Филолошки, Архитектонски, Музичка Академија, Ликовна Академија и ФДУ имаат приемни. На филолошки приемниот е поради тоа што има премногу студенти, на сите им се чини дека после завршување ќе бидат професори и ќе отворат приватни курсеви. Плус секој трет што не знае на кој факултет ќе иде и нема три чисти ниту англиски, камо ли германски/италијански се запишува и зема место на некој што знае колку толку. И да, сметам дека е океј што има приемни, зашто не е секој за на факултет. Подобро да се укине матурата и да се полага приемен на секој факултет. Инаку Ариела, како и на другиве факултети каде што има подготовки, ќе го земам за пример Архитектонски, пожелно е да се посетуваат, зашто те насочуваат конкрето на она што ќе го има на приемниот и нема да луташ по цел материјал.
Еве се распрашав, дознав од околу. Од први до петти јули се припремиве и коштаат 5000ки Секако дека ќе одам пошто многу многу помагало во испитот. Инаку и јас навивав за приемен испит пошто не сум баш јака со средношколскиов успех. Многу добра сум 4 години а знам англиски и со приемниот сакав да се покажам за да ме примат. Ама мислам дека подобро ќе беше во јуни да беше приемниов,овој период, како шо било пред 1-2 години. Нема смисла ова. Една другарка се спремаше од јануари месец за да полага приемен на крај на јуни. Вака ако не ме примат на факултетов. Ја губам една година.
Па, секаде каде што има подготвителна настава е со цел да им се помогне на студентите на приемниот. Зашто да губиш година? Ако добро го изработиш приемниот би требало да те примат. Не знам дали знаеш дека 60 % влијае успех, 20 % матура и 20% приемниот. Ако се спремала од јануари, пред 2 години една за Архитектонски се спремаше цела година па, не ја примија.
Сакав да кажам ако не ме примат на факултетов (шо не веруам), јас тоа ќе го знам на 26ти август. И кога јас ќе се запишам на друг факултет? Инаку знам што и како влијае. А за тоа спремањето на другарка ми,сакав да кажам дека она си завршила во јуни и си го терала летото. А и да не ја примеле,во август се уписите и она пак ќе можела да аплицира за друг факултет. На кој начин сакаш кажи, порано било подобро.
Знае ли некој сигурно дали за втор јазик на ПИТ се полага приемен? Јас планирам да земам англиски прв а германски втор, дали ќе треба да се полагаат двата?
100 % сигурно. Како може да одиш на ПИТ кај што учиш англиски и германски а приемен да полагаш само англиски? Нема смисла. Знам ама сепак не е истото.
Завршив конечно и јас со полагањата денес на мојот роденден! Полагав информатика! Сега ќе чекам само резултати. Официјално летото ми започнува денес!
Девојки, што мислите вие, ќе ме примат ли на Економски на смер МЕНАЏМЕНТ со овој просек: прва година - 3,95 втора - 3,08 трета - 3.38 четврта - 3.57 ??? А матурата океј ја направив. Ќе извадам 4ки 5ки. Имам избрано македонски, англиски, бизнис и економија. Знам дека зависи од бројот на пријавени студенти ама сепак одприлика да знам. (зборам за приватна квота, за државна знам дека немам шанси) Споделете мислење зашто многу ме измачува ова...
И за мене летото официјално започна, завршив со полагањата, а за некои и резутатите си ги видов. Уште да се одлучам на кој факултет и да почнам повторно нормално да дишам.
Елена, пресметај си овде поени. http://join.finki.ukim.mk/Calculator.aspx Па , отвори ги ланските и тие пред нив резултати и види последниот во приватна квота колку поени има.
Ме мачи нешто бе. Како иде времето за резултати така сум по нервозна. Е сеа имам едно прашање за англиски. Дали е некако можно да паднеш ако имаш напишано и писмо и есеј? Според мене и да ти е утната темата (не ми е утната, само дадов како пример), се оценува и структурата, и јазикот, а пред се бројот на зборовите, што сигурно ги имам. Ај нека ме утеши некој, незнам што ми е, незнам.
Ниту на есејот, ниту на писмото не можеш да добиеш помалку од 4 поени освен ако немаш ништо напишано (а ти имаш напишано). Се оценува содржина со 5,структура со 5,јазик со 5 и граматика со 5. А неможат на едно од нив да ти стават нула. Значи од тие најлесно се вадат поени. Нас професорката ни даваше есеи да ги оценуваме и ако ми веруваш, најгрдиот есеј имаше оцена 4ка Така да, кулирај Spoiler Бројот на зборовите не се оценува,туку,ако имаш напишано 195 збора, а треба до 180 +/-10 тогаш ти го сметаат есејот до 190тиот збор. И така фактички имаш недовршен есеј. Истото важи и за писмото само нели таму незнам колку збора во можност беа дадени. Тоа не е многу страшно,ти си ги имаш на бројка зборовите како што кажа,само,тоа не се оценува и не влегува во поен.
Ќе те примат... Познавам лица што имале помал просек од тебе а еве ги запишани, па дури и при крај со студии!
Па би требало, незнам лани со колку беше последниот Ама како и да е секоја година е различно. Мој совет за да бидеш посигурна, може да се запишеш на друг смер кај што нема многу кандидати пример општа економија, надворешна трговија ( лани таму останаа празни места), и во втора да си се префрлиш, и така прва сите исто учат
И мене ме фаќа многу паника, не знам зошто. Сега си мислам, па што ако немам четворки македонски и англиски? Што ако се тројки? Што ако не ме примат на факултет, што ако имам паднато на матура? Дај нека објават резултати жива се изедов веќе. Нема да паднеш Свит Ејнџл, ти си бистро девојче. Ич не се секирај.
Elena69221 сама си знаеш дека во државна немаш толку шанси, ама во приватна имаш. Ако матурата ти е добра ќе ти го крене просекот, и поените ќе ти бидат подобри. Мислам дека во мое време имаше на економски и на правен со по 60тина поени што примаа. Сега се зависи од конкуренцијата и колокави ќе бидат квотите на економски за суденти по смер, рекоа ќе ги намалувале од годинава, ама распрашaј се убаво сепак. Дечки не кревајте толку паника за есеите, не можете да паднете, се оценува по повеќе критериуми, граматика, вокабулар, структура, темата дали си ја погодила, дали си запазила број на зборови итн. Нема да паднете бидете сигурни, англиски не се до толку строги го македонски, барем годиниве наназад тоа се покажало на дело, многу 5ки и 4ки англиски имало. Имам прашање сум забораила јас стара сум, од матура тоа што полагавме даваа некоја диплома со оцените напишани така? Никаде ми ја нема таа, само сведителствата од средно. А си ги зема оригналнот од факултет кога дипломирав ама таа диплома со матура не ми дадоа