Дечки, дека нема да бидам тука периодот кога ќе бидат истакнати резултатите, како ќе може да си ги видам онлајн? На таа страната на матура? Треба нешто да се регистрирам? Ај ве молам некој што знае да ме информира, било тоа да е поранешен матурант или сегашен
Ќе има на страницата за матура оддел „резултати од матура“ или така некако (не се сеќавам како беше), си несувате податоци: име, презиме, татково име, училиште, град и ви се отвараат вашите резултати. Без гајле, мислам дека ќе можеш да си ги провериш во секое време откако ќе излезат.
Абе сигурно не ја отвора бидејки работат на нејзе,како на некоја друга страница кога работат пишува во обновување е,или па не ја отвора. Останува да чекаме девојки!
Не знам зошто, ама откако прочитав дека официјалната страна на matura.gov.mk е во изработка на резултатите, мира немам. На секои 10, (читај 5) секунди отварам и чекам неколку минути во надеж дека ќе се отвори... Се до моментот додека горе не прочитам error, па ќе направам refresh, нели во надеж дека овојпат ќе успеам. Уште еднаш, уште еднаш и уште еднаш! Spoiler Манијачки до срж!
девојки утре ќе има резултати на страната http://denesen.mk/web/2013/07/07/drzavn ... t-od-lani/ http://press24.mk/node/18198
Ма немој молимте ...подобар резултат имало годинава....за да не си го признаат срамот шо го напраија со небиднината и со формалното писмо,затоа вака јадат гомна сеа. Јака фора нема шо
Сеа до утре нема спиење а тоа со НАЈМНОГУ ЕДИНИЦИ ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК е најјако. Секоја чест... ај да не се смееме може и ние сме во нив
Oтварам сега фејсбук и одма прво ми се појавува http://www.telegraf.mk/aktuelno/makedon ... ezultatite (другарка го објавила). Шокови ме мавнаа, сто пати морници ми поминаа низ телово. Господе, те молам да имам 2 англиски. Па нели требаше да има резулати на 11 јули, бре луѓе?
^ Де бре, наместо да се радувате што подраниле со резултатите... барем нема да ви се на мисла Радувајте се додека можете, оти после се ќе ви доцни... Ќе доцнат професори на консултации, ќе доцнат на предавања, па и на испит... а за резултатите да не ни зборувам колку ќе доцнат... Spoiler А тек па кога ви задоцни менструацијата
феминки да ве прашам дали некој од вас ја запиша шифрата што ја имаше на бар кодот што го лепевме бидејќи сеа нешто зборат дека таа шифра ке ни требала за утре да ги добиеме резултатите ... вистина ли е ова јас не го запишав ???