Не можат да се видат резултати ! Остај ние што сме родени ’95 туку и овие што се родени ’94. Си ги провере некој резултатите ?
Нема, не се ставени сеуште. Тоа `94та е од лани.. И аман веќе нека ги стават.. Не да испадне пак на 10ти. Штом ја нема 95та не се ставени..
Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Aleks181, BlueBirdy26, ChocoLoco, choko, danniela5, Girly01, I.want.to.sleep, maja.kostovska, martinabelieber, Oleeenka, problems94, Rosela, Westlife и 40 гости Ни гори под нозе, а . Ви посакувам на сите се најдобро, да ја видите оценката што ја посакувате
Ај со среќа дечки, да си имате сите по 2 петки Резултатите тогаш кај нас ги објавија поручек,а прво се истакнуваат на страната на министерството после стигнуваат низ школите.
Сабајле станав потресена, се затрчав во дневна да го земам лап топот, упалив матура.гов го ставив на столчето одма до креветот и пак заспав на штрек. Се будев на секои 15 минути и стискав рефреш на страната. Ај сеа што ме боли глава од што не сум наспана мање битно, него наслушнав дека резултатите требало да бидат објавени до утре до 12. И утре вакво „будење“ не сакам да си приредам. Кој стигне објавува работи по нетов, а кога си очаен се ќе сакаш да провериш. Може и за две недели да ги објават, знаеме сите колку се ажурни, а ние ќе си чекаме, нема проблем. И живци и трпение и се си имаме повеќе од просечното.
Има резултати, зборам за тие што се 94, сега видов за брат ми. А не видов дали имаше опција за 1995 год.
Симпли елегант, едно прашање. Каде што се полињата име, презиме и татково име пишуваше кирилица или латиница ?
Што е работата што не можат да ги видат резултатите тие 1995 година родени?? Ова е дискриминација, ќе ги тужам!
Прво тие од министерство за образование нека полагаат матура информатика, па после вам нека ви соопштуваат резултати. Има опција 1985, а 95 нема, а генерацијата е 94/95 Неписмени се бе, шо сега децата што се 95та ќе се нервираат и ќе бидат во исчекување.. Ете и сестра ми е 95та, и не може и она да си види. И еден добронамерен совет од паталец, скријте си го деновиве датумот на раѓање ако имате фејсбук направете си го да не се гледа.. оти и ќоро и сакато што сака да оговара и фаќа сеир ќе проверува таму за сите, па гледаат роденден и проверуваат оценки да има за што да оговараат. Прост народ ама тоа е. Онака барем не сите на памет ве знаат кога сте родени, па ќе бидете поштедени од една страна. И со среќа, да се фалите тука сите со 5ки или 4ки, ништо подолу