Мислам дека не можеш, зошто веќе си завршила. Ако се запишеш на факултет тогаш од таму можеш да си извадиш потрвда за редовен студент.
се плаќа откако ќе те примат..значи прво ќе излезат прелиминарни рез,па конечни па ќе има датуми за запишување и тогаш ја носиш уплатницата со платената рата за прв семестар..
На брат ми му треба за во студентски да однесе другата недела, а јас уште нема да бидам запишана на факултет. Не знам што да правам.
^ Нема врска дали дипломите сме ги земале или не. Ти оваа година си била редовен ученик во твоето училиште каде што си завршила. Како може да се земе потврда за редовен студент кога ти не си ни тргнала на факултет. И да те примаат пак не си редовен студент затоа што не си ни тргнала. Мене најлогично ова вака ми оди. И на брат ми му требаше за интернат таква потврда па јас извадив. Нема врска што сум завршила.
Дај некоја што се пријавила на тоа електронските пријави,нека пише што треба да пишам во моминско презиме и средно име Во моминско презиме треба да го пишам на мама моминското или моето сегашно? Не сум мажена И што е со средново име?
Се извинувам што оставам мислење едно по друго но неможев да редактирам или да избришам. Сакав да прашам, кои документи треба да се носат на 15 и 16? Да ми ги наброите сите и тоа дали оригинал или копија и се што е потребно,ако може Пошто никако да најдам никаде што документи да носам. Од прилика знам но... Благодарам однапред
А уписите на која дата се, кога треба да с еносат документите на шалтер? На 15 и 16ти август? Тоа важи ли за сите универзитети?
Потребни документи за пријавување и запишување: 1. Пријава за запишување 2. Оригинални свидетелства од сите класови 3. Оригинално свидетелство за завршено средно образование 4. Документ-диплома за положена државна матура или за положена училишна матура или за положен завршен испит 5. Извод од матичната книга на родените 6. Доказза државјанство на РМ (уверение или решение) 7. Потврда за уплатени 300 денари на жиро сметка на факултетот. И пријавувањето се врши со оригинални документи.
A само за Скопје за Кирил и Методиј има електронска пријава или...?[/quote] Не . Има и за други. Напиши на гугл , ќе најдеш
Не е за сите исто. На Кирил и Методиј првите уписи се на 15 и 16 Август, а на Гоце Делчев - Штип се на 13, 14 и 15 Август.