зошто некои викаат дека ако ја одбереш слободната тема за есејот ќе имаш помалку бодовии..а некои викаат дека не е е така.. па не знам више на кој да верувам :/
зошто некои викаат дека ако ја одбереш слободната тема добиваш помалку бодови. а некои викаат дека не е така па не знам кој да слушам веќе :/
Милион пати е кажано уназад на темава дека не е точно тоа за помалку бодови. Да беше така, ќе пишуваше во правилникот. Инаку нас професорката ни даде да ископираме еден Writing Guide уште кога ја правевме последната писмена како подготовка за матурата. Е сега, тука има: A letter, email, a review, an article, a report, an essay, a story, for and against essay, formal letters, letter of application, a letter of complaint, formal email. Треба уште некој вид на текст да знам да пишувам? Или да си ги научам овие од скриптава и мирна глава?
абе ми кажа едно девојче, демек имало така наведено во странана на матура.гов..за помалку поени.. и дека прашањата каде имаш чкртки се поништуваат.. па што сака нека биде..
Незнам зошто ама мислам дека не би требало да ни дадат да пишуваме молба, или незнам што. Обично знам дека се паѓаат неформалните писма, незнам како било минатите години, некој што полагал да каже?
Од formal letter може да се падни обично писмо, a letter of application или a letter of complaint. A letter of complaint – жалба 1. Introduction/ reasons!! Why are you writing the letter, include where and when you bought this product. I am writing to you about… * I enclose copies of the guarantee and the receipt* 2. Reasons for the complaint * Why the advertisement for the product was misleading (лажна) * What went wrong with the product 3. Reactions to your complaint 4. Your demand- say clearly what you want *I would like you to refund my money* *I would like you to replace the product* Phrases you should know: Date of purchase Poor quality Poor service Rude employee Take legal action
Мислам дека сите сме .. Јас сум само повеќе разочарана од содржината на тестовите, одколку од тестаторите. И без препишување и со препишување, тестовите, како оваа година, така и претходните не се на место. Дефинитивно со овие тестови не може да се оцени знаењето на учениците. Целите тестови се само куп непотребни глупости со тук-таму 2-3 нормални прашања. Прво не сфаќам по која логика има текстови кои немаат никаква поврзаност со македонски јазик и литература - да проверат дали учениците знаат да читаат, или што!? Значи стварно нема смисла, па остави тоа, туку и тие не му беа салам напишани, на пример со рибите имаше таква глупост што не знаев дали да се смеа или да плачам - поради користењето на голем број луѓе на рибите како основен извор на храна голем број видови се уништија (нешто така беше реченицата, ама не е битно, се уништија .. ) од толку начини да се даде информација, како еве на пример дојде до потполно истребување на некои видови, или некои видови се пред истребување, бројот на единки од одредени видови видно се намали, или не знам, всушност не знам што мислеа со тоа, веројатно не дека во депресија паднаа рипките дека другарчињата им ги изедоа, значи стварно, реченицата беше крајно глупава, целиот тест. Тестаторите, кој каков човек е, не можеш да знаеш дали ќе остави да препишуваат или не, за да знаеш дали да го ставиш како тестатор. Тоа е, кај наs на полугодишен математика стално друг не чува, пошто цела генерација во ист час правиме, па ни професорката, што и се таму професорите, сите што ги знае, не знае кој ги остава така децата, а кај кој не можеме ни главата да ја крениме за носот да си го издуваме, освен нели во некој клас ако претераат малку, па да има многу драстични промени во оцените. Тоа е, и да се пријавува, и да се казнуваат професорите, пак истото ќе биди. Можеби не до тој степен да се вика од еден крај на училницата до друг, ама за некој ако си извади ливче, или ако ѕирни од пред него, зад него, до него, ако сака ќе си се прави на удрен тестаторот.
Лани по англиски јазик се падна да се пишува есеј и писмо... есејот беше нешто за заштита на екологија ли, поим си немам не се ни сеќавам.. нешто во таа смисла.. Во глобала матурата си е еден вид на зафрканција.. секогаш тие што 4 години имале 2, ќе извадат 4ки 5ки, исто како оние што тупеле глави цели 4 години. На крајот ќе видите дека нема никаква врска матурата со уписот на факултетот.. Носи поени, али поголеми проблеми и маки ќе си имате на факултет отколку сега со матурава што ви е главна преокупација
Морам да си кажам шо ми лежи на душава..... Мислам дека вчера гадно не заебаа,и ај шо не заебаа ние уопште нетребаше да дозволиме. Уште коа ни ги дадоа требаше да си станеме цел клас,ќе ги буцневме и другите, и тие ќе станеа и кога сме поише колективно никој нишо не ни може.Ама ние си легнавме на брашното. Видно изреволтирана сум..............
И да станев вчера, никој немаше да стане покрај мене. Многу малку бевме одлични, и кои сме учеле. А другите, зошто да станат кога им одговара понашањето на тестаторите?
Тоа ми беше муабетот,требаше да бидам иницијатор па да ги набуцкам...ќе ни се фатеа нишо не ни можат пошо е групно тоа. не за понашањето на тестаторите,зборев за тоа шо ни дадоа песна шо ја не сме ја работеле,ја нема у прирачниците и е неразбирлива. Покрај Блаже Конески,Кочо Рацин,Гане Тодоровски... ОНИ АЦО ШОПОВ !
Добро де, и за песната немаше да станат кај нас. Многу им е гајле. Четири години не се секирале, сега ќе се секираат. Ме повредува и тоа што дозволуваа да се препишува. Ако се буневме, и за тоа требаше. Ја има Небиднина во прирачникот, ама се согласувам дека не требало да ја дадат. Глупава песна. А прашањата беа страшни. Бесмислени.
Небиднина ја има во прирачникот, но за неа не пишува ништо посебно само дека била најубавата од збирката на Ацо Шопов и такви работи, 2-3 реченици- неважни. А прашањата на матура......
Небиднина ја нема во прирачникот и нема напишано каква песна е ,дали е спознание или својство..... зборам за прирачникот на Ленка. А и у тој на Билјана проверив немаше ништо конректно напишано. Да ми го дадоа за време решавање на тест немаше да знам шо да препишам од што "толку" имаше објаснето
НЕЛИ ПРОФЕСОРИТЕ ни викаа да не се секираме, ништо нема непознато да биде, нема да биде вон материјалот што го учевме, нели тоа ќе биде? На мајка им бе, на мајка им. И ја па се траќам, ма зошто да се траќам, ќе се зачленам у унија на млади сили и ќе ми најдат одма работа... кој е будала да се школува..
Јас минатата година на секаков начин си го искажував револтот (пример- http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=6C9D ... AC341325AC) Ова дури сега видов дека го објавиле, ама сеедно...никој ништо не ти признава. На крај кој ќе си плати за приговор, ќе му покачат оценка, на некој ни тогаш нема...И не викам дека треба да прифатиме како стојат работите, ама едноставно не можам да најдам решение за нештата да се средат...Прва година на факултет сум и не сакам да Ви кажувам со какви се` неправилности* во образованието ќе се сретнувате. Ова со матурата уште ме боли... Од прво оделение до четврта година сите ми беа 5-ки, денес на факултет ( и тоа Македонска книжевност) сите ми се 10-ки, а на матура имав 4-ка Македонски...И така и ден денес кога ќе ја погледнам во дипломата, ми се кине срцето, искрено! Ама што можам...
И после ќе вика оној министерон, работа имало, младите немале воЉја да бараат работа. Еве кај ни лежи воЉата, нека дојдат нека видат! Упс.. воЛјата.. ..уствари што е битно со Љ или без Љ, сега сум сконцентрирана на Ацо Шопов и Небиднина, тоа е најбитно, нели?!