Не, но можеш да си аплицираш за стипендија во втора, па ако земеш би ти испаднало исто како без партиципација, па и плус некоја паричка настрана би ти останала
^Не, треба прво оцени за првите 2 семестри да си добиеш, па ако ти е доволно голем просекот, некаде на почетокот на учебната година, или некој месец покасно, од министерството одредуваат период кога се аплицира и аплицираш.
На некои факултети важи следново -со просек над 8.5 плаќаш само 50 евра или 100 евра(зависно дали си во државна или приватна квота) -со просек над 9.5 не плаќаш воопшто,освен за пријавување предмети. Во однос на овој просек доколку го имате,исто така можете да поднесете барање за една од трите видови стипендии,но тоа може да се направи после првата година од студирањето
Малку сум збунета.. имам просек 5.00 четирите години, интерните и проектната ми се 5ки, едниот екстерен ми е 4 со 85.66 перцентили, а другиот 4 со 79.59 . Колку поени имам ? Калкулаторите што ги најдов на интенет покажуваат различно, а пресметката што сама ја направив уште поразлично! Help please !!!
60 поени од оценките 16 од интерните 4 од проектната 8,283 од едниот екстерен и 7.9795 од другиот екстерен Spoiler за екстерните јас сметав според оваа формула => поените=оценката+(перцентилот/100*5) Што значи вкупно би требало да имаш 96,2625 поени.
Ти благодариме ирреплеацеабле за линков,навистина е интересен и корисен! Дали некоја ке студира во Штип на општа мед?