Како што разбрав јас во рок од 3 дена од полагањето мора да има резултати. Додуша кај нас по некои предмети каснеа, ама кога и да си полагала мора барем од еден предмет да ти имаат поминато 4-5 дена, види си на огласните табли во училиштето, сите провери ги, или јави се во училиштето може ќе дознаеш каде се
Вториот интерен го полагав на 20ти, ама уште нема резултати. Вчера бев во школо, ми рекоа дека кога ќе има, ќе бидат објавени. Ама ме чуди како уште нема резултати...
А лалалалаллалалала! Само да и кажам на Свит Ејнџел, утре ќе одам да си ги видам резултатите. Може имам две петки па од љубомора не сакаат на провинцијалчето да му ги кажат... ..е шо... EDIT - чекам резултати у секој момент.
Ајде аирлија нека е, држам среќам, ако се петки частиш да си знаеш . Само за арно , за убаво нека е. Ние пак ја напнавме класнава за оценките од Скопје, и женава се изнервира па и ни рече дека средината на Јули ќе имало до тогаш ли ќе се мачиме бе ?
Двата интерни 5ки, за другиве две нејќам ни да помислам. Крајно лошо ќе биде, а и знам дека ептен ќе се разочарам.. ма убаво си реков ич не мислам.
летото почна и за мене, интерните 5ки, сега уште екстерните- макар што на нив не верувам дека ќе имам најсјајни резултати, но битно најлошото помина, сега можи да уживаме
и за мене почна летото конечно а да не знај некој ако се запишиш на нутриционизам во Битола шо можиш да работиш, за да не биди за џабе си учел само колку да имаш факултет
Можеш во болница да се вработиш и како нутриционист да составуваш посебни диети за пациентите според дијагнозата, крвна група, медицинска историја, алергии и сл. Иако нешто многу не практикуваат докторите нутриционист да викаат и се си даваат на своја рака, сепак како работно место во болниците постои. Јас искрено едно време сакав да се запишам тука како вонреден студент, чисто едукативно, како втор факултет, но откако имаа презентација кај нас на школо се премислив, не бев нешто фасцинирана од нивниот кадар, па за 400евра годината можам да си купам тон книги и самата да си разработам се, со оглед на тоа што не го сакам нутриционизмот како професија и дипломата не ми значи ништо.
Интерно - две петки... амааааааа екстерни предмети - експресно разочарување ке ми бидат... Битно на факултет ке влезам како и да е...
Јас. И поминав со 5-че. И другиот интерен исто така го поминав со 5, биологија. Сега уште екстерно да дочекаме....
Шо планираш да се пишеш факс? Прашувам ради тоа шо и јас истите предмети ги полагав, а појма немам уште што да идам