некој да сподели мислење со мене, јас завршив средно медицинско и сега се двоумам дали да се запишам на високата мед школа или на биотехничкиот шо мислите вие
јас сум на биотехнички и супер миеее.... на високата знам дека е потешко имам една другарка и вика дека е мн тешко..... и професорите биле мн опак... па нз одлучи си сеа со си сакашшш....
За Кирил и Методиј во Скопје еве: 1. Рокови за кандидатите кои се рангираат само според успехот од средното образование Пријавување на кандидатите прв рок 15 и 16.8.2013 вторр рок 3 и 4.9.2013 трет рок 17.9.2013 Објавување резултати од успехот од средно образование прв рок 21.8.2013 втор рок 10.9.2013 Објавување решение за прием на кандидатите прв рок 26.8.2013 втор рок 12.9.2013 Запишување на кандидатите прв рок 29 и 30.8.2013 втор рок 13 и 16.9.2013 трет рок 20.9.2013
За Кирил и Методиј видете На 11 и 12 страна на конкурсот се дадени роковите за пријавување проверка на знаењата и за запишување http://www.ukim.edu.mk/dokumenti_m/158_ ... ciklus.pdf А за Гоце Делчев на 17 страна http://www.ugd.edu.mk/pdf/konkursi/2013 ... 013-14.pdf
Упис на факултет. Дури и се плашам да го изговорам ова гласно. Немам нити сеуште одлучено каде. Не знам ни дали ќе успеам да се снајдам што се однесува до датите за упис, потребните документи и сл. работи. Целата сум изгубена, преплашена и збунета. Ама многу збунета. Во главава ми владее хаос, имам милион прашања на кои што самата треба да си дадам одговор. Господ нека ми е напомош. Инаку, планира некој од тука да оди на социјална политика на филозофски? Тоа ми е на ум во последно време.. ПИНК, не ми го отвара првиот линк за Кирил и Методиј. Може да ми го пратиш директно по лп? Фала ти однапред
Jas zavrsiv sredno medicinsko ali najverovatno Skopje nema da odam ... Koga se upisite vo Struga Ohrid isto na 15 i 16 ili ?
Девојки ако знае некоја да ми појасни. За да изучувам клиничка психологија треба прво 4 години да учам психологија (она општа) па потоа за постдиполомски ли да земам клиничка психологија?? или како? Не ми е јасно. А мн сум заинтересирана.
Мислам дека треба прво да одиш на општа медицина и после специјализираш психологија, а она што е психологија на филозофски факултет е за работа на пример како што има психолог во училиштата и други институции.
Прво студираш психологија на Филозофски, па следи специјализација по клиничка психологија за да добиеш звање клинички психолог. Инаку Медицински факултет нема врска со професијата психолог. Со медицина се специјализира психијатрија.
Девојки сакам да се запишам на технички битола ама за интерни предмети бараат да имаш полагано два стручни а јас полагав филозофија и соц.
the same here... времето си иди а јас врска немам на што да се запишам. инаку социална политика било боза. дури честопати знаат да го потценат тој факултет...
Се извинувам, грешка. Психијатар е доктор на медицина, специалист по психијатрија. Специализацијата најчесто трае 4 години. И се занимава со настанувањето, развојот и манифестирањето на болестите на човековата личност кои произлегуваат од субјективниот индивидуален живот и неговите односи со околината, како и со дијагностицирање и лекување (фармаколошкитретман, психотераписки техники) на менталните растројства кај луѓето.