девојки не ви пресметуваат цели бодови,на пример ако имаш утнато еден одговор не ти одземаат цел бод бидејќи се пресметува со перцентили,баш побарајте наназад,дискутиравме за тоа...англиски кај нас беа 70 бода а јас имав 98,2 перцентили,значи не се пресметува со бодови. македонски имав со сигурност еден погрешен одговор од делата и мислам еден од граматиката а сепак имав 99,82(значи нема бодови).за нас македонски 5ката почнуваше од 98 а англиски некаде од 94,95,а за вас ќе видиме како ќе ја постават скалата..и 100 пати напишав нема бодови хаха
Ги гледам темите денес на тестот и почнав да си ја потпевнувам Јас ја имам силатааа А што напишавте кај Тартиф за општеството тоа прашањето, апсолутистичко
Значи секоја година е различна бодовната скала, не може да се споредува со минатогодишните, факт. Ќе ги прегледаат тестовите, ќе видат како стојат работите во суштина дали матурава е успешна мислам на тоа дали има многу 4ки и 5ки, ќе ја направат скалата. Секако, не може сите да имаат 4ки и 5ки се зависи и затоа и отпосле ја прават паметни се тие. Колку е тоа фер, не знам ама знам дека што повисоки бодови имаат учениците на матурата се погусто е и тоа повеќе се заострува критериумот. Ако е во суштина слаба, па и ќе се изгага некоја оценка што не ми се верува за оваа година.
Јас сум искрено од себе си разочарана.. тестот не беше толку тежок (имаше прашања што не беа во прирачникот - ДА) ама другото во главно беше лесно.. Не знам дали јас избрзувам или не знам НЕ ЗНАМ.. само се надевам да не испаднам премногу слаба. Од ова што си ги проверувам прашањава со вас.. ноу комент - исти дилеми и пак не се знае што е точно. Е сега едно прашање мене ме интересира: оние П Б В Ф какви се живи Господ согласки? и дали метафората во Големата вода се однесуваше за во цело дело или конкретно дека таа вода е езерото? ух.. страв ми е
Тие согласки според мене се усни, јас така напишав. А големата вода ја симболизира слободата, не ми е јасно твоето прашање
Него што напишавте кај Чичко Горио првото прашање. Со какво раскажување се служи авторот во првиот пасус или нешто така беше прашањето ? И имаше со какво раскажување со служи авторот во првиот пасус така нешто
Според местото на образување во усната шуплина согласките се делат на: — уснени: п, б, м, ф, в — забновенечни: т, д, н, л, ц, ѕ, с, з — венечни: љ, ч, џ, ш, ж, р — меконепчени: к, г, х
Ич не ми текнува на таа проклета поделба лелее се нешто ново испаѓа жими се кој не земе уште од августов да се спрема за мојата догодишна матура еве на Иначе таква поделба слична во латинскиот знам имаше, ама не ми текна дека и во македонскиов ама ич
Јас напишав монолог, но можно е и да е ретроспекција. Најточни одговори ќе добиете во сабота - недела