^ Нас после 5 часа ни ги дадоа резлутатите , биедјќи бевме околу 40 што полагавме и затоа одма. И јас интерно и педијатрија со 5 положив , сега уште биологија останува.
Колкаво влијание имаат оценките од матурава за уписи (интерни и екстерни)? Дали може да ме зезне да речеме една 4ка или две по интерен/екстерен предмет, а иначе имам одличен успех сите 4ри години...
This is the end! Јас завршив со полагања, денес ми беше последното. Одлично поминав и на ова. Само англиски тапа леле Со среќна на тие што уште полагаат. Spoiler Не знаете кое олесување е
Мислам дека успехот од сите години и оценките од матурата се во однос 60:40, 60% ти е успехот а 40% матурата. Е сега, екстерните се бодуваат повеќе за разлика од интерните, така да е поважно тие да се со убава оценка. Ги пишува правилата на конкурсот за факултетите.
Девојки, ме интересира дали знаете со колку поени минимално примаат на факултетот по Фарпација и ПМФ во Скопје ?? Фала
Епа конечно и јас завршив со полагања Официјално летото може да започне Бизнис положено со 5ка. Економија денеска прелесно. Се надевам и тоа ми е 5ка. Само англискиов -.-
Зависи и каде ќе се запишуваш. Се сложувам со одговоров на Love. Обично е вака. Ако си за на архитектра , 60 % ти е успех од 4 години, 20 % од матура -заедно интерни и екстерни, 20 % од приемен испит кој таму се полага. Друг факултет каде што е 60%-20%-20% не знам. Кај другите е како што има објаснето Love
кај нас уште нема резултати.има некој оставен во август англиски.само тоа ме плаши ако убаво ве прочитав на огласни табли имало издадено резултати
Завршив и јас. Се чека уште англиски и македонски да видиме, што се надевам дека ми се 5. Другото ми е се 5.
И на Музичка Академија е така, впрочем, секаде каде што има приемен соодносот ви е 60 - 20 -20. Годинава мислам дека и на Филолошки ќе има приемен, затоа добро информирајте се пред време. Ама ако се запишувате на факултет каде конкуренцијата е голема, на пример, Медицински, Фармација, па дури и Градежен (последниве неколку години е доста актуелен) и те како ви се важни што е можно посолидни бодови за да си обезбедите место. Ова посебно важи за сите идни медицинари.
Значи,ме интересира дали некоја од вас го планира Филолошки факултет Блаже Конески Скопје? И ќе ве молам по детално да ми објасните за приемниве испити! Шо е воа у јули јас да одам на спремање во Скопје А среде Август да полагам приемен До 26ти биле уписите за да полагаме приемен за на англиски книжевност и ПИТ. Зоштооооо? И дали мора да се оди на подготовки во Скопје у ЈУЛИ на најжешкото и тоа не сме сите од Скопје, така да, ќе треба да се м'кнеме по возови И имам уште едно многу битно прашање... Spoiler Дали се нормални?
А зошто приемни кога има матура? Дали јас нешто не сум разбрала или? На кои други факултети се полага приемен испит?
па незнам на кои други ама веројатно на повеќето ќе има. провери си на страната на факултетот кај што сакаш да се запишеш. и јас мислев дека државната матура врши работа ама ете,од преголема заинтересираност за филолошки,резултатот е приемен испит...