Оф мори мајко. Значи сега се пријавувате електронски за од прилика они да имаат увид какви ви се оцените и колку луѓе од прилика ќе се запишуваат. И одма ти стига бројче и на денот на уписи идеш таму со документите и тоа бројчето исфотокопирано и им даваш. Јас коа бев на факултет да прашам ми рекоа тоа деба било нешто како резервирање на место на факултетот. Незнам ни јас точно ама сигурна сум дека сега е електронски а на денот ги носиме документите
Рокот за пријавување на IKnow до кога е? Зашто сеуште не сум сигурна кој смер ќе изберам. Лани се сеќавам една познаничка ми кажа дека вечерта пред уписите ја пополнила пријавата.
ако може линк од страната за електронско пријавување и ако знае некој нека објасни подетално како што...
Кога е крајниот рок за електронското пријавување, сеуште се немам одлучено каде ќе се запишам т.е. кој смер, па битно ми е некој да ми одговори на прашањво ?
Може да се пријавуваме електронски до моментот кога ќе отидеме на упис. Дури и ако не си пополнил електронска пријава одговорните лица од факултетот треба да ти овозможат да ја пополниш електронската пријава во моментот (на лице место кога ќе се запишуваш) или тие да ја пополнат. Бар така прочитав. Ама, не се надевајте дека таму ќе ви пополнат пријава или дека ќе ви обезбедат соодветни услови за тоа таму сами да го направите.
Вака а може ли да се запишеш на англиски(книжевност) без приемни ? и што е подобро дали со приемни или без?
Мислам дека неможеш без приемен. Пошто ти даваат поени. 60% одат од оцените во средно 20 % oд матурата и 20 % од приемниот. Затоа е многу битен. Колку повеќе поени имаш на него толку поголеми ти се шансите да влезеш во државна или приватна квота. 100 студенти примаат оваа година.
^ Колку што знам нема смерови на факултетите, туку само факултетот. Веројатно после полагањето матура ќе има кој смер. Зашто има уште за дополнување, на крајот од пријавата кога ќе пишеш дека си готов испаѓа прозорче и пишува така нешто, после матура вториот дел од пријавата.