мобилен сите одговори. Девојкава раскажала на кој стигне, препратила по пораки, во 12 часот, додека сите решавале. А и мене ме интересира, дали за англиски пак остануваат во истите училници со истите тестатори или ? Не се сеќавам добро, ама јас кога полагав, бев во 2 различни училници.
Добро дали ќе можи да помине една проклета година без да го дадат проклетиот Хамлет? Пак и таа песната од Ацо Шопов прв пат што ја гледав, не знам ни што одговорив пола точни да ми се барем. И се се сведува на тоа дека матура е тест за тактики и стратегии за препишување, отколку за знаење. Не сум задоволна и точка.
Џинџер...што е праведно во нашава држава па за ова да биде Не се замарај и шеткај си. Јас се нервирав неколку саати, сега сум ладна-туш
Дулчинеја од Тобоза е име на шпанска принцеза од друг витешки роман кое Дон Кихот и го дава на една девојка од село ( Алдонса Лоренсо ) која ја избира за господарка на своето срце. Името и го дава затоа што тоа му звучи благородно... Но не сум сигурна дека имала благороднички статус, тој така си ја замислувал, како што и крчмата ја замислува како замок, а крчмарите како грофови.
Meѓу двете светски војни. Мобилни??? Кај нас една девојче го остави мобилниот во неа и првите 15 минути и заѕвони ( каква среќа) и и’ го зедоа. Патем запишаа нешто во тој листот како опомена. И рекоа ако направи втор пат грешка ќе и го земат тестот и ќе полагала во јуни под казна, и тоа сама. А ова со препишувањето, кај нас можеше нешто да се шушне, ама не беше баш лабаво. Цело време викаа, знам само кажаа за Сердарот дека последниот одговор е компарација. И ученик доби опомена .
Кај Ацо Шопов и јас одговорив повоената. Кај Дон Кихот напишав дека ги исмејувал витешките романи, а за девојката напишав дека била витешка принцеза. За смртта на Кузман напишав дека Неда ја раскажува. Кај црно семе дека им се слични судбините. За англиски мислам дека нема да кренеме толку врева сега кога веќе седнавме на жешкото столче
Ние си имавме едно така групно решавање, иако во групата никој ништо не знаење. Сите трупој вклучувајќи ме и мене. Инаку, никој со никаков друг начин не препишуваше, да знаев ќе спремев ливчиња и јас да се прилагодам кон средината.
Патем, кај нас на листите ставени на огласна табла, и дел од нас што полагаме математика и дел од тие што полагаат англиски пишува полагање во училница бр 1. Ги мешаат јазичари со математичари на полагањето ?
Аман бе? Е не е фер. Како смеат така на некои места да дозволуваат толку да се препишува. Јас едвај успеав 2-3 да ѕирнам само за проверка од црвениот лист на девојчето до мене. Кај нас беа фини тие што не чуваа, ама не смееше да се препишува бре. И што сега? Некој што се искорнал учејќи 4 години, па и сега за спремање, да има помалку поени од некој што си го/ја ладел цело време и на негова среќа се паднал професор што ќе дозволи да се препишува у велико. Ебате системот ебате. Требало секаде исто да се нареди. Инаку јас сум си задоволна како го решив тестот Знам некои работи што ги утнав, но што е тоа е. Се надевам на петка, а во најлош случај четворка би имала. Барем помина, голем товар ни се симна од срце. А и си го надокнадивме во желудник после Сега да си се наградам и со слатко сонче. Мило ми е ако и вие сте прошле добро. Па до наредно читање, за некој ден со англиски
Нее.. кај нас беа сите што учат деца.. и тоа просек 5,00, знаеше дури и тестаторот и сам се изјасни, па затоа многу не не чуваше, не прашуваше и шо ќе се запишуваме и кога слушна дека највеќето на медицина ќе одат, рече дека не сака да ни руши просек.. Сепак секогаш бидете подготвени за препишување, може ке излезе некоја шанса што не треба да се пропушти, мој совет
Јас напишав благороднички статус, па што сака нека биде. Барем едно од делата што беа наведени тука да се паднеше, не ќе ми беше мака што станав во 5 да повторувам.