Информатика јас имам учебник за прва година од Симе Арсеновски и ги има истите теми од испитната програма по информатика и професорката ни кажа да учиме од тој учебник.
И јас полагам Тестовите на ливче ќе правите, или практично? Ако работевте во Open Office, ова може ќе ти помогне. Кај нас обично даваат и тест на ливче со основни работи, како што е хардвер, што е софтвер, прашања со заокружување и надополнување, исто со основни работи и практичен дел на Office пакетот.
Фала ви на сите! Ќе ве вардам ќе ве чувам од злобните! Кај нас иначе рекоа можеш да си бираш во кој оперативен систем ќе работиш.. дали во Линукс или Икс Пе.. ќе пробам утре ќе видам кој ќе ме аздиса.
И јас сум биологија. Еве баш сега си ги земав прашањата. Имам 150 за учење, ама дури на 27 полагам. Сега ќе го гледам стручниот предмет до понеделник да научам.
Де бе луѓе нас професорката 60 прашања ни даде. А ги знаете тие што ќе бидат на тестот сигурно или некои од нив? Чудно ми е.
^ Нас и тие немаше да ни ги даде бидејќи другите професори што предаваат биологија демек се лутеле ако дава прашања бидејќи тие не давале предходните години. Ама некако се договоривме и ни даде 150 и од тие 50 ќе се паднат.
Sw3et.Ang3l Ваљда и кај нас ќе биде така. Малку и за тоа се тресам пошто биологија имав само 1ва и 2ра и сеа треба пак да го учам тоа Битно имаме прашања caroline.costa кај нас по биологија оваа професорка дојде годинава и искрено малку е мутава па така лесно од ракав ни ги даде иначе и ние немаше да добиеме ништо со другата
Еве и јас да пишам, мене баш прелесни ми беа и есејо и писмото, за 40тина мин ги смислив шо како, а и то пазете јас, шо и не ме бива баш за пишување.. во глобала ми беше лесен, прелесен во споредба со македонски.. а за двосмислените како 4та и 5та вежба мора да признајме очекувано е да ни дадат такви.. 4тата јас ја напишав B A C E D.. а 5тата веќе.. шит ми беше скоро цела. јас планирам англиски во ск.
Луѓенца еве ви ја првата вежба ако е некој нестрплив да си ја провери, ма да оваа најлесна беше и без да ги видам одговориве знаев дека ми е точна. Во останатите е проблемот http://www.cambridge.org.br/authors-art ... ws?id=2436
Да, -12 ми испадна и мене. Инаку баш сум задоволна од математика. Со оглед на тоа што долго време се спремам, го имав одамна поминато материјалот, решив без проблем, па сега колку ми е полесно појма немате. Уште да ми поминат интерните и слободна сум.