Немаше да се замарам толку, ако не се одлучев за Филолошки, и тоа баш англиски. Го сакам и сакам да научам, ама матурава со својата двосмисленост ме разочара, ептен и тоа. Лесно ќе беше, да останеше како претходните години ама ајде. Малер генерација сме бе, не сфативте до сеа?
филозофија имам 5,денес полагав биологија и тоа очекувам 5 едино само англискиов ме плаши...ајде и тоа ќе помине,како Господ никој не е...
Абе ти така си викаш, демек се одлучив за Филолошки. И јас така си викам, демек немаше да е замарам ако не се одлучев за Психологија, и сите така си викаат. Ќе помине добро, сигурно многу подобро отколку што си го имаме замислено во нашите глави. ..арно викале, еднаш си матурант.
Е ај јас да си кажам пошо слабо ми оди англискиов, и сите тапа беа во мојата училница, јас си ја утнав темата на есејот, но барем се потрудив да напишам есеј со 145 збора, во три параграфи воведен, главен и завршен дел..И дали мислите дека за ова ќе дадат некој бод, и колку? а некои скоро сите ми велат дека се поништувал есејот :/
Епа ете како што кажав англиски не ми оди добро..и ја утнав темата и тоа е што да правам ...и + тоа и оние јаките по англ се жалеа на тестот вкл ја и разработката на есејот...а сега има некој да ми одговори дали е поништен или??
Не се поништува бре луѓе. Не го прочитавте ли моето мислење? Ако содржината не ти е погодена може да ти стават МИНИМУМ 1 поен, структурата ти е воведен,главен,завршен да се гледа дека има, да личи на нешто текстот-тоа ти е добро значи 5 поена. Јазикот дали ти е добар со тоа како ги пишуваш зборовите,дали се правилни,дали имаш речник (и тоа е 5 поени максимум па сеа ти оцени си како ти е) и граматиката,мислам нема шо да ти објаснуам за што се тие 5 поени.
Абе разбирам да немаш изграден вокабулар, па да не знаеш баш да се изразиш, ама да ја утнеш темата.. ? Како ја утнувате темата не ми е јасно? Ви даваат тема за Пролетен ден а вие по грешка пишувате за Осми март, или? ..Најтрагично е што и Македонски некои ја утнуваат темата.
И мене мака ми е тоа, шо едино англ не знам -.- ...и тоа ме демотивира во некои работи.. Кај нас беше вака..тестаторот се правеше дека знае англиски, и почна да ни кажува таму за темата шо требало да се пишува, и ај си реков подобро него да му верувам отколку себе си, пошто не знам доволно англ..и не бев само јас, сите шо беа во училницата почнаа да пишуваат безвеза хахахха...ама кој си разбира англ си разбира, и нормално дека нема да ја утни темата... а македонски е друга работа... не можиш да ја утниш кога ти е веќе мајчин јазик. Јас содржински, литературно одлично го напишав есејот и задоволна сум..се надевам дека мак ќе извадам 4-5
Џинџер да знаев во кое школо учиш ќе отидев и ќе видев на огласна табла, ама озбилно . Ме нервираш вака