Уфф добро е. Ми падна камен од срце Македонски 4 Англиски 4 А очекував англиски дека нема ни со 2ка да положам...
А има ли некој од тука што планира да запише дефектологија, или што студира дефектологија, да сподели искуство? Дека во темата за дефектологија баш и нема многу информации..
Ах двете четворки ми се и македонски 83,12 и математика 71.98 .. очекував барем едната од нив да ми е 5ка ама тоа е..... Ај сега и јас да си ги пресметам поените
40 души оваа година, 20 у државна, 20 у приватна. Теоретски, треба да има повеќе работа за дефектолози тие шо се special educators, оти нели у секое школо треба да има по еден дефектолог. Ама у реалност, повеќе работа има за логопеди, оти постојано има деца со говорни маани. И плус, не е толку стресна работа како спешл еџјукејтр. П.С. Џинџер, и јас тоа планирам да запишувам, може да дружиме од септември.
Девојки како си ги сметате поените се вкупно?? Јас уште ги немам свидетелствата од 1,2 и 3 година, а камо ли од 4 и така неможам да си пресметам.
Spoiler http://press24.mk/najmnogu-edinici-po-angliski-eve-gi-rezultatite-od-drzhavnata-matura/18205 3.78 посто, односно 600 деца со подобри тестови од тебе, имаат 4ки (ти имаш подобар тест од 19,12 посто од 4ките (освен ако не згрешив некаде во сметањето)). Е сега можи за многу мала работа да се подобри тие 600, пример со некои за 0,25 или 1- 2 поени и да си многу блиску до 5ката, а може и да ти бегаат со многу, тоа не знае, голем процентил некогаш може да значи дека си солиден, а некогаш само дека другите се ужасни, исто како и за помал процентил што може да биде обратно. Многу е зафркнато што не кажуваат поени, ама тоа е ..
Искрено се надевам дека денес после 12 часот ќе можеме да провериме што имаме на екстерните. Нека ве прати среќа сите . Ајде, можеби за нас се чува најдоброто . Да ни помини времето по малку И јас сум 95. Така што не ми е до смеење, ама кога го видов ова... Кај си имаме маки, овие со нас се зафркаваат . Еј дури, детенцево расплакано. Е , не е до толку работата де
Размислете добро дали ја сакате таа струка. И консултирајте се со некој што работи како дефектолог. Или уште подобро, во специјалните училишта, основни, средни.. Не ме разбирајте погрешно, само совет.
Убаво ја разбирам деликатноста на оваа работа, мене ме интересираше повеќе делот кај запишувањето, квотите, дека годинава примаат многу малку студенти, дали е тоа од повеќе или помалку конкуренција, на пример?
Македонски-4 Германски -5 Само што ги пресметав поените имам 95,8 дали има шанси да влезам во државна квота на правен?
две четворчиња Spoiler Колку е иронично што девојчето што препишуваше од мене, учеше од мене и не знаеше две реченици да сврзе англиски а јас го владеам одлично англискиот,има подобра оцена од мене т.е 5ка.
Луѓе се разочарав... англиски извадив 4-ка а македонски 3-ка... не ми се верува дека англиски 4, а јас очекував дека ќе паднам или барем се надевав на 2-че бидејки писмото ми беше утнато го пишев неформално Инаку тоа ме израдва баш.. и така планирам да се запишвам понатака на англиски. Муабетот ми беше за македонски, на тој труд што го вложив, 24/7 што бев над книга дури не праев ни пауза за јадење, тие дена воопшто не ни спиев за да го научам тата мата материјалот и на крајот 3-ка??? Не стварно не знам... а тестот го решив цел, стварно сум разочарана не верував дека толку слабо ќе извадам на тоа учење Тоа е сега нема што да се прави ама овде стварно не ми штима нешто.
DreamAngel па побарај си приговор нека ти го разгледат тестот македонски, јас исто така се ''убив'' од учење ама се испатило мак имам 5 со 99,9 перцентили. Трудот секогаш се исплаќа поднеси си приговор