Значи ве читам подолго време, т.е. од пред неколку дена, ама ете некако се воздржав да не пишувам на темава, се до денес. Еве го моето искуство: Ќе почнам од тоа дека ви завидувам на поголемиот дел од вас на начинот на кој сте успеале да препишете, да споделите некоја информација плус и слично. За разлика од вас, јас сум малку трауматизирана од целокупнава збрка. Зошто? Од причина што не се паднав со ниту еден од мојот клас, значи мојот кабинет беше уџум забутан, таму некаде до смрдливите тоалети. Башка, нашата тестаторка беше премногу строга. Не дозволуваше препишување, шепотење и сл. завергланции. Кутрата од страв дека колегиве ќе и влезат, дури се потресе некој од нас да не препишува, па од паника почна да се мота околу нас, како опаш од мачка да има у бубрег. Значи моменатот беше кога ни рече - Не се плашете ученици, ова е вообичаена процедура, ништо страшно, релаксирајте се, а таа сета се тресе како епилептична. За атмосферата да не правиме муабет, бидејки сметам дека секој збор ќе биде излишен. Значи секое мрднување, поместување и допирање на предметите беше НАЈстрого контролирано. Атмосферата - магија, шта да ви причам. Чувството беше како да се наоѓаме на дивиот Запад. ...Фрчеа сирените на амбулантските, пожарните, и полициските возила. Бидејки во ист момент се случија три работи напоредно: - се случи провала во системот - на три девојки им се слоши, од кои една заврши во болница - некој од соседната паралелка ,,случајно'' зел базука со себе. Ваљда дечкото сакал да го изрази својот револт, или за превенција, во случај ако тестаторот не му е по мерка. А мене искрено, сума сумарум, за разлика од поголемиот дел од вас матурата и не ми беше баш така лесна. Дал од жештините, или фактот дека цели 4 часа глава не кренав од букварката, или што и да беше она чудото со 28 страници, не знам. Али битно еден период почнаа да ме маваат јаки флешови, па почнав да трипам дека има змија на катедрата до мене среќа тоа беше при крајот,. И среќа што тоа остана производ на мојата бујна фантазија и си го задржав за себе. И за крај еве една интересна работа која ја напишав, па си реков да ја споделам со вас.. Сердарот ја напишал Горан Стефановски, не Григор Прличев. Не, не, никако. Тамам посла. Им кажав на другачкиве па заедно си се смеевме. Ама тоа е, битно помина па здравје на 20-ти резултати. Патем, на сите од срце ви посакувам да положите. П.С. Од денес веќе риба со очи несакам да видам. Ма ни во хороскоп бре!
како напишавте во извадокот од црно семе за прашањата: 1.доне и христо какви ликови се ..? 2.како беше одговорот имаше таму за отпор на македонците, за обесправеност..шо заокруживте?
Исто и јас, а за второто прашање го заокружив тоа за отпорот на македонците. А имаше едно што е претставено така нешто, имаше човечноста и нечовечноста, христијанството и исламот и уште едно, јас заокружив човечноста и нечовечноста, вие?
jas zaokruzhuv za otporot na makedoncite a drugoto beshe deka se nadopolnuvaat.. a dali kje se prifati odgovorot albanci, na mestoto kade shto trebashe da stoi dka raskazhuva stariot albanec?
Кај прашањата за Ацо Шопов, каде што имаше да заокружиш метафора, алегорија и уште едно не ми текнува, јас заокружив метафора . Ама како што сега прочитав Алегорија е стилска фигура со која метафоричното т.е. преносното значење на мислата се реализира во целосна слика, со сите пропратни детали. Кое е точно ?
Значи се, се... ама ова со Небиднинава не требаше. Прашањево што претставува Небиднината - ниеден од понудените одговорите не можам да го најдам во ниту една литература, пребарав и копирани материјали и интернет и учебници - ни отприлика не се совпаѓа. Значи, задачава беше всушност да се прочитаат мислите на оној кој ги составувал прашањата или да играш на среќа. Смисла не гледам - песнава 90% од матурантите прв пат ја виделе, само погледнете на фејсбук какви реакции има. Пример, зошто за Албатрос никој не се чуди што симболизира? Затоа што каде и да читаш за Албатрос истото е - го симболизира поетот. А ова е изгледа лично сфаќање на тој што ги пишувал прашањата, па сега погодувајте. За останатите прашања од типот што сака да каже во 4. дел итн не коментирам.. кој беше знае.
Ако немааат доволно, т.е. уште една училница во училиштето за да направат 2 посебни групи, веројатно имаат една група заедно ставено, пошто нели, не може точно деца да се пријават по еден предмет за целосно да ги пополнат училниците. Инаку мислам дека не ги мешаат. Јас речиси никој не познавам од мојата група за изборниот што треба да го полагаме. Сега си се надевам дека пошто не ги проверив списоците од другиот предмет, дека можеби од таму имаат ставено некој што го знам во мојата училница, барем некое познато лице да имам со мене. Инаку македонски, јас си најдов едно сигурно грешно . Тетка википедија ми кажа дека Хамлет е напишан според легенда, а јас заокружив народна приказна
резултатите кога се? на 20ти јули? инаку темата за апсурдот ја погодивте, ај бидете сега добри ( како што сте и секогаш ) и ако научите нешто за англиски есејот или какво писмо ќе има обавезно пишете. секако ако и јас научам некои информации, ќе пишам тука. значи најмногу ми е страв англиски за есејот. затоа ако некоја дознае било каква информација, цел живот ќе и бидам благодарна
Јас на среќа заокружив метафора пошто везе немав . Каква среќа сум имла . Кај нас беше опушено се препишуваше. Штета што бев со единичари па јас на нив им кажував немаше од кој да препишам. Па и професорката ајде одете си немора да седиме до 1-2. Јас у 15 до 1 завршив. Никој од овде не напиша есеј. Сам,о не ми беше јасно таа песната небиднина што всушност е тоа? А резултатите кога же ги добиеме на 20 јуни или јули. Одвај чекам да го стават клучот.
Еј озбилно, англиски што ќе учите? Некој совет, се е добредојдено. Кои видови писма ќе ги учите? Ако може некој да ми ги наброи сите видови ама на англиски, оние формалните.
Дечки не го тупете веќе вака било онака било , ке си кажат резултатите се на 20 ти...се нервирам кога гледам вакви одговори па не онака е , само повише ке се потресете за тоа кој што направил..помина веќе , сега мајката му е Англискиот или евентуално кој полага од вас Математика.. нешто ново за Англиски околу есејот , формално/неформално ??
Не би требало, пошто во мојата група имаше и деца кои полагаат и математика. Изгледа ќе не измешаат. И тестаторите не ми се верува да се исти.
Резултати ќе бидат објавени на 11 јули во 12 часот, не на 20 http://matura.gov.mk/news_large.aspx?la ... cMj1s0WMw= Мене сега почна паника ме фаќа да не ми прават проблеми за ракописот. Сите постојано ми коментираат дека оддалеку гледано изгледа дека убаво пишувам, но всушност ретко кој може цел текст да прочита без да ме праша минимум три пати што пишува овде. На косо пишувам, а и многу ги спојувам буквите, гледав сега да ги пишувам покрупни од нормално, ама сепак брзав и не внимавав на другите работи, воопшто. Велите ќе ме зезнат за тоа?