Вистина ли е дека веќе не можеш да земеш два јазика на филолошки ? на пр. да земеш јазик под А, под Б??????????????????????? ;/ у пм. нека иде се.
Како може да неможеш да земеш два јазика кажи ми? Секако дека тоа зависи на кој смер ќе одиш. Ако одиш англиски книжевност имаш само Англиски пошто самото име на катедрата ти кажува АНГЛИСКИ книжевност. Ако одиш на ПИТ имаш два јазика. На пример Англиски и Француски. Превод и толкување на англиски јазик и Превод и толкување на француски јазик. Што е тука нејасно?
Феминки, едно прашање во врска со перцентилите - како се пресметуваат ако повеќе ученици имаат ист број на поени? Бидејќи нели перцентилите го претставуваат процентот матуранти од кои си бил подобар. Кој од кого ќе биде подобар во ваков случај? Сестра ми на пример има 100 поени од едниот екстерен, ама постои веројатност да не е единствена
http://join.finki.ukim.mk/Calculator.aspx еве калкулатор внесуваш оценки,перцентилен ранг и сл и ти дава на крај колку поени ќе имаш..вака исто пресметуваат и факултетите
Јасно ми е како се пресметуваат крајните поени, ама мене ме интересира како се пресметуваат самите перцентили ако повеќе матуранти имаат ист број на поени на тестот
На тоа видеото за пополнување електронска пријава што е поставено на youtube децималите од перцентилниот ранг не се пишуваат. Не е фер, мене ми значат и баш тие ми прават да имам едно поенче повеќе. (едно ама вредно) Некој ако има од претходните години да споедли искуство како е навистина во пракса?
Можда малце глупичко прашање ама ај јас пак да си прашам за секој случај...Вчера се пријавував електронски и испечатив све тоа океј ...и сеа за тоа бројчето...бројчето е тоа што е на пријавата горе испечатено или треба на меил да ми стигне некое ? На меил ми стигна само тоа што е за да го активирам профилот за електронското пријавување. Ептен сум lost
Девојки вие што планиравте на Психологија да се запишувате од прилика со колку поени ке одите. Според калкулаторот на факултети имам 93,9911 поени а според уким 93.886 поени. И со колку е за во приватна а колку за во државна квота. Глеав од лани последен што има влезено државна квота е со 93.819...
Талита, никој не може точно да ви каже со толку поени државна, со толку приватна квота. Многу пати кажавме дека границите варираат од година во година и тоа зависи од резултатите од матура и онака од општиот успех на секој поединечно и затоа никој не може да ви гарантира дали и годинава ќе биде така или пак границата ќе биде подигната или спуштена. Мој совет до сите кои се туфкаат поради слична причина - баталете резултати, ако навистина имате желба, пробајте во прв уписен, па ако немате среќа, секогаш имајте си втора опција во план и гледајте да ја реализирате за во втор уписен рок. Па можеби ќе останат слободни места на факултетот на кој сакате да се запишете и ќе успеете од втора. Сите нагаѓања во врска со границите со поените се џабе, кога ништо нема да се знае сѐ до моментот кога ќе се сумираат поените на сите кандидати и се направи ранг-листа. Значи, сѐ зависи од конкуренцијата, од пријавените кандидати и нивните поени.
Ти благодарам Mishela.Сега баш отворив за конкурсиве за запишување и разгледував за последниве 3 години и видов дека 2013/2014 примаат 60 во државна и 20 приватна квота,за разлика од последниве две години кога примале 20 државна а по 80 приватна квота.
Jas sum 2ra godina na opshta mediicna vo skopje, i lani posledniot vo drzavna imase 98,20 a posledniot vo privatna 92,18....taka da se zavisi od konkurencijata, no sekoja godina e se pogolema i pogolema!
Успеавте до крај да ја пополните пријавата нa iknow системот? Кај мене може да се пополни само првиот дел и кога ќе стегнам "продолжи" ми вели "Следните чекори од пријавата ќе бидат овозможени после завршувањето на матурите." :/
http://www.femina.mk/out/?id=07f8034892 ... QQpiV3o%3D и оди на тестови од државна матура, ќе ги најдеш. Неможам да ставам директен линк.