Aко си мажена,треба да го напишеш презимето кое си го користела пред да се омажиш,т.е презимето на твоето семејство. А ако не си,тогаш напиши го презимето што го имаш моментално Моминско презиме е она кое жената го користи пред да се омажи Spoiler Ако тоа моминско презиме важи за мајка ти,тогаш напиши го нејзиното моминско
Па мене ми дојде чудно бидејќи има пример како се пополнува ел. пријава и кандидатот е машко, а напиша две различни презимиња. Можеби го има презимето од мајка му и од татко му. Ај некоја што пополнила нека пише што напишала во тој дел. http://www.youtube.com/watch?v=aDUTITG391U делот од 3:15 минута
Девојки ВЕ МОЛАМ доколку некоја знае со сигурност да ми каже дали во Скопје има факс за лаборант?? Ми рекоа во Штип има, а во Скопје не. Како така...
Да имаш на Фармацефтски факултет - Лабораториски биоинженер http://www.ff.ukim.edu.mk/mk_content_me ... 53&jazik=1 еве погледни
Дали некој знае за упис дали треба извод не постар од 6 месеци? Имам извод изваден лани и демек на мајка ми и рекле дека не требало да се вади нов на 6 месеци туку тој важел. Некој да не има некаква информација за тоа ?
^Извод и државјанството - оригинал, независно колку се стари И да се самоцитирам Цел ден ми стои пријавата отворена, никако да ја пратам.
^ Ако се сеќаваш на пријавите што ги пополнувавме кој предмет го имаш пишано прв, тој треба да стои и на пријавата.
Ќе ти ги бодираат со нула Односно несоодветно избрани. Како утеха , дефицитарен е . На кој смер сакаш да се запишиш ?
Moра да се пријавам електронски ? И после , при запишувањето на 15 и 16 август ги носам сите документи што се наведени за запишување , така ? Што е улогата на електронсково пријавување ? Кои се олеснителните околности ? Или има помалку малтретирање при запишувањето на 15 и 16 август ако се пријавам електронски :?
Ништо не е олеснително... И лани имаше електронско и пак гужви имаше. Пријава ќе си пополниш на факс, исто како и да немало електронско пријавување, само што ќе треба бројчето од електронската пријава да го напишеш на таа на факс што ќе ја пополнуваш и пак сто саати ред се чека. Сите документи наведени се носат,да.
Пак да прашам дали има некој сознанија за политички науки? Патем кога се уплаќа за прв семестар? Кога се упишуваш или кога се почнува со предавањата на 15ти Септември?
Баш прееска го читав тоа со членовите и вика дека може до самиот ден пред уписите. Доколку не си стигнала да ја пополниш пријавата, тие на шалтер се должни да ти ја пополнат ( само се сомневам колку би се ангажирале во таа гужва ).
Може да се пријавуваш додека не отидеш да се запишеш на факултет. Електронското пријавување трае откако ги дознавме резултатите од екстерните па се до денот на запишување . На пример можеби ќе сакаш на втор уписен да конкурираш. И тогаш има електронско. И за втор и за трет уписен рок мислам дека има електронско пријавување. Ако грешам нека ме поправи некој. Сигурно не се плаќа при пријавувањето , бидејќи не знаеш дали си запишан. После 2-3 дена ќе истакнат листа кои кандидати се примени. Запишувањето е кон 29 август. Сигурно може да се плати при запишувањето , т.е кон 29 август. Така лани платија некои што ги познавам. А дали може на 15 ти , не сум сигурна. Изгледа може и тогаш.
Дали некој знае кога почнуваат предавањата на филолошки факултет? Слушнав дека почнувале покасно од другите факултети,па да си прашам.. или се зависи од катедрата?
Може утре од школо да земам потврда за редовен ученик? Да не ме направат будала, дека веќе завршивме нели? Диплома сеуште не ни дале.