Абе матурава животна грешка ни е. Знае ли некој како се бои листот каде што цртаме во Corel Draw? Едит - Најдов каде е.
A физика ? Некој СЛУЧАЈНО да не полага физика ? Да прашав што ПОКОНКРЕТНО ќе учи ? Или ви дадоа прашања ?
Професорот по филозофија ни кажа да научиме само за следново: 1. Филозофијата во Индија; 2. Грчка митологија; 3. Филозофијата во Персија; 4. Учењето на милетските филозофи - милетска школа; 5. Седумте грчки мудреци; 6. Зборот филозофија од каде доаѓа и што значи; 7. Онтологија, гносеологија; 8. Учењето на Питагора; 9. Учењето на Талес; 10. Хераклит и неговото учење; 11. Зенон и четирите апории; 12. Атомизам (атомистичко учење); 13. За учењето и животот на Сократ, Аристотел, Платон; 14. Какви се религиите во антиката; 15. Среден век; 16. Појава на христијанството; 17. Августин; 18. Патристика; 19. Богомилство; 20. Схоластика; 21. Ислам; 22. За учењата на Бекон, Беркли, Декарт, Спиноза; 23. Да наброеме два бога од грчката митологија; 24. Дела на Платон; Дела на Аристотел; 25. Две категории на Аристотел; 26. Два слоја од кои се состои идеалната држава кај Платон; 27. Два основни проблема во филозофијата кај Платон; 28. Проблеми кои ги истражува еден гносеолог; 29. Два проблеми што ги поставува во критичката филозофија Кант; 30. Две научни области на Хегеловиот систем на објективен идеализам; 31. Два претставника на анархизмот; 32. Две дела на Маркс; 33. Две дела на Жан Пол Сартер; 34. Два претставника на егзистенцијализмот; 35. Две дела на Ниче; Две дела на Киркегор; 36. Двајца социјал утописти; 37. Двајца меркантилисти;
од филозофија немојте да се плашите лесно се препишува денес имав јас и само едно ни повторуваа тие професорките препишувајте ама со мера зошто ќе ве вратат да преполагате ако скокнете повеќе од една отценка
Имам едно прашање до сите што ќе полагаат Биологија..Ме интересира за сетилниот систем.. сетилата можат да бидат специјални и општи. Кои се специјални, а кои општи?
Јас информатика јако си поминав денеска. Прашањата на тестот беа гола вода, а на практичниот дел се снајдовме некако, супер ми беше!