Прееска на вести кажаа. Резултатите се готови и утре ќе бидат објавени на интернет, а на 10/11 јули (не сум точно сигурна) ќе бидат истакнати во школите И јас одвај ги чекам, па шта буде нека буде http://www.youtube.com/watch?v=hwMZ0gseWXA
http://matura.gov.mk/results.aspx?language=MK Прашањево ќе биде многу глупо. Јас сум 1995 а тука не ја дава Овде ли треба да ги провериме резултатите утре или? Дајте бре линк. Страв ми е
Абе зш вака ми пишува Внесените податоци не се пронајдени. Ве молиме, обидете се повторно. Се внесив океј..
Почнав нервозна да станувам. Блазе си им на оние што зедоа математика - напредно ниво, барем се сигурни дека положиле, а и каде, каде полесно му е да се ориентирааат што добиле. Јас иако повеќето задачи си ги проверив и сум сигурна дека ми се точни, кога ќе видам колку многу деца не положиле, и 2ки и 3ки имаат, ме фаќаат паники. Ај кец, скоро сигурна сум дека нема да имам, ама да не ми ги нема скенерот прочитано одговорите од првиот дел, па да добијам некое тројче .. па и македонски .. Барем скала да ставеа од колку до колку поени, која оцена, можеби рает ќе спиев вечер.
Утре порано станете и проверувајте на секои 2 минути. Лани не можев едно три часа да проверам, сајтот беше нападнат, се кочеше и не отвараше. На крај замолив девојче од форумов да провери за мене.
^^ Да, утре ќе има. Јас и ноќеска ќе проверувам за секој случај. Утре рано ќе станам и може нема да биде преблокирано, сите ќе спијат. Ама, и овие од министерство не зафркаваат. Утре може дури на пладне да ги стават, а ние ќе си чекаме.
Па, за половина час е 12. И ете ни прилика да ја напнеме, закочиме и на крај Spoiler пое*еме со извинење, официјалната страница за матура, и тоа уште пред да ѓи дознаеме резултатите.
Резултати чекаме ние, за некого ќе донесат радост, а над нечија глава тага ќе се свие, не си учевме на време, факт е дека бевме диво племе. Сега кукаме, лелекаме, па сами сме си криви што пекаме. Од реалноста велат не се бега, а матурава не беше шега.. Да положам само, од глава да ми се тргне, и животот од точка - средно конечно да ми мрдне. Треперам цела, главата ме боли, ајде матура.гов дај резултати цела 2009-2013 генерација те моли! Чао, ви посакувам на сите многу среќичка. И полека со отварањето
Ајде и од мене со среќа нека ни е на сите, и недај боже некој да треба да си ја објави песнава на фејзбук http://www.youtube.com/watch?v=kHNaqSceVvg
Резултатите треба да ги провериме на тој линк, тоа што не ти ја покажува годината значи дека уште не се ставени резултатите. Има време, ќе ги објават во текот на денот. И јас кога ќе ги внесам податоците ми вели дека неможе да ги пронајде. Значи уште не се ставени. Само уште малку трпение треба, издржавме еден месец, еден ден не ни менува ништо
Благодарам на одговорот Јас сум трпелива,можам да чекам,не сум возбудена колку што се повеќето,но само ми беше нејасно она со годината. Инаку се надевам на најдобро за сите. И да се запишете каде што сакате