Не, не само твоја адреса пишуваш. Не знам дали имаш забележано побарај низ страниците имам прикачено правила и примери за формално писмо. Можеш и низ моите мислења да побараш. Јас тие прашањата од тексовите позади, не ги ни рачунав а сигурно имам некој лапсус направено. Ги решавав последниот час, и концентрацијата ми беше на 0. А и не знам за кај вас, ама многу топло беше не се додржваше, почна едно време да ми се врти значи пот течеше од мене.
А што е со ова..? Правила за формално писмо... http://www.usingenglish.com/resources/l ... iting.php#
Епа и тоа е добро, можеш да го искористиш. Само што се пишува само едната адреса. п.с. Не учам јас англиски, нема ни што да се учи. А, и нема да ми биде мака како со македонски. Дали во другите држави вака е, во Америка на SAT не смееш да мрднеш, далеку сме ние од нив.
Јас ги изброив. Мислев дека се 100 поени секоја година се додека не го видов ова од Fear. Не се 100 поени секогаш ? Има
Сите сме... Џабе пријавување кога сегде се знае дека било така ама се ќути. И јас мислев вчера дека треба да се пријави ама сега мислам дека може и знаат па дури и од министерство така да џабе би било, а доколку не се знае ќе мора да се истражува па ќе истражуваат подолг период (како и за се што прават) колку да се заборави и така ќе остане се.
Добро а нели има видови писма, како во македонскиот, молба, жалба, незнам што. Зарем нема посебни правила за пишување на тие?
Да не знај некоја кај да најдам вежби англиски како што даваат матура, освен тестовите од претходните години? Инаку, да пишам и јас за вчера.. Тестот не ми беше претежок, но на толку учење сепак имаше некои прашања кои не ги знаев- Небиднина на пример. Имаше и неколку двосмислени прашања за кои цело време се мислев и сега едни велат вака, други онака. одвај чекам да излезе клучот. Тестаторот не остави да препишуваме, па така можевме да си кажеме некои прашања кои не ги знаевме, па на крајот испадна дека имам само 2-3 грешни максимум. Е, сега за есејот незнам, не пишувам лошо, но не сум и некој мајстор за пишување. Зависи кој ќе го прегледува. И се сложувам со тоа дека навистина не е фер кај едни да се препишува кај други не. Ова навистина не е реална проценка на знаењето, ете во мојата училница некои деца што воопшто не учеја додека ние цела недела се мачевме напишаја приближно исто како другите.. Но, дури и да се побуниме сето тоа ќе биди за џабе- ова се случува во цела Македонија, а не само кај нас. Според мене матурата е само една голема глупост- и толку! Сега за англиски ми е страв- само два дена се пред мене, а не знам ни што да учам.
@Sw3et.Ang3l жалба е letter of complaint, молба или барање го нема идентично во англискиот јазик. Секој од текстовите има одредени linking words и фрази кои треба да ги употребуваш, соодветно на јазичниот стил (формален/неформален). Пиши на google пр. letter of complaint sample и ќе видиш на кој начин треба да пишуваш.
Многу бе fear, сигурна си? 5те текстови од литература мислам дека имаа по 8 прашања, тоа се 40 поени Граматика не знам точно, ама на 15-16 можам да се сетам. Текстови за читање 3 беа? По колку прашања беа? Се мислам под 100 ќе излезат вкупно заедно со есејот. Есејот 13 носи мислам
Нас професорката по англиски ни даде да копираме една скрипта и таму има се што треба од текстови до писма, ама 200 страни е, не знам како би ви помогнала Распрашајте се по браќа, сестри, другарки дали го имаат љиљаковиот учебник Opportunities, таму позади има многу убаво објаснето за 10 видови писма и есеи што е многу веројатно да се паднат. П.С. Имам некои писма и есеи што професорката ни ги допрати по мејл, солидно е објаснето, така да ако некој сака ЛП.