Da prasam dali ima nekoj so saka da se zapise ili vekjke e zapisam na filozofski smer pedagogija? Mi treba mislenje za ovoj smer
Мислам дека има нова студиска програма за јазиците, со кои ќе може да се предава и во средно. Знам, бидејќи имам другарки, кои ќе се запишуваа на германски (патем годинава студиската програма за јазиков е во мирување), се имаа добро распрашано и беа сигурни дека со таа насока може да се предава и во средно. Плус сега и на страната видов во прв циклус студии, во однос на листа на предмети има Стара студиска програма Македонски и Англиски јазик (за студенти запишани пред 200 и сега нова - Англиски јазик и книжевност, а и во делот за факултетот за првиот циклус студии, студиите за јазиците се одделно напишани од оние за наставник Spoiler Студиски програми за прв циклус Наставник за одделенска настава Вспитувач Двопредметни студии за македонски и англиски јазик Двопредметни студии за македонски и германски јазик Двопредметни студии за македонски и француски јазик Информатичко-техничко образование (заедно со Техничкиот факултет – Битола) Други акредитирани студиски програми кои не се активирани се: Студиски програми за наставник – Предметна настава во основно училиште со следните модули: Биологија, Хемија, Географија, Историја, Физика, Математика. Библиотекарство Spoiler http://www.pfbt.uklo.edu.mk Како и да е, според мене ова не е факултет. Не знам конкретно за студискава програма за англиски, ама општо земено, кој стигна се запиша таму, и сеуште не сум слушнала за некој кој влегол во него, а не зел диплома. ОК, да не ме сфатите погрешно, знам дека сепак и таму има и солидни ученици и дека финансиите играат голема улога каде би се запишал, ама што знам, еве другите факултети на УКЛО не се до толку бе.
Во Филолошки факултет Скопје,англиски книжевност, не треба да дополагаш предмети за да бидеш наставник во било кое школо. Самите предмети се тоа,методика,психологија,педагогија (изборните). Зборувам исклучиво за англиски книжевност. Во сите четири години имаш 6 предмети од кои 3 се задолжителни и ги учиш секоја година а 3 треба да ги избереш. Меѓутоа и во изборните имаш задолжителни изборни. За Педагошки факултет Битола,англиски,можеш да бидеш само наставник во основните школи,што не е ни толку лошо,но сепак имајте на ум дека тие од Филолошки со англиски книжевност имаат предност секаде за ваква работа. Всушност истото се учи само различно се проценува дипломата.
Со погоре болдираново воопшто не се согласувам.Ај ти кажи ми што е исто во тоа што тие во прва го читаа Little Prince а ние W.Shakespeare, Milton, Donne,Spenser и ред други?!
Знам дека на филолошки повеќе се учи и потешко е и се е подобро,затоа се има и подобри опции но сакав да кажам дека и на педагошки учат педагогија психологија англиски бла бла. Не мораш веднаш да напаѓаш.
На овој линк има упатство како сами да си ги пресметаме бодовите за упис. http://www.ukim.edu.mk/dokumenti_m/158_ ... ektura.pdf Со оваа пресметка ми испаднаа толку бодови колку што пресметав со калкулаторот на финки.
^^ Не те нападна. Ја заболе раната и споредбата како студент на Филолошки и скокна да си го брани своето. Ја сфаќам и се сложувам со неа.
Епа штом и ти си на филолошки онда ја знаеш разликата.А тие што ни се исти, Педагогија и Психологија, најискрена да бидам не ги сметав како предмети.И воопшто немав намера да те навредам, ако така си се почувствувала јас ти се извинувам, но тоа ИСТО мене ми е сосема РАЗЛИЧНО, и никогаш не би ги споредила тие два факултети затоа што постои ОГРОМНА разлика помеѓу нив.
Не не,воопшто не ме навреди само некако како да ме нападна,а јас сакав да ја охрабрам девојката што сака да се запише на педагошки-англиски. Но,сепак да и упатам дека филолошки е подобро. И секако дека знам дека е огромна разликата,затоа и го одбрав нашиот факултет.
Може ли некој/а да ми каже нешто повеќе за технолишко -металуршкиот факултет, поточно за Дизајн и менаџмент на технолошки процеси ? Ја разгледав страната но ништо конкретно не ми е јасно. Што може да се работи со ова? Многу ли е тешко? Тешко ли примаат.. итн.
Добро некоја разбира ли како оде тоа, на пример како математика некои со 77 перцентилен ранг имаат 5ки, а македонски со 88 се уште е 4ка?? Јас не можам да сфатам
Тоа се одредува според најдобриот и најлошиот тест по предметот, на ниво на целата држава. Тестовите по Математика обично се послаби, доста послаби во однос на оние по Македонски јазик и литература. Затоа границата кај Математиката секогаш е спуштена и може да се случи и некој со, да речеме 80 и кусур перцентили да има 5.
И мене баш ме интересира нешто повеќе за овој смер. Прееска разгледував и ме привлече некако. Јас планирам на економски да се запишувам, ама разгледувам и други опции, зашто со економски работа слабо има.
И јас случајно разгледував и ми привлече внимание тоа. Ама незнам ништо повеќе за него. Да се надеваме дека некој ке се најде да ни објасни нешто повеќе, во спротивно ако најдам нешто ќе ти пишам ЛП. Да се поддржуваме
Баш обратно. Процентилите не се ниту поени, ниту колку проценти од тестот ти се точни, туку од колку проценти од оние кои што полагале по предметот си подобар. Скалите за оцените му се претпоставувам идентични со оние кои што министерството му ги залага на професорите да ти користат, односно 40% од поените за 2ка, па нагоре .. Според податоците од табелава за годинешнава матура по германски јазик, како предмет со највисока просечна оцена 3,97, првата петка има 44 процентили, бидејќи 56% од оцените се 5ки. Границата не е спуштена бидејќи тестовите се слаби, туку баш спротивно , процентилот е помал бидејќи останатите тестови се подобри од оној кој според стандардните правила за бодување е за 5ка. Работава со процентилите му е мислам повеќе ставена за да не се поткажува меѓу учениците, пошто нели ако му кажеш на некого, можеш и ти да се изгориш со поен помалку за запишување, а и се знае, затоа што сепак има разлика од петка до петка и од четворка до четворка. Сепак процентилот нема никаква врска со оцената на ученикот.
^Па не е можно да си подобар од 100% од матурантите кога и ти си дел од нив (иде некако да си подобар и од самиот себеси )... И најдобра матура да има некој, 99,(нешто)% би имал. Тоа (нешто) зависи колкав удел има тој во целокупниот број на матуранти што го полагале предметот.