Ќе работат школите од утре? Да не се на одмор од јули? Треба да вратам некои книги што ги земав за да учам учам за интерниве.
Се наближува времето за резултати а . Ако не се деси нешто непредвидено, и ако не каснат, за 9 дена би требало да имаме
Минатата година нели излезе клуч (официјален) неколку дена после полагањето матура? Или јас сум грешка, излегува заедно со резултатите?
Ајде сите што полагале хемија матура оваа година нека си ги искажат искуствата, односно дали однапред ви беа дадени прашањата од страна на професорите ( решени/нерешени), дали и пред тоа имавте некое знаење или пак повторно учевте се пред матурата, и на крај најважното со што ја положивте матурата
Јас полагав хемија матура, и поминав прелесно. Но, мислам дека е до тоа што хемија ми беше омилен предмет сите четири години и матурата ми беше како само едно мало повторување, си го имав знањето. Прашањата зависат до професорот. Кај мене имаше електронска конфигурација, хемиски врски, изобари, изотопи, изомерии, хомологија, алкани, алкени,алкини, јонски рекации, реакција на неутрализација, општо за оксиди,киселини, оксидоредукција, задачи со хемиска формула и масен удел. Значи само општи работи од тоа што си учела. Добив петка јас.
Сериозно ова!? Со никој!!! Називот инжинер го добиваат лица кои дипломирале некоја од техничките науки.
Истиот случај е и со мене Изабела. Само кај мене е критично, бидејки не мислам дека ќе се разочарам од резултатите, и со двојка би била среќна. Туку страв ми е да не паднам.. Можеби звучам песимистички, но делумно сум и сама виновна за тоа бидејки не се подготвував.
дипл. инженер по биологија - биохемија и физиологија (ПМФ) http://ib.pmf.ukim.edu.mk/BiohemijaFizi ... asoka.html Исто и на фармацевтски на програмата за лабораториски биоинженери.
Валерин, не си ја измачувај главата со глупости, знаеш ли какви тиквари и тикварки положија до сега? Треба да си ептен дрво дрвосано да не поминеш, а јас сум сигурна дека ти не спаѓаш во таа категорија незналици Ќе почекаме резултати и ќе видиме, некои зборат дека англиски околу 11ти или 12ти Јули ќе има, а македонски подоцна, може околу 21ви, 22ри.. Баш да видиме. До тогаш рилакс и исфрли ги лошите мисли од главата и размислувај на кој факултет ќе се запишуваш, долку сеуште немаш одлучено. Исто како мене де
Сите го велат тоа... Дека и најлошите ученици поминале. Меѓутоа за наша среќа или несреќа факт е дека сме сите различни, па и тоа тек така поминување помалку или повеќе е обусловено од среќата. На пример, јас уште од старт бев разочарана што не ја уживав таа прилика да имам попустлив тестатор, за разлика од некои мои соученици кои се пофалија дека одговорите им биле кажани. А и овие тестови, како што напоменав во претходните постови, чинам дека повеќе беа наменети за тестирање на логиката на учениците, отколку што беа мерило за вистинското знаење кое се стекнало во изминатите 4 години образование. Мене искрено логика не ме бива, затоа мојот сомнеж е голем. Искрено се надевам дека ќе положам бар со едно скромно тројче, ако веќе поминам.
Валерин, не се плаши до толку бре. Сме положиле, само Господ знае со какви отцени. Барем за мене де. Јас се наполнив трауми од оваа матура. Кога беа полагањата сонував дека сум задоцнила и ме истерале, сега сонував дека сум добила четворка по математика. Да имам четворка арно ќе биде, само некоја двојка да не извадам.
Валерин и мене ми се падна лош тестатор првиот пат, а вториот па и да сакав немав од кого да препишам, се дудуци беа, па си решавав сама. Фактор среќа има тука големо значење, тоа е вистината. Иначе јас не се замарав со матурата воопшто, додека не дојде денот пред неа, тогаш уште откако станав сабајле ми се пресекуваа нозете и внатрешниот глас ми викаше да седнам да учам , го послушав и скоро два саати (вкупен збир) од можни 24 ги поминав читајќи македонски. Англиски не пипнав. А, кога влегов.. малерот проработе. Ме седнаа на прва клупа, баш пред господичната тестаторка. Решив се што знаев и кога требаше да се одговара она со Небиднина, Сердарот и нешто граматика, земав и и ги броев бемките на лицето. Толку бев безнадежна и ми стана досадно.. чекав да се раздвижи малце атмосферата и да поткаже некој нешто или оваа да се смилува, али ништо. Попусто. Јас се надевам на двете, на најскромни тројки. Не очекувам ништо повеќе, реално толку и заслужувам. Есеите ми се катастрофа, посебно англиски формалниот, што и еден дебилен позади мене земал и го препишувал (не знам како), па уште откако завршивме ми кажа и ми се искези у фаца у стилу хус д бос а, кој се снаоѓа у секоја ситуација. Само да не ни ги упецаат, а шансите да не приметат се минимални. Што е тука е, тражила сам па сад чу да гледам.
Toкму така. Исто ми беше и мене на тестирањето. И јас се понадевав дека нешто ќе ни се поткаже при крајот, но тоа не се случи и се вратив дома како попарена каца во котел.
Јас денес како повторно да седнав и да полагам матура. Овојпат бугарска. Истиот принцип како што полагавме ние македонски и англиски со посебно ливче и да боиш. Се надевам дека добро ќе поминам, поднесов документи за факултет и се надевам дека ќе ме примаат. Е сега да не знаете кога добиваме резлутати, после колку дена ќе можеме да ги земеме дипломите? Бидејќи знам дека после резлутатите имаме право на приговор. И колку дена ќе се одвива тоа додека ги земеме дипломите? Ми треба што е можно побргу па да знам како можам да ја земам.
Нам дипломите ни ги даваа пред уписите, некаде после 10ти август. Убаво се сеќавам дека 2-3 дена потоа ни беа уписите за на факултет. Јас имам другар кој беше во слична ситуација како тебе, ако ти треба информација итно - ќе го прашам него. Само, „лошата“ страна беше во тоа што нив многу доцна им ги пуштија резултатите (некаде во септември), па повеќето кои аплицираа за студии во Бугарија претходно аплицираа и на УКИМ или УГД за секој случај, ако не бидат примени да речеме на Софискиот Универзитет или на оној за кој аплицирале.